Автор: инфодеск
Views: 204 Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека на ден 12.09.2026 година (Сабота), во периодот од 18:00 до 24:00 часот поради одржување настан „НОЌ НА МУЗЕИ : ОХРИД ГРАД – МУЗЕЈ 2026“ за сообраќај ќе биде затворен дел од ул. „Цар Самоил“ (од рампата на градскиот плоштад до крстосницата ул. „Цар Самоил“ со ул. „Коста Абраш“).Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времениот режим на сообраќај со цел безбедно одвивање на сообраќајот и непречено одвивање на гореспоменатиот настан.
Општина Охрид организира обука за женско претприемништво
Views: 128 Согласно годишната програма на Одделението за Лолкален економски развој, Општина Охрид на 1-ви Октомври започнува со петдневна стручна обука за жени претприемачи. Обуките ќе ги реализираат стручни лица од World Smart Education.Пријавувањето е во период од 15.09 до 25. 09 2026г. на телефонскиот број 070 841 266 и на електронската адреса worldsmarteducation@yahoo.comПо обуките жените кои ќе бидат дел од проектот се стекнуваат со практични знаења и вештини за претприемништво, ќе разменуваат искуства и бизнис идеи и...
Зошто е добро да трчате? Ова се придобивките од редовното трчање
Views: 262 Трчањето е една од наједноставните физички активности, а истовремено носи бројни придобивки за телото и умот. Не е потребна скапа опрема или теретана, доволни се удобни патики, малку слободно време и желба за движење.Редовното трчање помага за подобрување на кардиоваскуларното здравје, бидејќи го зајакнува срцето и ја подобрува циркулацијата. Со текот на времето може да придонесе и за подобра физичка издржливост и кондиција.Трчањето е корисно и за одржување на телесната тежина, бидејќи согорува значителен број калории и го активира голем дел од мускулатурата. Во...
Денес се празнува денот на отсекување на главата на Св. Јован Крстител
Views: 126 Денеска Светата православна Црква го празнува споменот на отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител.Свети Јован Крстител или уште како се нарекува Св. Јован Претеча живеел во исто време кога и Исус и тој всушност го најавува неговото доаѓање. Јован уште пред Исус ги крштевал луѓето во реката Јордан и притоа им велел „Јас ве крштевам со вода, но ќе дојде друг кој ќе ве крсти со Дух“. Јован го крстил и Самиот Исус во реката Јордан.Антипа, син на стариoт Ирoд, убиeц на младeнцитe вo Витлeeм вo врeмeтo на раѓањeтo на Гoспoда Исуса, бил гoспoдар на Галилeја, вo...
Денес сончево и топло, за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време
Views: 138 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Денес во Охрид минималните температури од 17, а максималните до 30 степени Целзиусови.Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време.
Историски чекор за „Св. Еразмо“, за првпат изведени три роботски ендопротези на колено
Views: 210 За првпат во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид беа изведени три роботски навигирани операции за поставување тотална ендопротеза на колено, со што установата прави значаен исчекор во примената на современите технологии во ортопедската хирургија.Зафатите беа изведени на пациенти од регионот од страна на комбиниран медицински тим од „Св. Еразмо“, предводен од проф. д-р Константинос Макридис од Грција. Во тимот учествуваа ортопедите спец. д-р Огнен Шешоски, спец. д-р Атанас Поп-Стефанија, спец. д-р Александар Стевоски, спец. д-р Стефан...
ГРК Охрид ги пушти во продажба сезонските билети за сезоната 2026/27
Views: 292 ГРК Охрид ги пушти во продажба сезонските билети за сезоната 2026/27, а љубителите на ракометот можат да ги набават на билетарата кај СРЦ „Билјанини извори“.Цената на сезонскиот билет изнесува 3.500 денари, а истиот важи за натпреварите на охридскиот клуб во Супер лигата, Регионалната лига и Купот на Македонија.Посебна поволност е тоа што имателите на сезонски билети ќе имаат предност при купувањето билети за натпреварите на ГРК Охрид во ЕХФ Европскиот Куп, а дополнително, со секој сезонски билет следува и дрес од новата едиција на клубот за сезоната 2026/27.
Димитриеска-Кочоска на Регионалната конференција „Охрид 2026“ – Фискалната консолидација и развојот се градат заедно, фискалната дисциплина не значи откажување од економски развој
Views: 186 -Намалување на дефицитот и внимателно управување со јавниот долг, но без запирање на инвестициите и економскиот раст. Тоа е насоката во која Македонија треба да ги води јавните финансии во период кога новите економски шокови стануваат сè потешко предвидливи, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Регионалната конференција „Охрид 2026“.Фискалната консолидација и развојот не треба да се гледаат како две спротивставени политики. Напротив, државата треба однапред да создава финансиски простор за справување со идни кризи, а истовремено да ги насочува...









