Skip to main content

Автор: инфодеск

Општина Дебрца ги објави резултатите за доделување стипендии на одличните ученици и студентите

Views: 64 Општина Дебрца ги објави резултати од конкурсот за доделување на стипендии на одличните ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2024/25. Резултатите се достапни на линкот.Исто така, Општина Дебрца ги објави и резултати од конкурсот за доделување на стипендии редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиска 2024/25. Резултатите се достапни на линкот.

Продолжи со читање

Општина Дебрца ќе додели финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани

Views: 142 На вчерашната седница советот на општина Дебрца едногласно донесе одлука од Буџетот на општината да се доделат 200.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.Од Општина Дебрца информираат дека средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка за донации на Црвениот крст.

Продолжи со читање

Животоприемен извор, петокот од Светлата Седмица

Views: 89На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен Живоносен Извор, поради чудотворниот извор со вода што се наоѓа во него. Си спомнуваме и за многуте чуда што се случиле во тој храм на Божјата Мајка. Првиот храм врз изворот го изградил византискиот император Лав Велики и го нарекол изворот „Животодавен Извор“, зашто таму била објавена чудотворната благодат на Пресветата Подоцна, во негова близина велелепен храм изградил и царот Јустинијан Велики, затоа што по милоста на Богородица нашол исцеление за својата болест во чудотворните води...

Продолжи со читање

облачно Охрид

УХМР: Променливо облачно и нестабилно, од вторник стабилизирање на времето

Views: 74 Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.Дневните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 18 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Во...

Продолжи со читање

Одбележан патронатот на ООУ „Христо Узунов“

Views: 90 Со пригодна свеченост што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“,  ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.На свеченоста присуствуваше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски. Во рамки на културната програма настапија учениците од второ, петто и деветто одделение под менторство на своите наставници. Програмата беше збогатена со музички точки и настап на училишниот хор.Годинава се одбележаа 120 години од херојската смрт на Христо Узунов.

Продолжи со читање

Охрид се поклони во чест за Узунов

Views: 97 Свеченостите по повод одбележување на 120 години од смртта на Христо Узунов продoлжија  и денес. Утрово  делегација  на општината положи свежо цвеќе пред неговата спомен биста во градскиот парк. По традиција претставници од Општина Охрид  го посетија  вечното почивалиште на Христо Узунов во селото Цер, кичевско каде  пред повеќе од еден век се случи херојската погибија.

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков оствари средба со Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков

Views: 61 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.Заменик-министерката Трајков беше во придужба на стручни лица од проектните едници на Министерството за европски прашања и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев.На средбата се разговараше за можностите за искористување на европските и претпристапните фондови, со акцент на поддршката која овие програми ја овозможуваат за развојот на...

Продолжи со читање

Колку е Мерко заинтересиран за развојот на Струга и зошто не аплицира на јавиот повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти?

Views: 89 Вкупно 450 апликативни формулари од 63 општини заклучно со вчера се доставени до архивата на Министерството за локална самоуправа за вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. Од нив, 36 општини аплицирале со проекти во вредност од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител, 27 општини имаат можност да аплицираат со уште проекти до максимум предвидената сума, а 17 општини воопшто немаат поднесено апликативни формулари.Општини кои воопшто не аплицирале заклучно со вчерашниот датум се и Струга,...

Продолжи со читање