Автор: инфодеск
Post Views: 393 Со отворање на изложба на дела од колекцијата на Славко Упевче инпирирани од Свети Наум, вечерва во Куќата на Уранија, во 20 часот започнува годинешната „Научна и уметничка визита 2023“.Убавините на Св Наум видени низ уметничкиот сензибилитет на академскиот сликар Упевче беа претставени на изложба во 2011 -тата година по повод 1100 години од упокојувањето на Св. Наум Охридски. Љубителите на уметноста остануваат маѓепсани пред неговите пејзажи, изработени во техниките сув пастел, масло на платно и акварел.Вечерашната изложба е убава можност за...
ЕУ вечер на „Охридско лето“ со концерт за кларинет и пијано
Post Views: 301 Традиционалната Вечер на Европската унија на фестивалот „Охридско лето“ ќе се одржи вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот со концерт на шпанскиот кларинетист Пабло Бараган и француската пијанистка Елоис Бела Кон.На програмата се композиции од Ф. Пуланк, М. Де Фаља, А. Вебер, И. Албениц и А. Месажер.Роден во Андалузија, а со адреса на живеење во Берлин, Пабло Бараган од секогаш огромно значење придавал на интеракцијата помеѓу музичарите за време на заедничкото музицирање, сметајќи дека токму таа симбиоза помеѓу нив е идеалот при...
Утре нуркачките клубови Норкач и Скаут ќе го чистат езерото од отпад кај Радожда
Post Views: 384 Нуркачките клубови од Струга, Норкач и Скаут органзираат подводно чистење на Охридското езеро. Еко акцијата ќе се одржи утре, 29.07. со почеток во 10 часот кај селото Радожда.Планирани се активности за чистење на брегот (во вода и надвор) на Охридското езеро во должина на селото Радожда. Во вода ќе влезат искусни нуркачи, придружувани од кајчиња на кои ќе се собере целото ѓубре кое ќе се извади од езерото. Акцијата е поддржана и од ЈП Комунално Струга кои со свои возила ќе го соберат сметот и ќе го однесат до крајната дестинација за...
Од денес уште две нови хуманитарни паркинг места во Охрид
Post Views: 279 Во рамки на проектот „Хуманитарни паркинзи“ реализиран од страна на ЈП „Билјанини Извори“ и Општина Охрид, од денес уште две паркинг места се во функција за хуманоста.Новите хуманитарни паркинзи се наоѓаат на ул. ,,Димитар Влахов”, во непосредна близина на Општина Охрид.Проектот „Хуманитарни паркинзи“ започна да се реализира минатото лето на иницијатива како градоначалник на Охрид и е дел од заложбите на ЈП „Билјанини Извори“ за општествена одговорност и поддршка на здруженијата на граѓани.Досега собрани се финансиски средства во висина од...
Гутереш: Започна ерата на глобално вриење
Post Views: 343 Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека „дојде ера на глобално вриење“, бидејќи јули ќе биде најтоплиот месец досега забележан на Земјата.„Климатските промени се на дело. Тоа е страшно. И тоа е само почеток. Заврши ерата на глобалното затоплување. Дојде ерата на глобално вриење“, изјави Гутереш пред новинарите во седиштето на ОН во Њујорк.Тој рече дека веќе нема двоумење, изговори и чекање други да тргнат први, бидејќи нема време за тоа. Според податоците на Светската метеоролошка организација и Службата за климатски...
Сончево со температура до 28 степени
Post Views: 273 Денеска во Охрид сончево време со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 28 степени.Вредноста на UV индексот 9.До недела времето во Македонија ќе се задржи стабилно, со свежи ноќи. Дневните температури ќе се покачат но ќе бидат во рамките на просечните за овој дел од годината. Во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дож и грмежи.фото: Ѓоко Симјаноски
Засилени сообраќајни контроли, казнети 12 возачи во Охрид
Post Views: 281 На 26.07.2023 година во периодот од 09 до 15 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 39 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-12, Струга-10, Кичево-10, Дебар-07).Целта на контролите е доследно придржување до одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, зголемување на сообраќајната безбедност и елиминирање на можности за сообраќајни незгоди, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Трпејчанец доби кривична затоа што направил доградба на куќата без одобрение
Post Views: 317 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишен жител од охридското село Трпејца. При вонреден инспекциски надзор, извршен на 05.06.2023, било констатирано дека тој извршил доградба на индивидуална семејна ќуќа од тврда градба во селото без да поседува одобрение за доградба, издадена од надлежен државен орган, информираат од СВР Охрид.
Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни, дефектот не е од македонска страна
Post Views: 404 Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија, се вели во соопштението од македонската банкарска асоцијација.Од таму потенцираат дека како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.„Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека...
Грчки AEGEAN ќе воведе нова авиолинија Скопје – Сараево од октомври
Post Views: 332 AEGEAN, грчкиот национален авиопревозник и член наSTAR ALLIANCE, ќе воведе нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2-ри октомври годинава, најавуваат одТАВ Аеродроми.AEGEAN ќе почне да лета меѓу двата главни града од 2-ри октомври 2023 година, со воздухопловATR72-600, со три лета неделно, или секој понеделник, среда и петок.„Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на AEGEAN за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од...
Камерниот оркестар на МММ ќе концертира на „Охридско лето“
Post Views: 286 Концерт на камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија ,,Сашa Николовски – Ѓумар” ќе се одржи вечерва на „Охридско лето“, со почеток во 21 часот во црквата „Света Софија“. Диригент на вечерта ќе биде Иван Еминовиќ, а солист Марија Ташевска- сопран.Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 37 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски,...
Амбасадорот на Франција, Бомгартнер во прва официјална посета на Општина Охрид
Post Views: 264 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Сирил Бомгартнер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.Главна тема на средбата беше реализација на иницијативата за воспоставување на поголемо меѓунaродно партнерство помеѓу Општина Охрид и Општина Бонди од Париз. Беше потенцирано дека оваа соработка ќе придонесе за продлабочување на пријателството помеѓу македонскиот и францускиот народ и ќе обезбеди нови можности за заеднички проекти, особено во...
