Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Views: 69 Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Од УХМР информираат дека до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло.Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 10 до 21 степен Целзиусов.

Продолжи со читање

Дупки, смрдеа и истечена канализација во строгиот дел на Охрид, дали вака ќе пречекуваме гости за Велигден?

Views: 118 Наши сограѓани кои живеат во строгиот центар на градот, веднаш позади НУ Центар за култура “Григор Прличев”, а до клубот Омниа, ни испратија видео каде се гледа дека има пукната цефка од која веќе подолг период истекува канализација, а надлежните служби немаат слух за истиот.-Ова е во центар позади киното, до клубот Омниа. Канализацијата веќе еден месец течит и мирисат, никој не идат и не креват на телефон од нискоградба, реагираат жителите на овој дел од градот.

Продолжи со читање

Свр охрид

СВР Билтен: Охриѓанец ја нападнал невенчаната сопруга, одземена марихуана на „Железничка“

Views: 85 На 14.04.2025 во 09 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом, физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 14.04.2025 во 17.50 часот, при контрола извршена на отворен простор околу булеварот „Железничка“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

Полициски службеници на работни средби во Општина Дебрца за подигнување на јавната свест за заштита на шумите од пожари

Views: 70 Со цел, подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, вчера (14.04.2025), одржаа повеќе работни средби со советодавните групи граѓани од селата Ботун, Лешани, Злести, Велмеј, Белчишта, Оздолени, Средорече и Издеглавје, општина Дебрца.-Притоа, низ интерактивна комуникација, со граѓаните се дискутираше за општите мерки за превенција и заштита од пожар во шумите и на вегетацијата на отворен простор, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари, како и на...

Продолжи со читање

gradezni raboti

Приведени 13 албански државјани кои изведувале градежни работи во Охрид без дозвола за работа

Views: 138 На 14.04.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски” во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад”, приведоа 13 албански државјани.–Тие претходно, беа затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа. Од преземените мерки, констатирано е дека тие, на 14.04.2025 година, оствариле легален влез во државата но, не поседувале соодветни одобренија и дозвола за привремен престој по основ на работа, согласно член 80 од Законот за странци. Тие немале...

Продолжи со читање

25 граѓански организации бараат од Владата да се поништи решението за градба на хотелот кај Горица

Views: 119Вкупно 25 граѓански организации поднесоа претставка до премиерот и членовите на Владата која се однесува на одобрението за градење за хотелскиот комплекс во Горица за кое, како што информираат, сите релевантни закони налагаат обврска да се прогласи за ништовно. Претставката се осврнува и на инспекцискиот надзор на Државниот инспекторт за животна средина (ДИЖС), кој, според нив, изобилува со законски прекршувања и можни кривични дела, како и на улогата и законските прекршувања на Управата за животна средина. Организациите доставија претставка со слична содржина и барања и до...

Продолжи со читање

Одиграно шестото коло од Бизнис лигата Охрид 2025 во шах

Views: 105 Вчера се одигра шестото коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах, а во организација на ШК Ласкер Охрид.На Бизнис лигата Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА Пласт Охрид, ЈП Нискоградба Охрид, ЈП Градски гробишта Охрид, Шпаркасе Банка АД Скопје, ООО Дизајн Принт Студио Охрид и УИТ Апостол Павле Охрид.Резултатите во прилог:Бизнис лигата Охрид 2025 се организира во согласност со Годишната програма за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.

Продолжи со читање

Следува продолжен викенд – петок е неработен ден за православните, понеделник за сите граѓани

Views: 99  Согласно со Законот за празниците, 18 април, Велики Петок, е неработен ден за православните верници.За сите граѓани неработен ден ќе биде 21 април (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар. 

Продолжи со читање