Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево и топло со температура до 33 степени

Post Views: 371 Денеска во Охрид ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. UV индексот со висока вредност 9.Максималната дневна температура ќе се искачи до 33 степени.До среда продолжува многу топлото време. И денес ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Успешен трет пливачки митинг „Ohrid Open 2023“

Post Views: 368 На пливачкиот базен „Атина Бојаџи“, во организација на пливачкиот клуб „Акваспирит“, а со поддршка на Општина Охрид, се одржа третиот пливачки натпревар „Охрид Опен „2023“.Во името на локалната самоуправа се обрати советникот Перчо Божиноски.„Ги упатувам моите честитки до Пливачкиот Клуб “Акваспирит“, кој за овие три години успева да организира пливачка манифестација, во која сите ќе уживаме. Ние како локална самоуправа, остануваме доследни на нашите заложби за континурано помагање на спортот и спортистите. Верувам дека пливачкиот митинг “Охрид Опен“...

Продолжи со читање

Пендаровски во Пустец: Она што Албанците го имаат во Македонија, да го имаат и го имаат и Македонците што живеат во Албанија

Post Views: 326 Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, на покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, денеска оствари работна посета на Република Албанија, при што ги посети општините Пустец и Подградец.Во Глобочeни, близу Пустец, претседателот Пендаровски и претседателот Бегај го посетија Музејот посветен на ликот и делото на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе. Во музејските простории, претседателите Пендаровски и Бегај и делегациите на двете земји остварија пленарна средба.На средбата беше изразено...

Продолжи со читање

Атлетичарот Андреас Трајковски ѝ донесе бронза на Македонија од Балканијадата во Краљево

Post Views: 356 Со скок од 7.75 метри, македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, на Балканијадата во Краљево го освои 3-то место во скок во далечина, а и бронзен медал за Македонија.Медалите на најдобрите скокачи им ги додели Европскиот рекордер во скок во далечина, Роберт Емиан.Ова е уште еден одличен успех за македонскиот спорт и Андреас. Ова е негов втор бронзен медал од Балканијадите, првиот го освои на Балканијадата во сала во 2022 година.„Многу сум среќен поради мојот бронзен медал од Балканското првенство во Краљево, но се надевав дека ќе победам,...

Продолжи со читање

Вечер со камерниот оркестар „Кончертанте“ во Света Софија

Post Views: 352 Реперторарот на 63-тото „Охридско лето“продолжува вечерва со концерт на камерниот оркестар „Кончертанте“ од Ниш, Србија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот под диригентската палка на Милена Ињац. Солисти на вечерта ќе бидат виолинистите Марија Рајковиќ и Јован Богосављевиќ.Камерниот оркестар „Кончертанте“ при Факултетот за уметности на Универзитетот во Ниш постои од основањето на оваа образовна установа и е репрезентативен ансамбл кој го сочинуваат најдобрите студенти на Факултетот за уметности. Од досегашната богата концертна...

Продолжи со читање

ГРК Охрид ги започна подготовките со нов тренер, капитен и 8 засилувања

Post Views: 392 Охрид ги започна подготовките за новата сезона со нов стручен штаб, со осум нови ракометари, но и со нов капитен.Крсте Андоновски му ја предаде капитенската лента на кружниот напаѓач Иван Тасески, кој ќе биде новиот капитен на „гладијаторите“.ГРК Охрид вчера промовираше уште едно во низата засилувања. Голманот на Еурофарм Пелистер, Бобан Ристевски во сезоната 2023/24 ќе го носи дресот на Охрид.Клубот досега ангажираше вкупно осум засилувања, четворицата македонски ракометари и двајца странски. Дресот на ГРК Охрид ќе го носат голманот Даниел...

Продолжи со читање

Претседателот Пендаровски во посета на Пустец и Подградец

Post Views: 270 Претседателот Стево Пендаровски во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Албанија, во општините Пустец и Подградец. Пендаровски во Пустец ќе биде пречекан од неговиот албански колега Бајрам Бегај и градоначалникот Пали Колефски.Предвидена е културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец, по што претседателот ќе оствари средба со локалните власти и ќе ги посети црквата „Св. Архангел Михаил“ и училиштето во оваа општина по што се најавени изјави за медиуми од двајцата...

Продолжи со читање

Топло со температура до 34 степени

Post Views: 249 Денес времето во Македонија ќе биде многу топло со високи дневни температури и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.Во Охрид ќе биде сончево и топло со максимална дневна температура до 34 степени целзиусови. Висока вредност на UV зрачење 10. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.На североисток од пладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме.

Продолжи со читање

Акција против дивите кампери во Љубаништа

Post Views: 562 Денес, на 22 јули 2023 година, во Љубаништа, беше спроведена координирана акција од страна на надлежните служби за заштита на плажата и природата. Оваа иницијатива, во која учествуваа Јавната установа Национален парк Галичица, Граничната полиција за ГП и ГН-Св. Наум, Секторот за Внатрешни Работи – Охрид и пазарната инспекција, имаше за цел да се справи со предизвикот од дивите кампери на ова прекрасно место.“Во рамките на акцијата, беа евидентирани над 20 диви кампери на плажата, што станува предмет на загриженост поради загрозувањето на...

Продолжи со читање

Најдобрите едриличари од Охрид и Струга на Младински светски натпревар

Post Views: 532 Од 23 до 30 јули македонската репрезентација во едрење ќе учествува на Младинското светското натпреварување во едрење во класата ИЛКА 4, во Волос во Грција на возраст од 15 – 17 години ( ILCA 4 Youth World Championship).Репрезентацијата е составена од Матеј Кавај, Мерт Лушо, Евгенија Ставрева, Софија Ставрева и Илина Гаџовска и тренерите Лушо Фарук и Стефан Ставрев.„Ги одбравме најдобрите едриличари кои во моментот ги имаме во двата клуба во Охрид и Струга, кои се дел од Едриличарската федерација на Макеоднија. Дечките се во одлична форма и имаат...

Продолжи со читање

73 години Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид

Post Views: 845 ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид ја прославува 73-тата година од своето постоење.Јавната здравствена установа е надалеку позната по врвната квалитетна услуга и современите методи. Во неа се лекуваат пациенти од целиот регион, но и од странство.„Вработените во болницата можат со гордост да се осврнат на 73 годишниот развој на својата здравствена установа, од самите нејзини почетоци во прераснување на регионален ортопедско-трауматолошки центар афирмиран во земјата и во странство. Воедно, им се заблагодаруваме...

Продолжи со читање

Сите фонтани и јавни чешми да се стават во функција бараат од Левица Охрид

Post Views: 352 Охрид е без доволно јавни фонтани со вода за пиење, реагираат од охридскиот огранок на партијата Левица.Во градот што го има најголемиот европски резервоар со слатка вода, Охридското Езеро, нема доволен број фонтани и јавни чешми, велат оттаму.“Долж целиот град има само пет-шест со чиста водоводна вода за пиење од каде туристите можат да се освежат и да се разладат. Во периодов, кога сите не’ очекуваат многу високи дневни надворешни температури што не се запаметени во изминатите години, прошетките на многубројните туристи туристи низ Охрид...

Продолжи со читање