Skip to main content

Автор: инфодеск

Сите граѓани треба да плаќаат струја колку што потрошиле, надлежните да го решат проблемот во Слупчане

Post Views: 535 Министерството за економија ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.Секој граѓанин кој се  снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил.„Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија.Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за...

Продолжи со читање

Во недела бесплатни анонимни тестирања и подигнување на свесноста за хепатитис во Охрид и Струга

Post Views: 432 28-ми Јули се одбележува како Светскиот ден за борба против хепатитисот.Министерството за здравство во соработка и партнерство со Хепар Центар Битола и Ретко е да си редок здржение за ретки болести Охрид, Универзитетските Клиники за Гастроентерохепатологија, Инфективни заболувања, Дигестивна Хирургија, Онкологија, интервентна радиологија спроведуваат кампања што ќе се одржи во повеќе градови во нашата земја за подигнување на свесноста на населението за хепатитисот.На 30.07.2023 (недела) на градскиот плоштад во Охрид со почеток во 9.00 до 11.00 часот и...

Продолжи со читање

Македонско знаме

Среда 2-ри август неработен ден за сите граѓани

Post Views: 349 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (среда) 2023 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Македонија.Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.

Продолжи со читање

Уникатно сценско доживување приреди Џон Малкович на 63-тото „Охридско лето“

Post Views: 313 Американска вечер за паметење на 63-тото „Охридско лето“ со славниот американски актер, продуцент и режисер Џон Малкович. Две и пол илјадната публика на Античкиот театар во Охрид уживаше во неговата брилијантна ексцентричност, но и целосната чистина преку неговиот настап во „Пеколна комедија:Исповеди на сериски убиец” “, која е возбудливо дело на театарот, напишана и режирана од МихаелШтурмингер. Солисти на вечерта беа сопраните Чен Реис и Сузан Лангбејн, во придружба на Оркестарот на Виенска Академија и под диригентство на маестро...

Продолжи со читање

Пензиите од септември ќе бидат повисоки за 6%

Post Views: 326 Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својот фејсбук профил објави добра вест за пензионерите. Од септември пензиите ќе бидат зголемени за 6%.„Обезбедивме постојан раст на пензиите. Согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9%. Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21%. Септември 2022 – 6.8%. Март 2023 – 8.4%, Септември 2023 – 6% (проекција). За една година раст од околу 21% или раст за околу 24% од јануари 2022 до септември 2023 година.“ напиша Тренчевска.

Продолжи со читање

Грациозноста на ангелите низ фотографиите на Александар Томовски

Post Views: 313 Симболично, со оглед на локацијата – предворјето на црквата „Света Софија“, со 12 фотографии, Александар Томовски ја отвори својата изложба „Над кулисите“.Авторот, на кој централно место во инспирацијата му заземаат балерините, овој пат ги овековечил од птичја перспектива, па ни се чини дека овие земски ангели се набљудувани од божествените.Ова е трета изложба на Томовски во серијалот посветен на балетската уметност, надоврзувајќи се на првата „Зад кулисите“, која беше поставена  во Младинскиот културен центар, во 2022 година. Втората,пак,„1001...

Продолжи со читање

Денеска сончево со мала облачност

Post Views: 363 Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, (на повеќе места со брзина над 60 км/час). UV=8.Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени.До недела ќе се задржи стабилно време со посвежи утра и просечни температури.фото : Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Прва победа на Струга Трим Лум во европските натпреварувања

Post Views: 373 Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Струга Трим Лум со голот на Бесарт Ибраими славеше со 1:0 против црногорска Будуќност на стадионот Билјанини извори во Охрид.Ова е прв триумф за струшкиот клуб во европските натпреварувања.Иако минималниот резултат не ги става во голема предност во реваншот, сепак стружани се надеваат на пласман во следната фаза од Конференциската лига.Победникот од двомечот Струга Трим Лум-Будуќност во третото коло од Конференциската лига игра против подобриот од дуелот ТНС – Есперанж.

Продолжи со читање

Почина легендарната пејачка Шинед О’Конор

Post Views: 311 Ирската музичка легенда почина на 56-годишна возраст по долгогодишна борба сонарушено ментално здравје и 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.Пејачката стeкнa светска слава во 1990 година со нејзината обработка на песната „Nothing Compares 2 U“. А ја уништи својата кариера кога на настап на тв во живо ја скина сликата на Папата.О’Конор во својата автобиографија „Сеќавања“ истакнува дека не се кае за ништо во животот, па дури ни за кинењето на слика со папата Јован Павле Втори во емисија на Ен-Би-Си. Таа вели дека тоа било дел од нејзината...

Продолжи со читање

Презентиран проектот за изградба на колекторот од Радожда до Калишта

Post Views: 473 Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска беше во работна посета на Општина Струга. Во салата на градскиот Совет министерката и градоначалникот Рамиз Мерко, претсавници на месни заедници и еколошки друштва разговараа за постапката за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје од ранг на Национален парк и за проект за довршување на колекторот на Охридско Езеро од струшка страна.Во рамки на средбата со министерката Шукова беше презентиран проектот за колекторскиот систем од село Радожда до село Калишта (втора категорија),...

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар Охрид издава локација на Кеј Македонија за урбана опрема за забава

Post Views: 311 ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за прибирање пријави за поставување урбана опрема за забава на отворено. Предмет на огласот е локација за поставување урбана опрема на Кеј Македонија. Просторот се издава за времетраење од 01.08.2023 до 31.08.2023 година.Пријавите треба да се достават најкасно до 31.07.2023 година (понеделник) до 11:00 часот.Сите детали од огласот и графички приказ на локацијата ТУКАЗа повеќе информации заинтересираните може да се обратат секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

Продолжи со читање

Жителите на Слупчане бараат од ЕВН да не плаќаат повеќе од 3000 ден за струја и да им се простат долговите

Post Views: 387 Жителите на липковското село Слупчане преку месната заедница доставиле официјален допис до ЕВН, со низа барања меѓу кои и да им се простат сите досегашни долгови за потрошена електрична енергија, да добијат бесплатни нови приклучоци, без оглед колку ќе потрошат во иднина да не им се наплаќа повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање за електрична енергија и др.Денеска екипи на ЕВН повторно биле спречени да работат на електродистрибутивната мрежа, иако мештаните пред нецел месец по средба со министерот за економија, Крешник...

Продолжи со читање