Автор: инфодеск
Views: 63 Изминатиов викенд (26/27.04.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, постапувајќи во делот на контролите на сообраќајот на патиштата низ земјава вкупно издадоа 1570 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци повеќето по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.-Притоа, заради непрописно паркирање издадени биле 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по основ на непоседување возачка дозвола 141 лице било отстрането од сообраќајот. Исто така, евидентирани се 62 прекршоци за неносење...
„Начинот на Чипан“ – Во сабота настан за архитектонското наследство во Охрид
Views: 73 Откако беше одложен поради трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оваа сабота, 3-ти мај, во Охрид ќе се одржи настанот „Начинот на Чипан“: изложба, дискусија и публикација, организиран од колективот АРХРИД, со поддршка од Општина Охрид и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, во партнерство со TerraViva.Овој значаен настан има за цел да ја одбележи 70-годишнината од изградбата на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид“ од Борис Чипан, како и да ги промовира резултатите од...
ЦУК: Денес од 12 до 16 часот ќе се врши минирање на автопатот „A2“ Кичево-Охрид
Views: 51 Од фирмата „Мактек Дооел“ ги известуваат граѓаните дека денеска, понеделник, 28-ми април 2025 година, на автопатот „A2“ Кичево-Охрид што е во изградба, „стационажа“ – 14+500 ќе се изврши минирање во времето од 12.00 до 16.00 часот, за потребите на „Гранит“ АД Кичево.Од Центарот за управување со кризи информираат и дека од денеска, до 2-ри мај 2025 година, стручниот тим на „Мактек Дооел“, ќе изврши минирање за потребите на компанијата „Мактек Тропикана“ Доо Скопје – „Бехтел и Енка УК 2 Лимитед – Обединето Кралство“ на локалитетот: С. Бањица (км 7+200 до 9+721 км), Автопат...
24 години од масакрот на припадниците на безбедносните сили во Вејце
Views: 152 Пред 24 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица. На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).Во масакрот имаше и шестмина преживеани, кои иако повредени, успеале...
Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим
Views: 75 Од бројот на Седумдесетте апостоли. Во времето на гонењето од Нерон, кога беше убиен светиот апостол Павле, беа убиени и овие тројца славни апостоли.Аристарх беше епископ во Апамија Сириска. Апостолот Павле го спомнува неколкупати (Дела 19, 29; Кол. 4, 10; Фил. 23). Во Ефес беше фатен од толпата заедно со Гај. Тој народ тогаш се беше кренал против светиот апостол Павле. Павле им пишува на Колосјаните: „Ве поздравува Аристарх којшто е со мене во ропство“. Во Посланието до Филимон Павле го нарекува Аристарх свој помошник, заедно со Марко, Димас и Лука.Пуд беше угледен...
Променливо облачно со повремен локален дожд
Views: 66 Променливо облачно со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утре, вторник и среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 6 до 20 степени Целзиусови.
Утре почнува Европското Таеквондо првенство, Пецаков им посака успех на натпреварувачите
Views: 125 И Македонија има свои претставници на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Талин – Естонија, кое ќе се одржи од 28.04. до 05.05.Македонската репрезентација е составена од десет членови од кои три официјални лица и шест натпреварувачи. Во составот се Марјанчо Лазаревски претседател на ТТТФ и национален тренер, Зоран Парулески потпретседател на МТТФ, Даниел Крстески претседател на дисциплинска комисија на МТТФ и Давид Велковски меѓународен лиценциран судија.Боите на нашата држава ќе ги бранат Христијана Парулеска, Давид Крстески, Божидар Димитриевиќ, Миа Танеска,...
Денеска е Томина недела или Мал Велигден
Views: 84 Денеска христијаните го празнуваат празникот Томина недела, првата недела по Воскресението Христово.Празникот се нарекува Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од...








