Skip to main content

Автор: инфодеск

Наскоро стружани ќе се рекреираат во затворениот базен

Post Views: 357 Координаторот на пратеничката група на владејачката СДСМ, Јован Митреки на социјалната мрежа Фејсбук сподели фотографии од изградбата на долгонајавуваниот затворен базен во Струга.„После сите перипетии, работите со затворениот базен се при крај за огромно задоволство на пливачите, ватерполистите, сите спортисти и сите граѓани на Струга…“ се вели во пораката на Митрески.Струга прва во регионот ќе добие затворен базен | Портал ТВМ (tvm.mk)

Продолжи со читање

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“  вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 336 Национална опера и балет од Република Северна  Македонијасо балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва гостува на програмата на „Охридско лето“.Балетската претстава поделена во девет слики ќе биде изведена на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот.Улогите ги играат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лoчеи (Унгарија), Агим Бафтии и Ендру Кук (Англија).Музиката за  „Госпоѓиците од Авињон“ ја напиша Калиопи Букле, кореограф и режисер е Олга...

Продолжи со читање

Сончево и топло со температура до 33 степени

Post Views: 252 Сончево и многу топло и денеска во Охрид со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. UV=10. Максималната дневна температура ќе се искачи до 33 степени.Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа меѓу Трпејца и Заливот на коските

Post Views: 431 На магистралниот пат Охрид – Св. Наум вечерва се случила сообраќајна несреќа меѓу две патнички возила, на потегот помеѓу Трпејца и Заливот на коските.Сообраќајот беше во прекин од нешто по 20 часот до 22 часот, поради што се формира долга колона возила.На местото на несреќата увид извршија екипи на СВР Охрид. Повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Продолжи со читање

Македонија против рудникот во Иловица

Post Views: 319 Граѓаните, во организизација на Еколошкото здружение „Здрава котлина“ – Струмица и Еколошкото здружение Еко Долина – Ново Село, денеска одржаа протестна блокада против спојување на концесијата за рудникот Иловица-Штука. Се бара од државните институции да спречат отворање на рудникот за експлоатација на минерална суровина, руди на бакар и злато на локалитет во Иловица.Протестот се организира по информацијата дека Владата донела одлука за спојување на двете концесии за рудник за бакар и злато на планината Огражден што според активистите, значи дека е можнa...

Продолжи со читање

МНР со детали за убиството на македонски државјанин во Грција

Post Views: 308 МНР преку соопштение се огласи за инцидентот во кој македонски државјанин беше убиен, а неговиот пријател ранет.„По информацијата за убиството во Халкидики Грција, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун, и од таму е добиена потврда дека во Сани Вилас, Ханиоти двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Северна Македонија. Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите...

Продолжи со читање

Македонија доби Национален регистар на подземни води

Post Views: 501 Македонија го доби Националниот регистар на подземни води. Регистарот обработува 13 процеси и 65 тематски целини. Со новата платформа ќе се дигитализираат и процедурите за остварување на водното право, а корисниците ќе можат целиот процес од аплицирање до добивање на дозволите да го направат онлајн. Заедно со новиот регистар се изработи и мобилна апликација, како алатка за контрола и инспекторирање, на која ќе може да се направи преглед на издадените дозволи.Според министерката за животна средина, Каја Шукова земјава има висок процент на користење на подземните...

Продолжи со читање

Романска вечер на „Охридско лето“

Post Views: 304 Романската  вечер на „Охридско лето“ ќе донесе концерт на ФАМЕ’С европскиот оркестарски изведувачки институт и на Ирина Муресану, соло виолина. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се композиции од Десен, Фаља, Флин, Динику, Рутер, Бах, Вали, Рустом,Фунг, Пјацола и О Конор.ФАМЕ’С европскиот оркестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Организиран во објектот и...

Продолжи со читање

Танцовиот перформанс „Лиминално тело“ вечерва во ЦК „Григор Прличев“

Post Views: 365 Вечерва изведба на „Лиминално тело“ во Народен Театар Охрид со почеток во 20:00 ч.Kореографката Ивана Балабанова ја постави новата танцова претстава „Лиминално тело“ заедно со танчарите: Сара Цветковска, Дејан Битровски, Илина Костовска, Тереза Лазаров, Стефани Шааршмит (Германија/С. Македонија) и Џун Елис Мах (Германија). Перформансот во својот интердисциплинарен пристап ги обединува јазиците на танцот и театарот носејќи на сцената свежина со еден нов израз. Експериментален концепт се надополнува со современиот музички израз на композиторот Алесандро Ола,...

Продолжи со читање

Сончево и топло со многу висока вредност на UV зрачење

Post Views: 260 Времето денеска во Охрид сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Вредноста на UV индексот многу висока 10.Утринската температура до 17 степени, а максималната дневна до 31 степен.Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на топол бран. Ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.

Продолжи со читање

Шпанија ќе финансира консултантски и инженерски услуги за реконструкција на колекторот

Post Views: 440 Во присуство на амбасадорот на Шпанија Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, министерската за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, директорот на ЈП колекторски систем- Скопје Владимир Алексијоски и директорот на шпанската компанија ИДОМ консалтинг, инженерство и архитектура, Хавиер Фернандез, се потпиша Меморандум за соработка и договори за неповратно финансирање на консултантски и инженерски услуги за реконструкција на системот за одведување и пречистување на отпадните води на Охридското Езеро.Со тоа се официјализираше поддршката на Шпанската Влада...

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар Охрид издава локации за мобилна урбана опрема за комерцијално користење

Post Views: 345 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување на мобилна урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за намена: продажба на пченки костени семки и др.производи. Предмет на јавниот оглас се 4 локации за поставување на урбана опрема кои се наоѓаат на Кеј Македонија и Плоштад Св.Климент Охридски. Урбаната опрема се издава за времетраење од 20.07.2023 до 20.09.2023 година.Јавниот оглас и графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема ТУКА. Пријавите да се достават најдоцна до 19.07.2023 год. до 12.00 часот.ЈП...

Продолжи со читање