Skip to main content

Автор: инфодеск

Одиграно седмото коло од Бизнис лига „Охрид 2025“ во шах

Views: 127 Во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, синоќа се одигра седмото коло од Бизнис лигата „Охрид 2025“ во шах.Во Бизнис лигата во шах учествуваа 7 екипи: „Опен ГИ“ Охрид, „ВА Пласт“ Охрид, ЈП „Нискоградба“ Охрид, ЈП „Градски гробишта“ Охрид, Шпаркасе Банка АД Скопје, ООО „Дизајн Принт Студио“ Охрид и УИТ „Апостол Павле“ Охрид.Резултатите во прилог:Бизнис лигата Охрид 2025 се организира во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.

Продолжи со читање

Утре во охридската библиотека предавање на тема: ,,Изгореници и дијабетес мелитус“

Views: 61 Утре, Здружението на лица со дијабет, заедно со д-р Арсо Митрески спец. хирург, пензионер – дијабетичар, ќе го одржат второто предавање на тема: ,,Изгореници и дијабетес мелитус“.Предавањето ќе почне во 17.00 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.Поканата е отворена за членовите на Здружението, но за сите лица со дијабет и граѓани од Охри, велат од Библиотеката.Инаку, Здружението на лица со дијабет „Охрид“, во месец март потпиша меморандум за соработка со библиотеката.

Продолжи со читање

Факултет за туризам и угостителство ФТУ

Денес заедничка работилница на ФТУ Охрид и Средното училиште „Ванчо Питошески“

Views: 168 Факултетот за туризам и угостителство – Охрид го најави настанот посветен на иднината на гастрономијата – зелената гастрономија, каде нивни гости ќе бидат учениците од СУГС „Ванчо Питошески“ – Охрид, кои заедно со студентите ќе учат и ќе готват, а воедно и ќе создаваат нови приказни.​Работилницата ќе започне во 10:15 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид​.Натанот ќе биде оотворен од страна на деканката проф. д-р Снежана Дическа, проф. д-р Ангела Паскуале ќе одржи предавање на тема „Зелена гастрономија“, а кулинарската работилница ќе се одржи...

Продолжи со читање

Во Дебрца положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на водникот Игор Костески кој загина кај Вејце

Views: 108 „Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња ‘ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби и ќе се полее и со мојата младешка крв, без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака!?“ – Тоа беа последните зборови напишани од водникот Игор Костески во неговиот нотес кои го носел секогаш со него, пред трагичната и маченичка смрт кај тетовското село Вејце, 2001 година.Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата  водникот Игор Костески, заедно со припадннаици на специјалната...

Продолжи со читање

Светите маченички Агапија, Хионија и Ирина

Views: 52 Родени сестри од околината на Аквилеја. Кога царот Диоклецијан беше во Аквилеја, нареди да го погубат прочуениот духовник Хрисогон. Во тоа време еден стар свештеник Зоил имаше видение во коешто му се откри каде се наоѓа непогребаното тело на Хрисогон. Старецот побрза, го најде телото на маченикот, го положи во ковчег и го чуваше во својот дом. Триесеттиот ден по ова му се јави свети Хрисогон и го извести за овие маченички дека ќе пострадаат во следните девет дена, а дека и самиот ќе се претстави во тоа време. Вакво известување прими во видение и светата Анастасија...

Продолжи со читање

Денес сончево со мала до умерена локална облачност

Views: 53 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.Од УХМР информираат дека следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност, освен во четврток и петок кога ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.Температурите во Охрид денес во интервал од 7 до 18 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Општина Охрид

Поништен Јавниот повик за финансирање проекти од областа на еднаквите можности на жените и мажите

Views: 72 Се известуваат граѓаните на општина Охрид, дека поради утврдени пропусти, воопштеност и недостаток на критериуми по основ на кои би се разгледувале поднесените апликации, СЕ ПОНИШТУВА Јавниот повик за финансирање проекти од областа на еднаквите можности на жените и мажите.Се известуваат апликантите во периодот од 05.05.2025 година до 09.05.2025 година, да ги подигнат своите поднесени апликации во просториите на општина Охрид (канцеларија за советници) во период од 08.00 до 16.00 часот.Лице за контакт: Магдалена СтојаноскаТел.за контакт:071/561-203

Продолжи со читање

Уникатното Охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за Наутика во Белград

Views: 100ЕКО Здружението „Зелен Град” од Охрид имаше забележително учество на Меѓународниот саем за Наутика во Белград, Република Србија.Се претставија со единствениот и уникатен експонат на саемот, традиционалното Охридско кајче на кое беа поставени фотоволтаични панели и иновативен електичен мотор.-Бродскиот мотор е создаден со примена на напредната технологија на комбинирани намотки „Славјанка“. Се карактеризира со голема моќност, што му овозможува да го движи кајчето без поголеми проблеми, со користење на енергија од фотоволтаичните панели, информираат од „Зелен...

Продолжи со читање