Skip to main content

Автор: инфодеск

Извонреднен концерт на гудачкото трио „Инвентио“  во црквата „Света Софија“

Post Views: 260 Младите но исклучително талентирани уметници од италијанското трио „Инвентио“, виолинистките Јулиа Беринскаја и Валентина Данелон и виолистката Ана Серова вчеравечер беа вистинско освежување за публиката на „Охридско лето“ со нивниот концерт во црквата „Света Софија“.Изведувајќи дела од Бах, Де Берио, Танејев и Дворжак, членовите на овој гудачки состав уште еднаш го потврдија својот веќе етаблиран виртуозитет како солисти и како камерни музичари на меѓународната музичка сцена. „Многу сме среќни што музицираме во црквата „Света Софија“.  Го познавам...

Продолжи со читање

Струга бележи солидна исполнетост оваа туристичка сезона

Post Views: 372 Струга во штицот на летната сезона бележи солидна исполнетост. Најбројни туристи во градот на мостовите се гостите од Косово, Турција, Полска, Албанија, Израел и Холандија.  Но , на прво место е дијаспората, иселениците кои редовно годишните одмори ги минуваат на струшкото крајбрежје.Според туризмолозите треба да се работи на продолжување на туристичката сезона.  „Туристичката сезона е премногу кратка во тој период сместувачките капацитети се преполни, но мора да контатираме дека престојот на гостите е краток. На тоа треба да се поработи во...

Продолжи со читање

Утре дезинсекција против комарци во Охрид

Post Views: 224 На   ден  19.07.2023 год.  (среда)   ќе  се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци на територија на Општина Охрид.Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во среда  до 06 часот во четврток.Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.„Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го...

Продолжи со читање

Српска вечер на „Охридско лето“ со виртуозот Немања Радуловиќ и оркестарот „Double Sense“

Post Views: 296 Српско-францускиот виртуоз на виолина,Немања Радуловиќ, вечерва ќе настапи на „Охридско лето“ во рамки на традиционалната Српска вечер на фестивалот што се одржува со поддршка од Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија.Радуловиќ  заедно со оркестарот „Double Sense“ на сцената „Долни Сарај“  од 21 часот ќе го претстават албумот „Корени“ како дел од нивната голема балканска турнеја.Немања Радуловиќ е уметник кој настојува да ги прошири границите на класичната музика. Тоа му носи вистинска армија на обожаватели низ целиот...

Продолжи со читање

Квалитетот на водата во Охридско Езеро е одличен, освен на познатите црни точки

Post Views: 499 Квалитетот на водата во Охридското Езеро e od 1 и 2 класа. Според анализата на Институтот за јавно здравје квалитетот на примероците површинска вода во најголем дел од мерните места се класификацираат како ОДЛИЧНА, а на неколку како ДОБРА.„По извршените теренски увиди и добиените лабораториски анализи на примероците површинска вода од Охридското Езеро, според Уредбата за класификација на водите, како и Правилникот за начинот и мерките на управување со водите за капење, водата од Охридското Езеро земена во период од 1.1.2023 година до 28.6.2023 година ги...

Продолжи со читање

Оглас за издавање локации за продажба на сладолед, книги и уметнички слики

Post Views: 313 Општина Охрид објави Оглас за прибирање понуди за издавање на времено користење локации за поставување урбана опрема со комерцијална намена – фрижидери за продажба на сладолед.Предвидени се 12 локации за ваква намена според огласот и тоа:по должината на Kej„Македонија“ вкупно 10 локациина ул.,,Климент Охридски,, 1 локацијана патеката од„Канал Студенчишта кон хотел Парк“ 1 локацијаНа секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандарднифрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце, на простор со...

Продолжи со читање

Струга Трим Лум денеска игра против Жалгирис пред полни трибини во Охрид

Post Views: 362 Македонскиот шампион Струга Трим Лум денеска во 17 часот на стадионот Вилјанини Извори во Охрид го игра реванш мечот против Жалгирис од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.Струга Трим Лум одигра 0:0 на првиот дуел во Литванија, со што има можност за пласман во следното коло каде својот противник го чека турскиот шампион Галатасарај.На прес конференција тренерот на стружани, Шпетим Дуро, фаворитската улога му ја препиша на литванскиот тим.„Поради многу аспекти Жалгирис е фаворит. Имаат големо искуство, буџет кој можам да кажам дека...

Продолжи со читање

Тропски ден со температура до 34 степени

Post Views: 261 Сончево и многу топло ќе биде и денеска во Охрид. Максималната дневна температура ќе се искачи до 34 степени целзиусови.Ќе дува умерен ветер од северен правец. Индексот на УВ зрачење 10.Во земјата и понатаму е активно портокалово ниво на опасност од високи температури.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Поради змија нетретирана вода истекла во езерото кај Елешец и Пештани

Post Views: 664 Во неделата, на 16-ти јули, на потегот меѓу населените места Елешец и Пештани во Охрид е забележано мало истекување на нетретирана вода од колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.Во кординација на Државниот инспекторат за животна средина ДИЖС и Инспекторатот на Општина Охрид, а во комуникација со директорот на ЈП Колекторски систем е утврдено дека поради влегување на змија во препумпната станица накратко е дојдено до автоматско исклучување на осигурувач.Од страна на службите на ЈП Колекторски систем веднаш е пристапено кон повторно вклучување на...

Продолжи со читање

Претседателката на Инспекциски совет на работни средби во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца

Post Views: 403 Претседателката на Инспекциски совет Даниела Рендевска заедно со членот Ресул Шемо во рамки на работната агенда насловена како „ИНФО денови со локалните инспекциски служби“ со денешната и вчерашната посети ги опфатија Општина Струга, Општина Вевчани, Општина Охрид и Општина Дебрца. Тие остварија средба со Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков и секретарот на општината Александар Китески, Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, Градноначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски и Раководителот на Инспекциската служба при Општина...

Продолжи со читање

Во среда дезинсексција против комарци во Дебрца, пчеларите да ги преземат потребните мерки

Post Views: 454 Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 19.07.2023 год. (среда) ќе се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки...

Продолжи со читање

Најмладите ја враќаат Македонија на европската и светската едриличарска сцена

Post Views: 400 Македонскиот национален тим во едрење учествува на Европското првенство во класата Оптимист во Солун, Грција.Нашите репрезентативци – членови на клубовите „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга, силите ќе ги измерат со вкупно 300 едриличари од Европа.Следниот голем предизвик е Светското првенство во кластата Илка 4, што ќе се одржи во Волос, Грција, во периодот од 23 до 31 јули. Македонската репрезентација составена од пет напреварувачи ќе биде дел од светската едриличарска елита со вкупен број од 400 натпреварувачи.„После повеќе од...

Продолжи со читање