Skip to main content

Автор: инфодеск

Младите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ повторно даруваат преку „Подари компјутер“

Post Views: 144 И оваа година, Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид заедно во соработка со професорот Дарко Цветкоски повторно ја организираат хуманитарната акција – “Подари компјутер”.Од школото велат дека акцијата „Подари компјутер“ e со цел собирање стари компјутери и лаптопи кои не се во активна употреба, но се функционални или можат лесно да се оспособат. Акцијата има за цел да им помогне на ученици и семејства од социјално ранливи категории, кои немаат соодветен пристап до компјутерска опрема неопходна за образование и секојдневно учење....

Продолжи со читање

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити

Post Views: 181 Народна банка на Република Северна Македонија издаде нова алатка која на корисниците ќе им овозможи на корисниците едноставно и лесно споредување на банкарските кредити и депозити.Платформата е резултат на заложбите на Народната банка за поголема транспарентност во финансискиот сектор. Податоците се ажурираат директно од банките, кои се одговорни за нивната точност.–Со оваа апликација, Народната банка внесува нов, модерен и практичен начин за споредување на финансиските понуди, што ја зголемува транспарентноста и ја јакне финансиската...

Продолжи со читање

„Петардите не се играчка“ – показна вежба на Црвен крст и СВР Охрид за последиците од петарди

Post Views: 170 Во рамки на своите здравствено-превентивни активности Црвен крст Охрид ја продолжува соработката со СВР Охрид – Одделението за превенција со акцент на превенцијата на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства.Имено, утре, недела, на Градското пристаниште, пред споменикот на „Фаќачот на крст“ во Охрид од 12:30 часот, припадници на СВР Охрид – Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид ќе делат едукативни материјали за опасностите и последиците од користењето на петарди и други пиротехнички средства, со нагласување...

Продолжи со читање

Викендов ќе се одржат работилници за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка

Post Views: 158 Денес 12 часот во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи првата креативно – уметничка работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка 2026.Работилницата за дечињата од Велгошти ќе се одржи утре, недела, со почеток во 18 часот во манастирот Св. Петка.–Со Божиќната радост, срца да стоплиме!, порачуваат организаторите.

Продолжи со читање

Стабилно, но студено време: Викенд со силен ветер и ниски температури

Post Views: 146 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).Од УХМР велат дека следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, особено во првите денови од следната седмица, кога наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 0 до 7 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ го одбележа патрониот празник

Post Views: 242 Општинскиот електро-машински училишен центар „Св. Наум Охридски“ Охрид со пригодна свеченост го одбележа својот патронат. Гордо го носиме името на Св Наум Охридски, симбол на знаење, мудрост и напредок. Нашата мисија е да ги следиме неговите идеали и да создаваме генерации млади луѓе подготвени да го носат духот на иновацијата и хуманоста во современиот свет, истакна директорот Сашо Недески во своето обраќање пред присутните ученици, родители, претставници на општината и на институции, соработници и партнери на средношколскиот центар.– Ученици, вие...

Продолжи со читање

„Мечето Панда и Дедо Мраз“ вечерва за најмладите во Охрид мол

Post Views: 204 Како дел од програмата на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, денес ќе биде прикажана детската претстава „Мечето Панда и Дедо Мраз“.-Кога се среќаваат Мечето Панда и Дедо Мраз, магијата е загарантирана! Не ја пропуштајте зимската бајка што ги освојува детските срца!, порачуваат организаторите.Претставата ќе започне во стандардниот термин од 19 часот на првиот кат во Охрид мол, а влезот е бесплатен.

Продолжи со читање

МВР доби нови 120 полициски возила

Post Views: 189 Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска беа презентирани 120-те нови автомобили „Пежо 408“ за полицијата, чија вкупна вредност изнесува околу 3,9 милиони евра. На презентацијата, премиерот Христијан Мицкоски рече дека оваа набавка е дел од планот за подобрување на мобилноста на полициските службеници во секојдневното извршување на нивните задачи.Премиерот кажа дека посакува возилата да се користат што е можно поретко, бидејќи тоа би било јасен показател за намалување на стапката на криминал во земјата.-Ние како Влада ќе продолжиме и...

Продолжи со читање

СВР Охрид поднесе пријава против 48-годишник за разбојништво врз возрасно лице

Post Views: 149 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.– На 8 декември 2025 година во Охрид, пријавениот со употреба на физичка сила одзел пари од 82-годишник од Охрид, информираат од МВР.

Продолжи со читање

Општина Охрид ќе располага со историски најголем буџет во 2026 година

Post Views: 185Општина Охрид ќе располага со историски најголем буџет во 2026 година. Градоначалникот Кирил Пецаков вели дека станува збор за буџет од околу 2,4 милијарди денари, кој, според него, е резултат на позитивното финансиско работење во изминатите години и обезбедува стабилност и континуитет во реализацијата на капиталните проекти. Тој посочува дека зголемените сопствени приходи ѝ овозможуваат на општината да планира и реализира повеќе инфраструктурни зафати воградот и населените места.-И ако земеме 2021 г., Кога станав градоначалник и буџетот до сопствените...

Продолжи со читање

Новогодишни паќетчиња за младите охриѓанчиња

Post Views: 179 Општина Охрид во соработка со маркети КАМ, денеска подели 200 новогодишни пакетчиња за деца кои престојуваат во дневниот центар „Зраци“, дневниот центар за лица со посебни потреби „ВОПС“ сместен во просториите на некогашната игротека „Радост“. Новогодишни подароци добија и нјмладите од  здруженијата „Тајната на моето срце“ и „Мојот свет“, згрижените при црквата „Св Георгиј“ во Горна Влашка мала и 30 дечиња кои деновиве се лекуваат во детското одделение при Општа Болница –  Охрид.

Продолжи со читање

Утре на Сараиште ќе се одржи хуманитарниот новогодишен базар „Вино и Винил volume IV”

Post Views: 167 Оваа сабота, 27 декември 2025, со почеток од 11:00 до 16:00 часот, плажата Сараиште ќе се претвори во топол новогодишен простор исполнет со музика, рачни изработки и хуманост, во рамки на Хуманитарниот новогодишен базар „Вино и Винил volume IV”.Настанот е целосно хуманитарен – сите учесници се вклучени доброволно, а сите собрани средства ќе бидат наменети за акцијата „Пакетчиња за сите дечиња”, со цел празниците да донесат радост и кај оние на кои им е најпотребна.Посетителите ќе имаат можност да прошетаат низ новогодишно украсени штандови со...

Продолжи со читање