Автор: инфодеск
Views: 60 Во чест на Јубилејот: 120 години од хероската погибија на Христо Узунов, Општина Охрид, денеска организираше Свечена академија во спомен куќата на големиот охридски војвода и револуционер.Пред бројните присутни, свој пригоден говор имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Насочени кон иднината, бескрајно горди на минатото, благодарни за саможртвата за слободна Македонија, денес со оваа свеченост одбележуваме 120 години од смртта на Христо Узунов.Ценети присутни, почитувачи на неговиот живот и дело, дами и...
Утре отворен ден на УИНТ „Св. Апостол Павле“
Views: 119 Во четврток, 24 април, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид организира Отворен ден.–Тоа е одлична можност да се запознаете со нашите студиски програми, да присуствувате на наставни часови, да погледнете апликативни проекти и да поразговарате со нашите студенти и професори, информираат од Универзитетот.Посебен акцент ќе биде ставен на панелот по повод Меѓународниот ден на девојките во информатичките и комуникациски технологии, кој ќе инспирира нови генерации во светот на технологијата.Ве покануваме да дојдете и откриете...
Света Софија – мајка на сите цркви
Views: 144 Катедралната црква Света Софија претставува една од најзначајните знаменитости во Македонија со нејзината средновековна архитектура и фрескоживопис. Како една од најголемите средновековни цркви на овие простори долг временски период била соборна црква на Охридската архиепископија. Од времето на изградбата, кое не може точно да се утврди, бидејќи не е зачуван ниту еден запис што би упатувал на тоа, до денес црквата со своето духовно значење обвиткана е и со мистични елементи кои ги интригираат научните експерти, историчари на уметноста и археолози.„ Од тој период па се до...
Кривична пријава за директор на Центарот за култура „Григор Прличев“
Views: 121 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.– Во периодот на 2023 година, во својство на директор на Национална установа – Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за сместување на 72 лица, од туристичка агенција им била издадена фактура во износ од 387.450 денари. По извршените проверки било утврдено дека во книгата на евиденција биле запишани 48 лица, при што е констатирано дека...
МВР со предупредување: Се испраќаат лажни покани за наводна тековна истрага, граѓаните да не отвараат сомнителни пораки
Views: 70Граѓани и правни лица добиле лажни пораки во врска со наводна тековна истрага, а испраќачите лажно се претставувале во име на МВР и Европол, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).Оттаму апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами и додаваат дека Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.„Секторот за компјутерски криминал апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив...
Монтирана нова потопна пумпа во Орман
Views: 66 ЈП ВОДОВОД Охрид известува дека продолжува со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети на претпријатието.-Одделението за електромашински работи изврши демонтирање на старата и дотраена потопна пумпа од бунарот во с.Орман (бунар 2). Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирана е нова потопна пумпа со јачина од 37 kw, информираат од претпријатието.
Денес крводарителска акција во ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски”
Views: 54 Денес во период од 9:00 до 12:00 часот Црвен крст Охрид организира крводарителска акција во соработка со ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски”- Охрид која ќе се одржи во просториите на училиштето со цел обезбедување на крвните единици кои се потрeбни во овој период .-Ги повикуваме сите ученици и професори да ја покажат својата хуманост и да ја даруваат својата скапоцена течност, велат од Црвен крст Охрид.
Во петок премиера на претставата „The Mousetrap“ од Агата Кристи на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“
Views: 135 Ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид ја најавуваат премиерата на претставата „The Mousetrap“ од Агата Кристи за петок, 25-ти април 2025 година.Улогата на Mollie Ralston ја игра Бисера Вранишкоска, на Giles Ralston – Матеј Баткоски, Christopher Wren е Константин Групчев, Mrs. Boyle – Ема Богданоска, Major Metcalf – Наум Трендафиловски, Miss Casewell – Евгенија Ставрева, Mr. Paravicini – Димитар Велкоски и Sergeant Trotter – Елени Наумова.– „Стапица за глувци“ од Агата Кристи е крими-драма сместена во мал осамен пансион близу Лондон, каде домаќините и гостите се...








