Автор: инфодеск
Post Views: 377 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51-годишен жител на охридското село Велгошти, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”.„При контрола извршена на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој, со негов автомобил „Фолксваген Туран” со охридски регистарски ознаки, врши нелегален транспорт на патници во внатрешниот сообраќај и нема лиценца согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.“...
Изградбата на затворениот базен во Охрид се одолговлекува осум години
Post Views: 614 Додека во Струга заврши реконструкцијата на затворениот базен и ќе биде отворен ова лето, во Охрид изградбата на овој спортски објект се провлекува со години.Изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид започна уште во 2015 година, но до денес никако да се наполни со вода и да запливаат пливачите. Градежните работи стагнираат, остана само металната конструкција обрасната со трева, а овој проект се најавува на секои избори со различни рокови за реализација.Спортските тренери...
На „Охридско лето“ концерт посветен на флејтистот Илија Зимбо
Post Views: 278 Концерт посветен на прерано починатиот уметник, флејтистот Илија Зимбо ќе се одржи вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ како дел од музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.Ќе настапи „Пијано Трио“ составено од тројца етаблирани музичари Татијана Петрушевска – Караскаковска – прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски – прв фаготист во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ и Петар Макариевски – пијано, уметнички соработник при ФДУ.Ова трио ги здружи своите сили во 2014 година и...
Агенцијата за вработувањe субвенционира вработувања на ранливи групи преку ИПА
Post Views: 264 Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги повикува сите евидентирани невработени лица да се пријават за учество во мерката Субвенционирање на вработување. Повикот се спроведува во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот” финансиран од Европската Унија, врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на вработување – ИПА.На мерката, според проектниот...
Јавна презентација и расправа по Нацрт Извештајот за влијание на животната средина за проект за пречистителна станица во Трпејца
Post Views: 285 Општина Охрид организира јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца Општина Охрид.Ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца Општина Охрид.Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието...
Утре во Трпејца почнува 12 издание на манифестацијата „На зајдисонце“
Post Views: 290 Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на општина Охрид од утре до 28 јули по 12 пат оваа туристичка населба и гостите ќе „дишат“ во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.Утре, четврток на отворената сцена во Трпејца, од 20 часот и 30 минути во името на покровителот општина Охрид манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик – градоначалникот Перчо Божиноски.Приустните ќе можат да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија која се одржува во...
Посета на министерката Ана Лирман на УИНТ „Св. Апостол Павле“
Post Views: 274 Проректорката за меѓународна соработка на УИНТ “Св. Апостол Павле”, Проф. д-р Устијана Речкоска-Шикоска, беше домаќин на Високата претставничка, г-ѓа Ана Лирман, Министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија, во соработка со г-дин Зоран Мартиновски, Претседател на менаџмент консултантската компанија „PrimePoint Partners“ и г-дин Давид Оберхугер Директор на ГИЗ – Германското друштво за интернационална соработка, како и претставници од неколку стејкхолдери.Министерката Лирман го посети Универзитетот за информатички науки и...
Инспекциски надзор во хотели во Охрид и Струга од страна на ДИЖС
Post Views: 971 Државен Инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Пелагониски и Југозападен регион, Канцеларија Охрид во текот на пролетните месеци март-април извршил 7 инспекциски надзори во општините Охрид и Струга во хотелски објекти.Од Државниот инспекторат за животна средина информираaт за констатираното при надзорите:ГС ГРОУП ДОО увоз-извоз Охрид-Хотел АКВАЛИНА. Поседува Елаборат за животна средина. Отпадните води се поврзани на градска канализациона мрежа.ХОТЕЛИ-Комплекс МЕТРОПОЛ АД Охрид. Поседува Елаборат за...
Сончево и топло со температура до 32 степени
Post Views: 290 Сончево и многу топло време и денеска во Охрид со максимална дневна температура до 32 степени. Ќе дува со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Вредноста на UV зрачењето висока 10.И понатаму целата територија на државата е во портокалова фаза на предупредување од високи температури.
НП Галичица нема воведено забрана за движење на својата територија
Post Views: 318 Според препораките на Владата за забрана на движење во шумите, Ј.У.Н.П. Галичица нема воведено забрана на движење на својата територија.Заради зголемената опасност од шумски пожари и според препораките на Владата, посетителите на Националниот Парк, потребно е да ја пријават својата посета на следниот е-маил: galicica@galicica.org.mk или во Дирекцијата на Националниот парк, во периодот од 09:00 до 15:00 часот.За пријавување, потребни се следниве информации: Име и презиме, Матичен број, Регистарска табличка на возилото, Датум на посета и предвидено...
Претрес во струшко, пронајдена дрога, приведен стружанец
Post Views: 382 На 17.07.2023 во 16.40 часот во с.Мислешево, струшко, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишиле од слобода Ц.К.(23) од Струга.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмет со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Утре започнува 6-тото издание на Beach Film Festival во Охрид
Post Views: 320 Од 19-ти до 23-ти јули во Охрид ќе се оддржува шестото издание на Beach Film Festival. Овогодинешната програма нуди многу филмски проекции, мастер класови и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински Центар Охрид.Љубителите на фимот ќе имаат можност да погледнат 8 долгометражни играни филмови, 16 краткометражни, 9 студентски, 5 француски (земја во фокус Франција) и 4 специјални проекции.Фестивалот ќе го отвори краткометражниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска и...
