Автор: инфодеск
Post Views: 339 За првпат оваа година општина Охрид покрај стипендиите кои ги доделува за учениците од општинските основни и средни училишта и традиционалното доделување на награди за постигнати успеси по повод 24 ти Мај денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј„ ќе се доделат и парични награди за учениците од основните и средните училишта во општина Охрид и нивните ментори кои постигнале успеси на државни и меѓународни натпревари на натпреварите во знаење по наставните предмети. Ќе се доделува парична награда и за првенецот на генерацијата избран од страна на...
ОН предлагаат намалување на пластичниот отпад за 80 отсто до 2040-та
Post Views: 314 Земјите можат да го намалат загадувањето со пластика за 80 отсто до 2040 година со примена на постојната технологија и правење големи промени во политиките, се вели во новиот извештај на Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP).Телото на ОН со седиште во Кенија објави анализа на политичките опции за справување со кризата со пластичниот отпад две недели пред земјите да се соберат во Париз на вториот круг разговори за да изготват глобален договор за елиминирање на пластичниот отпадИзвештајот се фокусира на три главни пазарни промени потребни за...
„2 Mothers Brothers“ во сабота во Ребел
Post Views: 285 „2 Mothers Brothers“ со Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски оваа сабота (20.05.2023) во Клуб Ребел Охрид.Динамичното дуо Стрезо и Никола, појачано со музичката генијалност на Маестро Никола Јосифоски на клавијатура и Маестро Јане Тодороски на контрабас. Комично музичко шоу кое користејќи го жанрот кабаре се исмева со се она што не опкружува во животот: политика, врски, вечната борба помеѓу мажи и жени….па дури и контрацепција во Брежани.Неверојатна комедија збогатена со авторски песни и пеколни пародии на познати нумери.Почеток на шоуто во 21:00...
Килограм свежо овошје неделно за секое дете во сите градинки во државава
Post Views: 302 На вчерашната седница на Владата беше усвоена Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2023 година.Издвоени се 40 милиони денари во буџетот со кои ќе се откупат 880.000 килограми овошје од прва класа и тоа најмалку 90.000 кг кајсии, 175.500 кг праски, 168.000 кг сливи, 74.000 кг круши, 370.000 кг јаболки. Овошјето е наменето за 38000 деца од сите градинки во државата. Секое дете, еднаш неделно ќе добие по еден килограм сезонско овошје.„Целта едецата да јадат свежо овошје кое е соодветно на сезоната во која се произведува.“ изјави...
Голман од Босна го засилува ГРК Охрид
Post Views: 410 Берин Бркиќ, кој важи за еден од најталентираните голмани во БиХ, би требало да биде ново засилување за амбициозната екипа на Охрид за следната сезона, пишува „Свијет рукомета“.Според информациите од овој медиум, 19-годишниот перспективен голман ќе го замени некогашниот европски првак Борац Бања Лука со Охрид.По завршувањето на актуелната сезона Бркиќ од Зеница ќе пристигне во Охрид, а својата кариера овој млад голман ја започна во Маглај, а три години го носи дресот на Борац Бања Лука.
Во сабота акција кабаст отпад У.З.8 „Билјанини Извори”
Post Views: 244 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 20.05.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.8 „Билјанини Извори”„Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 20.05.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.“ – информираат од јавното претпријатие....
Налепници со „НМК“ наместо нови регистарски таблички
Post Views: 240 Налепници со ознаката „НМК“ наместо нови регистарски таблички, одлучи владата, со цел да ги поштеди граѓаните од финансиски трошоци и вадење нова документација..Владата на последната седница ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со НМК ознака на регистарските таблици, на предлог на МВР. Во служба на граѓаните, со ставањето на овие налепници ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци за издавање повеќе нови документи/лиценци/сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската таблица, а истовремено во целост се почитува...
Променливо облачно со дневна температура до 19 степени
Post Views: 336 Времето денес во Македонија променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди, со услови за краткотрајни врнежи од дожд. Минималната температура до 9 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 19 степени.И во четврток во Македонија ќе се задржи...
Распеано рибарче по 24-ти пат
Post Views: 365 Вечерва во ЦК “Григор Прличев“ во Охрид свечено беше отворено годинешното издание на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“ што се одржува по 24-ти пат, а под покровителство на градоначалникот, Кирил Пецаков.Во негово име пред присутните се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска.„Нема поубаво чувство и поголема радост да се биде меѓу распеани дечиња кои со возбуда и трепет го чекаат својот настап. Нема поубав рај за душа и очи да се гледаат настапите и изведбите на нашите најмили кои вечерва се вистински...
Утре СВР Охрид ќе спроведе боево гаѓање на стрелиштето Бејбунар
Post Views: 337 Редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре (17.05.2023 година) од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар” ќе спроведе вежбовна активност за боево гаѓање.Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето...
Бесплатни гинеколошки прегледи за жителките на Општина Дебрца
Post Views: 552 Во општина Дебрца ќе започне со работа мобилната амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од општината, со цел превенција од рак на грлото на матката.Се известуваат сите жени на територијата на општина Дебрца, кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат или да се пријават на тел. број 046 286 855 во општина Дебрца или на тел. број 070 315 309 и 046 261 909, во Општинската организација на Црвен крст Охрид за закажување на термин.Пријавувањето да се изврши најдоцна...
Владата усвои препораки за училиштата за подигнување на безбедноста
Post Views: 320 Владата на денешната седница усвои сет препораки наменети за училиштата со цел во овој исклучително сензитивен период да се реагира внимателно и правилно за подигнуивање на безбедноста во училишните објекти и превенирање на меѓуврсничкото насилство, информира министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната прес-конференција во Владата.Министерот ги претстави владините препораки кои ќе бидат доставени до сите училишта и општини и побара од засегнатите страни да ги почитуваат.Сите локални самоуправи во соработка со Меѓуопштинските центри за...