Skip to main content

Автор: инфодеск

Во сабота Тениски фестивал на Плоштадот во Охрид

Views: 112Тениската Федерација на Република Македонија, викендов во Охрид го организира тенискиот фестивал 2025 „Запознај го тенисот низ игра и дружба“.-Овој викенд Тениската авантура ја носиме во градот Охрид. Ги повикуваме сите заинтересирани дечиња од Охрид и околината да бидат дел од тениската забава која ќе се одржи на Плоштадот во Охрид во сабота – 3ти мај, со почеток од 11часот. Се запознаваме и учиме детски тенис на мини терени. За сите учесници следат и мали изненадувања од нашите спонзори., велат организаторите.

Продолжи со читање

Го одбележуваме Први Мај, меѓународниот ден на трудот

Views: 153 Денот на трудот е меѓународен празник кој се одбележува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.Се празнува на првиот ден од мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. Целта на штрајкот на околу 40.000 работници била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден.  Полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а  четворица од нив биле погубени.Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки...

Продолжи со читање

Свеќи

Преподобен Јован и Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник

Views: 106 Ученик на светиот Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес, царот Лав Ерменин го подложи свети Јован на маки заедно со неговиот учител Григориј и со свети Јосиф Песнописец. Кога Григориј го заврши својот земен живот, Јован стана игумен на Декаполитовиот манастир во Цариград. Штом стана игумен, заради Царството Божјо тој го удвои својот подвиг. Се упокои мирно околу 820 година. По смртта, Јосиф го погреба Јована близу до гробот на неговиот учител Григориј.Козма и Авксентиј живееја во 9 век, во времето кога иконоборците ги гонеа приврзаниците на Православието. Козма...

Продолжи со читање

Сончево време

УХМР: Следува период на топло време

Views: 108 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.Од УХМР информираат дека следува период на топло време. Денес и утре ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.

Продолжи со читање

Одржана 56. Седница на Советот на Оштина Охрид, усвоен ребаланс на буџетот

Views: 66 Советниците на денешната 56. Седница на Совет изгласаа ребаланс на Буџетот со измени и дополнувања на неколку годинишни развојни програми. Дневниот ред беше дополнет со овие предлог одлуки поради потребата од распределување на вишок на финансиски средства на сметката на општината.–Добивме известување од Министерството за финансии дека покрај износот на дотации за ДДВ од 2025 општината има и дополнителни средства од делот за перформанси согласно финансиската успешност поради што има вишок на средства во износ од 108. милиони денари кои со ребалансот се распределуваат по...

Продолжи со читање

Општина Охрид

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 11, УБ 11.4 Опфат 2

Views: 103 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15,  129/15, 39/16 ,  99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид,  на ден 29.04.2025 година,  донесе ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ЗА УЗ 11, УБ 11.4 ОПФАТ 2, ОПШТИНА ОХРИД.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Свр Охрид

Кривична за охриѓанец кој во повеќе наврати силувал малолетничка, минатиот месец родила дете

Views: 78  СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“.– Тој, во текот на 2024 година во повеќе наврати сексуално злоупотребувал малолетничка од Охрид, која во март 2025 година се породила. На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Кокаин

Кривична за 30-годишен охриѓанец, бил фатен со кокаин па ја проголтал опаковката

Views: 52 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.– Тој, на 7-ми март 2025 година, во 17:10 часот, од лице од Охрид, набавил кокаин, по што бил пресретнат од полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога. Притоа, лицето, со намера да го спречи пронаоѓањето на опаковката со кокаин како предмет за докажување на кривичното дело, ја проголтал, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид, информираат од...

Продолжи со читање