Автор: инфодеск
Views: 69 Денеска е Воскресение Христово – Трет ден.Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме навикнале да ја делиме неделата на седум дена.Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања.Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше...
Претпладне сончево, попладне нестабилно со локален пороен дожд
Views: 55 Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 8 до 20 степени Целзиусови.Од утре на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање, велат од УХМР.
Почина новинарот Илче Стојаноски
Views: 92 Денеска во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат и радио Охрид.Стојаноски е роден на 18 јуни 1949 година во Прилеп, а по три години од неговото раѓање неговите родители се преселуваат во родниот град на неговата мајка – Охрид.Основно и средно образование завршува во Охрид по што школувањето го продолжил во Скопје на правниот факултет на универзитетот „ Свети Кирил и Методиј „.Во Охрид се враќа во 1976 година и во потрага по работа по својата професија, наредната 1977 година...
Изгорени седум хектари трска во месноста „Трно“
Views: 66 Од СВР Охрид информираат дека вчера во 17:25 часот било пријавено дека во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во Охрид опожарена е површина од околу седум хектари со трска. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Почина папата Францискo
Views: 87 Папата Франциско почина утрово на 88 годишна возраст. Папата извесно време помина во болница и беше во тешка здравствена ситуација, но беше објавено дека се опоравува и неколку пати се појавуваше во јавноста.Папата Франциско почина во понеделник на 88-годишна возраст, еден ден по долгоочекуваното појавување на плоштадот Свети Петар за Велигден, соопшти Ватикан, пренесува АФП.„Утринава во 7:35 (05:35 по Гринич) бискупот од Рим Френсис се врати во домот на отецот“, рече кардиналот Кевин Фарел во изјавата објавена од Ватикан на Телеграм.Според Ројтерс, смртта на првиот...
Утре започнуваат празнувањата за јубилејот „120 години од херојската погибија на Христо Узунов“
Views: 119 Чествувањата започнуваат утре со полагање цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор.Во среда, 23-ти април, ќе биде одржана Свечената академија во спомен – куќата на Христо Узунов со почеток во 12:00 часот. Во рамки на настанот ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски, а предвидена е и културно – уметничката прогама со настап на градскиот хор „Вокс Лихнидос“ и драмска изведба на сцени од текстот „Света саможртва за Македонија“ и настап на солистот Ѓоко Чеменкоски.ООУ „Христо Узунов“ својот патронат ќе го одржи...
Светол понеделник, втор ден Велигден
Views: 62 Денеска е Светол понеделник, втор ден Велигден, ден кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето.И на овој ден продолжува славењето на Неговиот живот, со гозби и дружење. Доколку овој ден го поминете во веселба, радости и добро расположение, таква ќе ви биде и следната година, до наредните велигденски празници.Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден.Христовото Воскресение, Велигден се смета за...
Сончево и топло со температури до 20 степени Целзиусови
Views: 77 Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне во западните и крајните источни делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Утре во претпладневните часови времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи, информираат од УХМР.Температурите во Охрид денес во интервал од 9 до 20 степени...








