Автор: инфодеск
Post Views: 51 Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е...
Сончево со мала до умерена облачност
Post Views: 34 Претпладне по одделни котлини со услови за магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.Од утре времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.Денешните температури во интервал од 4 до 12 степени Целзиусови.
Одиграно првото коло од Пионерска лига Охрид 2025 во шах
Post Views: 84 Вчера, во ООУ Братство Единство Охрид, се одигра првото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојузот на училишни спортови Охрид.Пионерската лига Охрид 2025 се организира во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид,Резултатите од првото коло во прилог.
Денеска започнуваат Рамазанските пости
Post Views: 46 Од денес муслиманите во целиот свет го започнуваат светиот месец Рамазан. По едномесечниот пост, првиот ден на празникот Рамазан Бајрам е на 30 март. Овој голем муслимански празник се слави три дена. Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачки за стари и болни лица.
Светите Дванаесет маченици кои пострадаа во времето на Диоклецијан
Post Views: 133 Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа. Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста. Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст. Третиот беше Павле, маж чесен и угледен, кој еднаш порано беше фрлен во оган за Христа. Освен нив уште петмина браќа по тело и дух, родум од Египет, се враќаа од осуда од рудникот...
Денеска времето променливо облачно и релативно топло
Post Views: 33 Променливо облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека во недела на повеќе места ќе има вренежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2), а во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.Денешните...
150 години од раѓањето на Кирил Прличев
Post Views: 44 Со свечен настан што се одржа во спомен куќата на Христо Узунов, денес Општина Охрид ја одбележа 150 годишнината од раѓањето на Кирил, синот на Григор Прличев, познат македонски револуционер, публицист, новинар, идеолог и учител. Во рамки на случувањето пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.– Денес гордо се поклонуваме по повод 150 години од раѓањето на Кирил синот на Григор Прличев истакнат македонски револуционер, учител, новинар, публицист, писател и преведувач. ...
Покана за јавна дебата во врска со развојните цели на Општина Охрид
Post Views: 34 Заради поголема транспарентност во спрведување на следниот јавен повик, а со намера да се слушне гласот на невладиниот сектор Општина Охрид свикува јавна дебата на која ќе бидат определени приоритетните области за следниот јавен повик.На јавниот повик кој во текот на 2023 година Општина Охрид го спроведуваше во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOAD2), право да поднесат предлог проекти имаа сите граѓански организации чии проекти се доследни на развојните цели на општина Охрид: младински активизам и партиципација,...







