Skip to main content

Автор: инфодеск

До среда е рокот за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022

Post Views: 319 Даночните обврзници имаат уште неколку дена за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022. Рокот изминува во среда на 31 мај. Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните кои тоа досега не го сториле, да ја регулираат оваа обврска која е поврзана со доходот што го оствариле во текот на минатата година.Од УЈП уште еднаш посочуваат дека потврдата или корекцијата на ГДП се врши електронски, преку  системот е-Персонален данок, каде што регистрираните корисници на своите кориснички профили  може да го менуваат статусот на пријавата. По...

Продолжи со читање

ГРК Охрид ја заврши сезоната на шестото место

Post Views: 305 Ракометарите на Охрид во последното коло претрпеа висок пораз од екипата на Бутел во Скопје со 24:17 и со тоа го загубија и петтото место во плеј-офот од Супер лигата на Македонија, па така сезоната ја завршуваат на шестата позиција.Екипата на Охрид беше поконкретна во воведниот дел, имаше три пат водство од два гола предност, но екипата предводена од Грчевски не дозволи гостинот од Охрид да направи поголема разлика, а до крајот на првиот дел Бутел стигна до водство од 12:9 на полувреме.Во вторито дел Бутел направи разлика на 14:9, па момците на...

Продолжи со читање

Нестабилно со услови за дожд и температура до 23 степени

Post Views: 266 Претпладне во Македонија сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.Во Охрид претпладне умерено облачно, попладне нестабилно со услови за врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура до 11степени, а максималната ќе се искачи до 23 степени.Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и...

Продолжи со читање

Млади фудбалери од Охрид и Струга на финален турнир на ФФМ Детска лига

Post Views: 479 Од денес до недела на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе се играат натпреварите од финалниот турнир од Детска Лига за сезона 2022/23.Турнирот започна денес , а ќе трае заклучно со недела во 13:30 часот. На ФФМ тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2010 – 2015).Од Охрид ќе учествуваат екипите на ФК Некст Левел, ФК Евро Фудбал и ОСК Фер Плеј, како и Јанг Тим од Струга.Ова е завршница на годишеното издание на Детската лига при Фудбалската федерација на...

Продолжи со читање

„Нов материјал“ стенд ап во култниот JAZZ INN

Post Views: 323 Во недела на 28ми мај, во култниот клуб за џез и комедија JAZZ INN, стенд-ап шоу „Нов материјал“.Не пропуштајте ултра интензивна вечер. За вежбање на вашите стомачни мускули ќе се погрижат:Зоран Донев, Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Илија Богданоски.Билети може да се резервираат на 075 283 066 или онлајн на линкот https://shorturl.at/hvKS0Билет 250 ден.JAZZ INN 28.05.2023 старт 20:00 часот.

Продолжи со читање

Средба на градоначалникот Пецаков со германската амбасадорка Дрекслер

Post Views: 281 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со новоименуваната германска амбасадорка во  земјава Н.Е.  Петра Дрекслер.На средбата се разговараше за Евро атланските интеграции на  Р. Македонија  и за  неопходноста од   реформи во повеќе општествени сфери со цел враќање на довербата кај народот во државниот систем.Заеднички беше заклучено  дека двете држави  Македонија и Германија  може да работат на зајакнување на соработката во областа на туризмот   преку ...

Продолжи со читање

Комуналец и Нискоградба добија модерни возила за подобри услуги за граѓаните

Post Views: 378 ЈП „Охридски комуналец“ и ЈП „Нискоградба“ добија современи возила – трактори од најновата генерација на мешовитата компанија „Солис Јанмар“ кои се опремени со дополнителна механизација за вршење на комунални теренски активности. Со новата опрема ќе се подобрат услугите на овие јавни претпријатија. Новата опрема е набавена во рамки на регионалниот проект „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“ кој Општина Охрид го реализира во партнерство со Центарот за развој на Југозападниот плански регион.Градоначалникот Кирил Пецаков информираше дека...

Продолжи со читање

Во државава загрижувачки многу се пушат цигари

Post Views: 391 Пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, покажуваат резултатите од направените студии за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажување од тутунот. Половина од населението секојдневно консумира цигари и производи од тутун. 70% од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по 18 цигари на ден – скоро една кутија. Република Северна Македонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во европскиот регион на СЗО.Денеска се одржа национална презентација на...

Продолжи со читање

несреќа Хрватска

Се превртел трактор полн со матуранти во Хрватска, околу 30 повредени

Post Views: 371 Тракторот со приколка во кој се наоѓале матурантите излетал од патот Лабин-Пртлог при што десеттина ученици се здобиле со повреди и биле пренесени во Општата болница во Пула и КБЦ Риека .Најголем дел од повредите се предизвикани од остри камења, објави порталот истарски.хр. Според првичните информации нема потешко повредени, но триесетина од нив се здобиле со полесни физички повреди. Повеќе од десет амбулантни возила од цела Истра се упатиле кон Пртлог.Несреќата се случила околу 10:40 часот на патот Лабин – Пртлог. Според неофицијални...

Продолжи со читање

Две лица се обиделе да украдат Голф на булевар Железничка

Post Views: 237 На 26.05.2023 година во 01.15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата на булеварот Железничка со улицата „Кленоец” во Охрид, две лица се обиделе со употреба на сила да влезат во патнички автомобил „Голф” со охридски регистарски ознаки, сопственост на Г.К.(44) од Охрид и притоа го оштетиле. Се преземаат мерки за расчситување на настанот, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Од 1-ви јули повторно дневна евтина тарифа, а ДДВ за струјата се враќа на 18%

Post Views: 362 Од први јули оваа година, граѓаните повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија, најави во интервју за утринската програма на Телевизија Телма, вице премиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи.„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од први јули, кажа Битиќи, додавајќи дека цената на електричната енергија ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика преку соодветни параметри.„Ние пред година и половина кога донесовме...

Продолжи со читање

„Храбро срце“ со години чека ослободување од партиципација

Post Views: 330 Националното здружение „Храбро срце“ со години добива ветување за ослободување од партиципација на  пациентите со механичка поддршка на срце. Се менуваат министри, а досега не е исполнето ветеното.Од здружението велат, после долги напори и преговори, пациентите добиле  резервни батерии, кои требало да бидат  бесплатни, но и нив ги платиле.„Оние кои сменаа две батерии платија двесте евра. Исто така за каблите кои што се поврзани со нашите уреди во нашето тело кои се неопходни се веќе оштетени. Се работи за години користење на истито кабел кој не можеш да...

Продолжи со читање