Skip to main content

Автор: инфодеск

Патот преку Националниот парк Галичица е повторно прооден за сообраќај

Views: 82 Јавната установа Национален парк Галичица ги известува граѓаните и посетителите дека патот преку Националниот парк Галичица, кој ги поврзува Охридската со Преспанската страна, е прооден за сообраќај.Од Националниот парк апелираат до возачите и посетителите да се движат со зголемено внимание поради специфичниот планински терен, да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзина и да се однесуваат одговорно кон природата.

Продолжи со читање

Исус Христос

Православните христијани денес го одбележуваат Велики Петок, најтешкиот ден во христијанството

Views: 103 Денот кога Исус Христот бил распнат на крстот, Велики петок (Велипеток) се смета за најтажниот ден во христијанството и најтежок празник. Верата налага строг пост, само на вода, не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. а  верниците треба да се воздржуваат од веселби и прослави. Во црквите се читаат извадоци од евангелијата кои ја опишуваат Страдалната недела на Исус.Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во...

Продолжи со читање

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Views: 84 Променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 19 степени Целзиусови.Викендов времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето.

Продолжи со читање

Започна реконструкцијата на кабинетите за практична настава во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Views: 87 Министерството за образование и наука информира дека заедно со локалната самоуправа започна реконструкција на кабинетите и работилниците за практична настава и обука во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Нивна цел е да се обезбедат современи услови за образование на децата кои одлучиле или ќе одлучат во иднина токму во ова училиште да стекнуваат знаења и вештини.– Во моментов МОН има 30тина активни инфраструктурни инвестиции во повеќе општини во државата, во вредност од околу 32 милиони евра. Се градат 7 нови училишни објекти и 4 спортски сали, 20тина училишта...

Продолжи со читање

Охриѓани во голем број го посетија хуманитарниот Велигденски базар

Views: 114 Охриѓани и гостите во голем број денеска го посетија Велигденскиот базар, кој традиционално по деветти пат го организира Општина Охрид во соработка со ЈП Градски Пазар.На штандовите со велигденски украси и други рачни изработки и годинава се претставија ученици од охридските училишта.Од угостителското училиште „Ванчо Питошески“ на посетителите им понудија и вкусни закуски и пијалоци.-Имаме безалкохолни коктели, свежо овошје, козињак..-Ние подготвивме велигденски колачи, козињак, ванилици, имаме и овошни салати. Ние често учествуваме на вакви настани како...

Продолжи со читање

Велосипедистите го поддржуваат доделувањето на ваучери за набавка на велосипеди

Views: 69 Доделувањето на ваучери за набавка на велосипеди за млади лица до 29 години ќе ја зголеми свесноста за придобивките од возење велосипед. Во Охрид години наназад се вложува во  вело инфраструктурата. Градот има идеални услови за развој на велосипедизмот, но потребно е  изградба на нови вело патеки.Статистиката покажува дека велосипедистите се најзагрозена категорија во сообраќајот, затоа мора да се работи на подигнување на безбедноста и сигурноста, на возачите на овие еко рекреативни превозни средства.– Секако за поздравување е оваа иницијатива на...

Продолжи со читање

Стопанската комора на трговците за прехрамбени производи бараат продолжување на рокот за објавување на цените

Views: 58 Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехрамбени производи со барање да се пролонгира рокот за креирање веб-страници на која продавниците ќе ги објавуваат цените на производите.– Ценејќи ја важноста на дигиталното присуство како неопходен елемент за современо и конкурентно делување на пазарот, напоменуваме дека значителен дел од малите трговци сѐ уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект. Притоа, сакаме да истакнеме дека станува збор за реална потреба од дополнително време со цел квалитетна и одржлива имплементација поради...

Продолжи со читање

Денес симулациска показна вежба на Црвен Крст и СВР Охрид на паркингот пред плоштад „Чинар“

Views: 47 Во рамки на своите јавни овластувања за едукации и ширење на знаењата за правилно укажување на прва помош на повредени во најразлични ситуации, Црвен крст Охрид во партнерство со Одделот за превенција при Секторот за внатрешни работи Охрид, денес во 12 ч., на паркингот пред плоштад „Чинар“ ќе изведе симулациска показна вежба на извлекување и укажување на прва помош на повредени во сообраќајна несреќа во која учествуваат патничко моторно возило и мотор.Службениците од Одделот за превенција при СВР Охрид, заедно со волонтерите на Црвен крст Охрид ќе делат едукативен материјал...

Продолжи со читање