Skip to main content

Автор: инфодеск

Започнува 42-то издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр”

Post Views: 473 Во Битола, пред платото на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, вечерва свечено ќе биде отворена 41-та Меѓународна ликовна изложба и ќе биде доделена наградата Гран при што им припадна на младите ликовни творци од Хонг Конг, Кина. Годинава Малиот битолски монмартр одбележува 55 години од основањето на Детското ликовно студио.На годинешната ликовна колонија учествуваат над 100 млади ликовни уметници и педагози од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Турција, Бугарија, Србија, кои заедно со своите врсници и колеги од Северна Македонија освен во...

Продолжи со читање

Македонско знаме

Среда е неработен ден, набрзо уште еден продолжен викенд

Post Views: 287 24 мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, е неработен за сите граѓани, согласно со Законот за празници.Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј“.Воедно, Министерството соопштува дека согласно со Законот за празниците, 23 мај, (вторник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во земјава.Министерството на граѓаните припадници на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.На 2-ри јуни православните...

Продолжи со читање

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите

Post Views: 197 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите.„Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки по повод Националниот ден на Власите со најискрени желби за личен просперитет и многу успеси.Влашката заедница е значаен дел од етничкиот мозаик на нашиот град и нашето современо општество. Со нивниот интелект и визија оставаат траен печат во историјата и имаат значителен придонес во целокупниот развој на Република Македонија.Преку...

Продолжи со читање

До петок е отворено пријавувањето за кајакарската регата во Струга – „Кајак за сите”

Post Views: 291 До петок е отворено приајвувањето за сите заинтересирани за учество на кајакарската регата во Струга – „Кајак за сите”, а која ќе се одржи во недела со почеток од 11 часот пред „Мезе-бар Кингстон”, настан кој веќе го најави ТВМ.Критериум за учество е секој учесник да знае да плива и да не е активен спортист, а пријавувањето е бесплатно. Трките ќе се реализираат квалификациски во групи од 3 натпреварувачи на 100 метри на потегот од „Кингстон” до Новиот мост. За секој натпреварувач обезбеден е стабилен кајак (фалбут), безбедносен елек и...

Продолжи со читање

Променливо облачно со максимална температура до 21 степен

Post Views: 190 Во Македонија денеска претпладне ќе преовладува сончево време со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.Во Охрид ќе преовладува променливо облачно време, попладне со услови за дожд. Минималанта температура до 10 степени, а максималната до 21 степен.Следува период на променливо облачно и топло време, во попладневните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со силен ветер и појава на град.

Продолжи со читање

Крадци во Лабуништа бегајќи се удриле во полициско возило

Post Views: 393 На 22.05.2023 во 03.24 минути било пријавено дека во с.Лабуништа, струшко, се врши кражба во трафика.„Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Лабуништа излегле на местото, по што лицата со нивното возило, бегајќи, удриле во службеното полициско возило „дачиа” и го напуштиле местото.“- информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан димсоки.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Продолжи со читање

Завршен настан од проектот „Гледај и учи“ реализиран од ТЛЕР и ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 421 Денеска во ООУ „Григор Прличев“ беше отворена изложбата на изработки „Гледај учи и пренеси…ТИ- чувару на културното и природно богатство на Охрид“.Изложбата беше завршен настан на проектот „Watch and Learn“ што е дел од CIPSS програмата 2022-2023, а го реализира и имплементира тим од Секторот за ТЛЕР заедно со претставници од ООУ “Григор Прличев“.За значењето на изложбата пред присутните зборуваше советничката во Советот на Општина Охрид, Ана Крстеска.„Во денес изложените изработки е сконцентрирана суштината на проектот на кој сите вие вредно...

Продолжи со читање

Омаж во чест на професорот и писател Коста Фортомар

Post Views: 247 Утре, во пресрет на Денот на сесловенските просветители браќата Св .Кирил и Методиј, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Омаж посветен на животот и творештвото на покојниот професор по Македонски јазик и писател Коста Фортомар од Охрид.На настанот за значењето на сесловенските просветители Кирил и Методиј и за писателот Фортомар ќе зборува директорот на библиотеката Милчо Јованоски.Извадоци од неговите дела ќе читаат ученици од Гимназијата „ Св. Климент Охридски“ под менторство на професорката Светлана Голабоска, како и...

Продолжи со читање

Запленети рибарски мрежи меѓу Трпејца и Св Наум со улов од 13 кг риба

Post Views: 244 На 20/21.05.2023 во периодот од 22.00 до 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”- Регионален центар за гранични работи Запад, во содејство со инспектори по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, во водите на Охридското езеро реализирале патролни активности со мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура.„Притоа, на околу 20 мeтри од брегот на езерото, на потегот помеѓу селото Трпејца и Св.Наум, пронајдоа и одзедоа 15 рибарски мрежи со должина од по околу 50 метри со улов од околу 13...

Продолжи со читање

Обука на раководниот и командниот кадар на Општина Охрид за заштита и спасување

Post Views: 234 Подготвка на раководниот и командниот кадар од просторните сили за заштита и спасување, во делот на превенција и делување во случај на природни непогоди и други несреќи, беше целта на обуката која беше организирана денеска во Општина Охрид.Обуката ја спроведе Центарот за обуки при Дирекцијата за заштита и спасување и на неа учествуваа вработени во Локалната самоуправа кои се членови на Кризниот штаб, претставници на јавните претпријатија, претставници на противпожарната единица, претставници на единицата за планинско спасување и спасување на вода, медицински...

Продолжи со читање

Пијано концерт и изложба во чест на Св. Кирил и Методиј

Post Views: 242 Во црквата Св Софија, на 24-ти мај Денот на Сесловенските просветители ќе се одржи прослава во чест на светите браќа Кирил и Методиј.Настанот ќе започне со изложба на уметнички фотографии на Славчо Малезанов насловена „Охрид во духот на средниот век“. Филологот Проф. д-р Димитар Пандев ќе раскаже за животот и житието на Солунските браќа, по што ќе настапат ученици од ОМУ „Методи Патче“ во класата на м-р Даниел Чуркоски.Гостинка на концертот ќе биде пијанистката Викторија Митеска. По концертот, Ве покануваме да ни се придружите на малата коктел забава во...

Продолжи со читање

Поскапуваат горивата

Post Views: 228 Кај сите горива од вечерва на полноќ ќе има поскапувања, одлучи Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 1 денар и од утре ќе чини 78,5 денари по литар, додека исто за 1 денар се зголемува и цената на ЕУРОСУПЕР 98 и ќе чини 80,5 денари.ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 1,5 денари по литар, и од утре ќе се продава по 69 денари по литар.Цената на екстра лесното масло се зголемува за 1 денар и ќе изнесува 67,5 денари, а мазутот поскапува за 0,6 денари и ќе чини 39,4 денари.

Продолжи со читање