Skip to main content

Автор: инфодеск

И денеска сончево и топло, од четврток пад на дневната температура

Post Views: 229 Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Високa вредност на UV индексот 10.Утринската температура до 19 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 37 степени.Во среда во Македонија ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 км/час) и ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури. Во четврток кога ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени.

Продолжи со читање

Охрид полн со туристи го живее шпицот на сезоната

Post Views: 401 Екстремно високите летни температури, придонесоа за голем наплив на туристи  на  брегот на Охридското Езеро. Во шпицот на летната  сезона најбројни се гостите од Холандија, Полска, Англија, Турција и  Србија, но и домашните гости. Плажите се преполни, температурата на езерската вода е околу 24 степени,  идеална за рекреација.Хотелските капацитети и приватното сместување бележат солидна исполнетост.„Нагласуваме дека холандските туристи се број еден, но застапени се многу и туристите од Полска, оваа година имаме организирани туристи и од Велика...

Продолжи со читање

Посетителите на Галичица да бидат внимателни, апелираат од ПСС Охрид

Post Views: 299 Галичица е отворена за туристички цели пешачење, параглајдинг, возење четириколки, но посетителите мора да го пријават своето присуство и да ја напуштат планината најдоцна до 20 часот.Од Планинската спасителна служба – Oхрид (ПСС) апелираат до посетителите да бидат внимателни и да се движат само во рамките на обележаните патеки.„Апелот да ги почитуваат правилата на планината, да се прилагодуваат на условите кои владеат на планината соодветна да се опремат и да носат доволно количевство на храна и вода и телефон со полна батерија за да може да повикаат...

Продолжи со читање

Поставена фотонапонска централа на  СОСУ„Св. Кирил и Методиј„ Охрид

Post Views: 260 Заврши поставувањето на фотонапонската централа на кровот на  СОСУ„Св. Кирил и Методиј„ Охрид. Централата е со моќност од 22 kW и ќе биде надополнување на новиот систем на греење на училиштето преку топлотни пумпи што значително ќе ги намали трошоците на оваа образовна институција, а секако ќе придонесе и за заштита на животната средина.Останува да се завршат формалните процедури со ЕВН околу приклучување во дистрибутивната мрежа по што ќе биде ставена во функција.Фотонапонската централа, нејзиното проектирање и поставување е комплетна донација од...

Продолжи со читање

Трпејца пулсира во ритамот на културно – забавното лето “На зајдисонце“

Post Views: 339 По свеченото отворање трпејчани и гостите во петокот вечерта го проследија интересното предавање на студентот по историја Петар Симоноски за тврдината Осој која потекнува од VI век .Осој се наоѓа југоисточно од Трпејца, на источниот брег на Охридско Езеро и се издига на ридот Осој, со надморска височина од 1.006 м. На јужната падина на врвот се гледаат остатоци од тврдина. Утврдувањето е изведено со два паралелни ѕида, оддалечени еден од друг околу 40 м. Ширината на ѕидовите варира од 1,50 до 2,40 м. На неколку места од внатрешниот (горниот) ѕид се наоѓаат...

Продолжи со читање

Пронајдена дрога во возило во автокамп на охридското крајбрежје

Post Views: 264 На 23.07.2023 во 17.10 часот во автокамп на брегот на Охридското Езеро, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода А.Д.(33) и К.С.(26), двајцата од Дебар.„При преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со остатоци од црна течна материја и метален грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.„ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Успешно завршена потрага по тројца американци кои се загубиле на Галичица

Post Views: 300 Вчера се одвивала двочасовна потрага по туристи на Галичица во која учествувале полицајци од Ресен заедно со екипи од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.Во 15.42 часот во СВР Битола, 33 годишна државјанка на САД пријавила дека таа, нејзиниот сопруг и нејзиниот брат, се изгубиле во Националниот парк Галичица. Според пријавеното, тие тргнале да планинарат кон врвот Галичица, при што се разделиле и по кратко време се изгубиле.„Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен, во содејство со спасувачката служба на Црвен...

Продолжи со читање

Гудачки квартети од Бетовен, Јаначек и Менделсон на репертоарот на „Охридско лето“

Post Views: 479 Гудачкиот квартет  ,,Шуман“ ќе одржи целовечерен концерт на фестивалот „Охридско лето“  вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се гудачки квартети од композиторите Л. В. Бетовен, Л. Јаначек и Ф. Менделсон.Тројцата браќа Марк, Ерик и Кен Шуман музицираат заедно од нивното најрано детство, а заедно со виолистот Фaит Хертенштајн го сочинуваат гудачкиот квартет „Шуман“. Овие четворица музичари имаат неверојатна моќ да комуницираат без зборови. Иако, нивните индивидуални квалитети се секогаш видливи, во нивниот заеднички...

Продолжи со читање

Повик за учество на ревијална веслачка регата со традиционални метални кајчиња

Post Views: 262 Во Охрид, на 27 август 2023 година со почеток во 17:00 часот ќе се одржи ревијална веслачка регата со традиционални метални кајчиња.Регатата ќе биде завршен настан на фестивалот на водните спортови  кој ќе се одржи во периодот од 18 до 27 август 2023. Регатата ќе се одржи во близина на охридскиот кеј, на потегот од каналот до пристаништето.Веслачки клуб “Горица Ремо” од Охрид објави повик за учество на регатата.Пропозиции:Трките ќе се одржат во машка и женска конкуренција во 2 категории, и тоа:едносед, со должина на кајче 4-4.5 метри...

Продолжи со читање

Кулинарската таписерија на регионот на „Вкусете го Охрид–локално“ на 29-ти јули

Post Views: 294 На 29-ти јули, од 19:00 часот, на плоштадот кај Долна Порта, по вторпат ќе се одржи настанот „Вкусете го Охрид – локално“ во организација на Slow food Ohrid.„Бидете дел од прослава која ја почитува врската помеѓу природата, културата и добрата храна во секоја смисла, и да ја доживееме енергичната кулинарска таписерија на Охрид. Поканети сте заедно да ги прославиме богатите вкусови на Охридскиот регион и посветените поединци кои го оживуваат кулинарското наследство. Заедно со нашите страсни домаќини, направивме менија кои го прикажуваат најдоброто од...

Продолжи со читање

Во пожарот на возило на Туристичка повредено е лицето кое им помагало на патниците

Post Views: 259 Во пожарот кој настана во саботата на возило на бул. Туристичка со повреди се здобило лицето кое помагало во спасување на патниците.На 22.07.2023 година во 12.55 часот, во возило „сеат алхамбра” со охридски регистарски ознаки, што го управувала Ј.Б.(40) селото Мешеишта, општина Дебрца, кое се движело по булеварот „Туристичка” во Охрид, настанал пожар, се вели во денешниот полициски билтен.“Во пожарот со телесни повреди се здобил М.О.(31) од Охрид, кој помагал при вадење на патниците од возилото и тој бил пренесен во Општата болница во...

Продолжи со читање

11 возачи во Охрид санкционирани поради управување со возило под дејство на алкохол

Post Views: 316 На 23.07.2023 година од 00 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полицските службеници затекнале 19  возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-11, Струга-01, Кичево-03, Дебар-04). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информира портпаролот на СВР Охрди, Стефан Димоски.

Продолжи со читање