Skip to main content

Автор: инфодеск

„Ноќ на музеи“ вечерва во Охрид

Views: 200 Охрид вечерва ќе биде домаќин на „Ноќ на музеи“, културна манифестација која ќе ги обедини музеите, галериите, старите охридски куќи, ателјеата и традиционалните занаети во една единствена културна маршрута низ стариот дел на градот.Од 19:00 до 23:00 часот, улицата „Цар Самоил“ и охридскиот Стар град ќе се претворат во голема отворена сцена на културата, со програма на 12 локации. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во изложби, музика, поезија, вино, но и да се запознаат со традиционалните охридски занаети и нивната богата историја.На програмата се презентации на...

Продолжи со читање

Вечерва ќе биде отворена изложбата „Охрид-Свето таинство“ од Зоран Летра

Views: 186 Денес во Музеј – Куќата на Робевци во Охрид со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Охрид-Свето таинство“ од охриѓанецот Зоран Летра.-Охрид е свето таинство постојано опкружувано од пророци, сликари, поети, учени луѓе; отсекогаш претставувал мистерија, спој на мистични и хаотични сили кои со подземниот блесок на водата и нејзината митологија го предизвикувале вековното љубопитство на бројни неимари постојано да го извишуваат во духовна, културна и уметничка вертикала. Во овој контекст, фотозаписите на Зоран Летра се далеку од едноставно (от)сликување на она...

Продолжи со читање

Денес изложба на олдтајмери во Вевчани

Views: 412 Денес во Вевчани со почеток во 16:00 часот во спортското двориште, по втор пат ќе се одржи изложба на историски возила (олдтајмери).Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, апелира граѓаните на општината тој ден да се воздржат од паркирање на своите возила во спортското двориште и ги покануваат сите заинтересирани да уживаат во овој несекојдневен настан.

Продолжи со читање

Викендов променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Views: 244 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h.Денес во Охрид температурите од 16 до 27 степени Целзиусови.Од УХМР најавуваат дека дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.

Продолжи со читање

Утре Црвен крст Охрид организира крводарителска акција и демонстрација на пружање прва помош

Views: 229 Од Црвен крст Охрид информираат дека утре, сабота, 12 септември 2026 година, во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Охрид, ќе спроведе крводарителска акција. Оваа акција ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, од 10:00 до 14:00 часот.Исто така, по повод Светскиот ден на првата помош, што се одбележува на 12 септември, волонтери на Црвен крст Охрид обучени за укажување прва помош ќе им претстават на заинтересираните граѓани како се постапува во одредени итни ситуации (хипотермија, дехидратација, давење, трауматски повреди, исцрпеност и...

Продолжи со читање

Македонскиот рубин добива систем: Сертификат, меѓународна афирмација и заштита од лажно претставување

Views: 239 Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) соопшти дека формирана е Комисија за македонскиот рубин која ќе работи на воспоставување систем за сертификација, следливост и заштита на неговото потекло, како следен чекор по институционалното признавање и заштита на овој македонски геолошки уникат.Целта е заштитата да не остане само на ниво на правен статус, туку да се воспостави целосен и функционален систем со кој ќе се знае што се ископува, кој има право да го произведува и обработува, од каде потекнува рубинот и под кои услови може да се пласира на...

Продолжи со читање

НУ Библиотека „Григор Прличев“ ја проширува соработката со образовните институции во Охрид

Views: 205 Директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“, Христина Трпеска, во рамките на промотивните активности на установата, деновиве го посети Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, каде што оствари средба со новата директорка на Домот, Милена Стојаноска.На средбата, во рамките на колегијалниот разговор и меѓусебното запознавање, било договорено наскоро меѓу Домот и Библиотеката да биде потпишан Меморандум за соработка.Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид се наоѓа пред долгонајавуваната реконструкција, како и во фаза во која се бара нова локација за негово непречено...

Продолжи со читање

Охрид во знакот на детската култура, богата детска програма на плоштадот „Вангел Наумоски“

Views: 211 Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, денес, 11 септември на плоштадот „Вангел Наумоски“ – Мини маркет ќе се одржи богата детска културна програма исполнета со приказни, музика и песна.Програмата ќе започне со промоција на детската сликовница „Охридски Градинарчиња“, чиј автор и промотор е Роза Костеска. Преку ова дело, најмладите ќе имаат можност да се запознаат со приказна исполнета со детска фантазија и љубов кон Охрид.Детската вечер ќе продолжи со концертот „Распеано Рибарче“, кој ќе донесе весела музичка програма и уште една можност за најмладите...

Продолжи со читање