Автор: инфодеск
Post Views: 410 На 23.07. ( недела) во 20 часот стендап во Jazz Inn на програмата на Summer Comedy Marathon ’23.Не пропуштајте го неверојатното стендап шоу на Мирослав Петковиќ – Кабаре Кабает. Специјално издание за љубителите на кумановски црн хумор!Билети на 075 283 066 или онлајн на www.hahaha.mkБилет: 300 ден.
Полска вечер на Охридско лето со концертот на гудачкото дуо Салвадор
Post Views: 297 Вечерва на музичката програма на Фестивалот Охридско лето е полска вечер со виолина и виола. Во црквата Св Софија концерт ќ еодржи гудачкото дуо Салвадор со почеток во 21 часот. Ќе бидат изведени дела од Бах, Моцарт, Халворсен, Сибелиус, Фухс, и Барток.Емануел Салвадор-виолинаЕмануел Салвадор според стручниот магазин „Страд“ е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Настапувал како солист, камерен музичар и концерт-мајстор на концертните сцени во В. Британија, Казахстан, Кина, Јапонија, Португалија, Холандија, Мексико, Турција,...
Со изложба на дела од Славко Упевче на 28 јули започнува „Научна и уметничка визита 2023“
Post Views: 330 Бројни културно-научни содржини и ова лето ќе понуди „Научна и уметничка визита 2023“ што традиционално се одржува во Куќата на Уранија во организација на Македонската академија на науките (МАНУ).Научната визита започнува на 28 јули во 20ч. со отворање на изложба на дела од колекцијата на Славко Упевче инпирирани од Свети Наум.Во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ, на 10, 11 и 12 август ќе се одржи лингвистичка работилница насловена „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“.Одделението за...
Струга Трим Лум во среда игра против Будуќност за Конференциската лига на УЕФА
Post Views: 422 Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум откако на самиот старт го заврши настапот во Лига на шампиони продолжува со европско натпреварување во УЕФА Конференциска лига.По поразот од Жалгирис со 1-2 во првото квалификациско коло на фудбалската Лига на шампионите, стружани имаат поправен испит во второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.Струга Трим Лум ќе се сретне со Будуќност во среда на 26 јули во 17:00 часот. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Билјанини извори во ОхридВеќе се пуштени во продажба билетите кои чинат по...
Тропски ден со температура до 35 степени во Охрид
Post Views: 267 Денеска во Охрид времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Висока вредност на UV зрачење 10.Утринската температура до 19, а максималната дневна до високи 35 степени.До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. Особено топло ќе и кон средината на следната седмица и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Кампањата „Лето без пожари“ стартуваше во НП Галичица
Post Views: 266 Во НП Галичица започна да се спроведува кампањата “Лето без пожари”. На почетокот на оваа кампања беше реализирана заедничка активност за запознавање на граѓаните со истата од страна на Директорот на Јавната установа Национален парк Галичица, претставници на Националниот парк и претставници на Полициска станица Ресен.“Со взаемна соработка помеѓу институциите и секако со поддршка од граѓаните и посетителите на паркот, ќе се обидеме да образуваме заедница свесна за ризиците од пожари и го заштитиме нашето природно богатство, посебно во овие...
На 28 јули две седници на градскиот совет, едната резервирана за советнички прашања
Post Views: 387 На 28.07.2023 година ( петок ) со почеток во 09:00 часот ќе се одржи 29-тата седница на Советот на Општина Охрид.На дневен ред се 39 точки меѓу кои предлог одлуки за давање согласност на годишниот план за вработување во ООМУ „Методи Патче“- Охрид, ООУ „Братство Единство“, ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец, ООУ „Григор Прличев“, ООУ „Живко Чинго“ с. Велгошти, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Св.Климент Охридски“, ООУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани и ООУ „Христо Узунов“ за 2024 година.Советниците ќе глсаат за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот...
Градоначалникот на германскиот град Хурт во посета на Општина Охрид
Post Views: 301 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со Дирк Бројер, градоначалник на градот Хурт, кој е сместен во областа Северна Рајна-Вестфалија во Германија.Главна тема на средбата беа можностите за зајакнување на соработката помеѓу Охрид и Хурт на повеќе полиња. Градоначалниците разговараа за позитивното влијание на германските странски инвестиции во Охрид, врз локалната економија и стандардот на граѓаните. Исто така, во рамки на средбата се дискутираше и за даночната политика на локалните самоуправи во Македонија и Германија.Градот...
Градоначалникот Пецаков оствари средба со полскиот амбасадор Гжелчик
Post Views: 305 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска, оствари протоколарна средба со полскиот амбасадор Кшиштоф Гжелчик.На средбата беше разговарано за унапредување на меѓусебната соработка во сферата на туризмот. Градоначалникот го информираше амбасадорот дека благодарение на двете сезонски авиолинии од Варшава и Катовице кон Охрид, значително е зголемен бројот на полските туристи во градот во текот на летната сезона. Двајцата соговорници се согласија дека се потребни повеќе активности за поголема промоција на туристичките потенцијали на Охрид на полскиот туристички...
Започна 12-тото „На зајдисонце“ во Трпејца
Post Views: 293 Под покровителство на Општина Охрид и во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“, вчеравечер во Трпејца започна 12. издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.На свеченото отворање, пред присутните гости се обрати заменик градоначалникот, Перчо Божиновски.„Како и секоја година, така и оваа, очекувам културно-забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца да понуди креативна сценска програма испреплетена со низа спортски и едукативни содржини, кои ќе го привлечат вниманието на гостите.Од мое лично име и од името на...
Урбана опрема на секоја педа на струшките плажи, а за безбедноста се грижат само двајца спасители
Post Views: 381 Ресторани, кафе барови, шанкови, лежалки, чадори и урбана опрема на секоја педа. Вака изгледаат плажите долж целото струшко крајбрежје. Речиси и нема слободен пристап до плажа, насекаде угостителски објекти.Опозицијата обвинува, велат плажите во Струга со години се узурпирани. Наместо убрана опрема на брегот се изградени голем број бесправни објекти со цврста градба.„Ослободување на градските плажи за граѓаните. Знаеме дека градскиуте плажи целосно се узурпирани од страна на локални моќници преку урбаната мафија која го конторлира градот. И граѓаните...
Со ИМПРОВОКАЦИЈА утревечер стартува Summer Comedy Marathon ’23
Post Views: 314 ИМПРОВОКАЦИЈА на SUMMER COMEDY MARATHON ’23 повторно се враќа во Народен Театар Охрид – Mала Сцена .Култното шоу во кое додека не започне никој, дури ни изведувачите не знаат што ќе се случи, повторно се враќа на својата матична сцена Народен Театар Охрид – Мала Сцена. Неверојатна театарска импровизација која веќе 8 сезони се случува секогаш премиерно затоа што вие предлагате во која насока ќе се одвива шоуто. Шоу во кое за ваше трајно задоволство ќе се погрижат импровокаторите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, Никола...