Skip to main content

Автор: инфодеск

Нови современи апарати во охридската општа болница

Views: 100 Охридската болница се поднови со нови апарати. Вредни донации на одделот за патологија и очното одделение. Едниот современ апарат е за оптичка кохерентна томографија што е основна дијагностичка алатка во модерната офтолмологија . Со овој апарат пациентите наместо по приватни ординации дијагностички услуги ке добиваат во општата болница.Втората донација е опремување на одделението за патологија, со што ќе се скрати времето на чекање резултати што е од клучно значење за пациентите.– Станува збор за четири апарати, автоматизиран ткивен процесор од затворен...

Продолжи со читање

Рампата кај Горна Порта ќе биде спуштена за време на Велигденските празници, освен за жители на Стар град

Views: 67 Поради зголемениот број на посетители и настани за време на Велигденските празници, ЈП Билјанини извори воведува контролирано спуштање на рампа во стариот дел на градот (Горна Порта) со цел зголемување на безбедноста на пешаците и регулирање на сообраќајот во тој дел на градот.Период: од 18 (петок) април 07 часот до 22 (вторник) април 07 часот.-Во тој период ќе биде ограничен пристапот на моторни возила, освен за жители на стариот дел на градот. Одлуката се донесе согласно минатогодишното искуство и согласно барањата на жителите од тој дел на градот. Ве молиме за...

Продолжи со читање

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ успешно реализирана втората обука за користење на противпожарна опрема

Views: 134 Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид денес се одржа втората обука за користење на противпожарна опрема и правилен начин на евакуација.Од таму информираат дека учениците од IV година имаа можност одблиску да научат како се спречува почетен пожар и како правилно да реагираат во итни ситуации.-Голема благодарност до Противпожарната служба – Охрид за нивната посветеност и поддршка во едукацијата на младите, стои во нивното соопштение.

Продолжи со читање

Утре предвелигденска „Импровокација“

Views: 68 Предвелигденска спешл „Импровокација“ е закажана за утре, Велики Четврток, 17 април, со почеток во 20:00 часот во Народен Театар Охрид.Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште едно незаборавно шоу.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075/283-066.

Продолжи со читање

voda

Намален притисок на водата во населбата Видобишта, дел од с.Лескоец и високата зона на градот

Views: 66 Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф450мм) на улицата „Јордан Мијалков“ , денес од 08:30 часот со намален притисок ќе бидат корисниците од населбата Видобишта , дел од с.Лескоец и високата зона на градот.-Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, информираат од претпријатието.

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид организира хуманитарна собирна акција за помош на ранливото население

Views: 67  Како дел од социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележувањто на Неделата на солидарност, од 14-ти до 20-ти април 2025 година, под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“, Црвен крст Охрид организира хуманитарна собирна акција со цел подигање на свеста на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население.– Нашите хумани сограѓани, фирми, институции можат да се вклучат во оваа собирна акција за помош на најранливите со донирање на прехрамбени производи, срества за хигиена, облека, обувки, кои можат да се достават во нашите простории, на улицата „Димитар...

Продолжи со читање

Два последователни настапи на охридските стрелци

Views: 98 Натпреварите се одржаа на стрелиштето во Битолската касарна каде учество зедоа повеќе од 70-тина стрелци во дисциплините пушка и пиштол во јуниорска и сениорска категорија.Старо-нов Државен првак за 2025 год, во категорија на јуниори во дисциплината воздушен пиштол е Климент Мостро од ЖСК„Лихнидос” со резултат од 535 кругови. Во истата категорија Иван Милевски од СК ,,Охрид“ се пласира на третата позиција со резултат од 523 круга, додека неговиот клупски другар Никола Тодороски заврши како четвртопласиран. Во истата дисциплина кај сениорите Даниел Михајловиќ од...

Продолжи со читање

Велика Среда

Views: 73 На Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената: Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16).Последното претсмртно помазание на ГосподаХристос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8). Според евангелските сведоштва, Господ Исус Христос и апостолите ноќта ја поминале „во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот“ (Матеј 26,6).Во Евангелието, коешто се чита на Предосветената Литургија (Матеј 26,6-16), се вели дека токму на тој ден некоја...

Продолжи со читање