Автор: инфодеск
Post Views: 10 Во периодот од 10-16 октомври традиционално се одбележува Неделата на борба против дијабет.Под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“, во просториите на Црвен крст – Охрид се одржа едукативна работилница и презентација со цел кревање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на дијабетесот.На самата едукација волонтерите имаа можност да се запознаат со начините на превенција, симптомите и различните типови на болеста како и да ги тестираат нивните знаења за дијабетесот, информираат од Црвен крст...
Денеска извлекување на наградите од акцијата „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО” на Црвен Крст Охрид
Post Views: 12 Извлекувањето на добитниците на 20 вредни награди од овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО” ќе се изврши денес, четврток, 17.10.2024 година во 18:00 ч.Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк: https://youtube.com/live/sKIyd64ITrE?feature=shareПодгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето на наградите на линкот: https://youtube.com/live/sKIyd64ITrE?feature=shareДоколку биде извлечен бројот...
Денес свечено ќе биде отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато
Post Views: 20 Денес во 12 часот во село Белчишта свечено ќе биде отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато.-Општина Дебрца и Екотуризам 2016 Охрид работеа долги години на истражување и валоризација на Белчишкото Блато. После долги години труд и посветено работење, чест и задоволство ни е да ви го испрезентираме сработеното, велат од Општина Дебрца.Оттаму додаваат дека со овој Центар се креираат вредности кои ќе ги поттикнат младите и локалното население да земат активна улога во заштитување прекрасниот предел на Белчишко Блато и да придонесат кон...
Времето во Охрид променливо облачно со сончеви периоди и температура до 18 степени
Post Views: 8 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.До недела ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време. Утре и во сабота ќе има слаб локален дожд претежно во западните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 9 до 18 степени Целзиусови.
Вевчани штеди енергија со фотоволтаици на прочистителна станица за отпадни води
Post Views: 11 Преку инсталација на фотоволтаичен систем на прочистителната станица за отпадни води, Општина Вевчани имплементираше иновативен проект за заштеда на електрична енергија, што придонесува за поекономичен третман на отпадните води, производство на енергија од обновливи извори, а со тоа и намалено негативно влијание врз животната средина. Вевчани е една од вкупно 10 општини од Западен Балкан кои реализираа иницијативи за енергетика, транспорт и климатски промени во рамки на проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и...
Да помислиме на нашите сограѓани кои се борат да се прехранат
Post Views: 14 16ти октомври е ден на борба против гладта, а за некои наши сограѓани уште еден ден на борба да се стави оброк на семејната трпеза. Инфлацијата и поскапувањата најмногу ги погодија социјално загрозените категории граѓани. Голем број семејства во охридско се соочуваат со потешкотии да се прехранат и често помош бараат во Црвениот Крст.„Можам да кажам дека годишно во Црвениот Крст опслужуваме околу 500 до 600 луѓе, семејства кои доаѓаат кај нас и имаат потреба од најразновидна помош, не се работи само за храна. Имаат потреба од лекови, карти за патување до...
РЦСОО „Ванчо Питошески”-Охрид во петок ќе го одбележи патрониот празник
Post Views: 12 Во петок, 18.10.2024, РЦСОО „Ванчо Питошески”-Охрид ќе го одбележи својот патронен празник. Прославата ќе се одржи во просториите на училиштето со почеток во 13.30 часот, информира директорот на училиштето Марјан Радески.
Во недела претставата „Кумови“ премиерно пред охриѓани
Post Views: 17 Претставата “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ премиерно ќе биде изведена во недела 20.10.2024 во 20 часот. а предпремиерата ќе биде одиграна ден претходно, во сабота на 19.10.2024 во 20 часот.Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев, а режијата е на Билге Емин.Превод и драматургија се на Кристина Тодороскс Петреска, сценографијата на Татјана Христоска Бажевска, а за костимографија е задолжена Марија Пупуческа.Претставата започнува во 20.00 часот,...