Автор: инфодеск
Views: 95 На 1. мај 2025 година, во 16:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, лице од Охрид го нарушило јавниот ред и мир со агресивно однесување и кршење на стаклени предмети.– Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид
Во петок хуманитарен музичко-сценски настан „Тркало на времето“
Views: 98 Традиционално, и оваа година средношколците од ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид организираат музичко-сценски настап од хуманитарен карактер.–На 09.05.2025 година дворот на ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид гимназијалците ќе ви се претстават со музичко-сценски настап кој сигурно ќе ги плени вашите срца. Како и секоја година настанот е тематски, а годинава ќе слушнете прекрасна музика од 60тите години па наваму. Годинава истиот е посветен на настаните од Кочани!, велат од гимназијата.Картите ќе бидат во продажба од понеделник, 05.05.2025, а настанот ќе се одржи...
Времен прекин на одржување настани во Центарот за култура „Григор Прличев“
Views: 217 Поради неисполнување на технички услови во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид времено е прекинато одржување на настани.-Согласно допис од Министерство за култура и туризам на Р.С.Македонија имаме насоки за времен прекин на настани во нашата Установа, заради реконструкција на хидратна мрежа, громобран и систем за детекција на пожар, велат од Центарот за култура.Од Центарот не наведуваат повеќе детали во поглед на отпочнување и временски период за завршување на активностите во оваа насока и обезбедување услови за отпочнување на одржување на настани.
Преподобна Матрона Московска
Views: 73 Родена е во 1881 година, во сиромашно селско семејство. Родена е слепа. Од раното детство покажуваше дарови на прозорливост и исцеление, ги предвидуваше несреќите и ги предупредуваше луѓето. Во седумнаесеттата година ѝ се одземаа нозете. Во 1925 година се пресели во Москва. Секојдневно Матрона примаше и по педесет луѓе кои доаѓаа при неа со душевни и телесни неволји. Никому не одби да помогне, но ги препознаваше оние кои доаѓаа со зли намери. Се упокои во Господа на 2 мај 1952 година, а погребана е на даниловските гробишта, покрај црквата, по нејзината желба „за да ги слуша...
УХМР: Сончево и топло со мала до умерена облачност
Views: 75 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.Минималните температури во Охрид од 8, а максималните до 22 степени Целзиусови.
Физички нападната 34-годишна жена охриѓанка
Views: 46 На 1. мај 2025 година, во 00:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на 30-ти април 2025 година, во 23:30 часот, во стан во Охрид, едно лице физички нападнал 34-годишна жена од Охрид.– Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Во понеделник акција за подигнување кабаст и зелен отпад У.З.1 Стар Град
Views: 50Од 05.05.2025 год.(понеделник), Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид започнува со реализирање на Календарот за 2025 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид.Претпријатието ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.05.2025 год.(понеделник) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од У.З.1 Стар Град-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 05.05.2025 година и претходно локацијата да ја...
Градоначалникот Пецаков со честитка по повод Меѓународниот ден на трудот
Views: 53 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, се обрати со честитка по повод Меѓународниот ден на трудот.-Денес го славиме достоинството на трудот, посветеноста на работниците и сите оние кои со своeто знаење и работа го движат општеството напред. Нека овој ден биде потсетник за вредноста на праведните услови за работа, заштитата на работничките права и важноста на солидарноста. Честит 1. Мај – Меѓународен ден на трудот! Имајте пријатни празнични мигови!, стои во честитката на Пецаков.








