Skip to main content

Автор: инфодеск

Вечерва Велигденски концерт на ООМУ „Методи Патче“

Views: 90 Вечерва со почеток во 19:00 часот ќе се одржи традиционалниот Велигденски концерт. Концертот ќе се одржи во концертната сала на ООМУ „Методи Патче“.Инаку, учениците од музичкото училиште можат да се пофалат со нивните многубројни успеси. Последно, на јубилејното десетто издание на меѓународниот натпревар ,,Полихимнија“, Ана Јосифоска освои прва награда (99 поени), а Виктор Србиноски освои специјална прва награда (100 поени) и настапи на завршниот концерт на лауреатите. Ана и Виктор се ученици во класата на наставничката Елица Рашкова. Од школото изразуваат и благодарност до...

Продолжи со читање

Велики вторник, спомен на евангелската приказна за десетте девојки

Views: 88 На светиот и велики вторник правиме спомен на евангелската приказна за десетте девојки. Господ наш Исус Христос им говореше вакви приказни на своите ученици, додека влегуваше во Јерусалим, пред своето страдање. Со приказната за десетте девојки, Господ поттикнува на милост, и воедно ги поучува сите луѓе подготвено да го дочекаат крајот. Петте девојки, Он ги нарекува мудри, затоа што тие на девственоста ѝ го придодадоа обилното и скапоцено масло на милоста, а другите пет, ги нарекува неразумни, затоа што немале соодветна милост, иако и нив, исто така, ги одликувала девственост. Тие...

Продолжи со читање

Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи

Views: 76 Претпладне облачно со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Во Охрид денес температурите од 10 до 16 степени Целзиусови.Следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, информираат до УХМР.

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Решение за поддршка на лица згрижени во згрижувачко семејство

Views: 62 Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр 5/02), Програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2024 година, Правилникот за начинот, постапката и критериумите за еднократна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид број 09-599/1 од 21.01.2025 година, јавниот повик за еднократна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид број 09-600/1 од 21.01.2025 година, како и записникот со предлог од Комисијата...

Продолжи со читање

Нов повик за субвенциониран студентски оброк

Views: 113 Министерството за образование и наука известува дека направени се измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката. Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.Согласно законските измени, на следниот линк е објавен нов повик за...

Продолжи со читање

Во четврток „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“

Views: 59 Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 17.04.2025 година (Велики четврток) со почеток во 11:30 часот ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“.-На базарот ќе земат учество охридските занаетчии, производителите на домашна традиционална храна и трговците кои продаваат велигденски украси. На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, на учениците од општинските основни и средни училишта, на младите од Младинскиот центар и волонтерите на ОО на Црвен...

Продолжи со читање

Волино рурален развој

Волинчанец физички нападнал фудбалер од ресенско Грнчари по фудбалски натпревар од третата фудбалска лига

Views: 60 На 13.04.2025 во 22 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишиле 43 годишно лице од истото село. Тој, по завршување на фудбалски натпревар од третата фудбалска лига одржан во Волино, физички нападнал 25 годишно лице од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

Екипите на „Охридски комуналец“ на терен за хортикултурно средување на зелените површини

Views: 140 Екипите на „Охридски комуналец“ на терен на многуте локации за хортикултурно средување на зелените површини. Велат дека се косат тревниците, се садат нови дрвја во градски парк и ул.,,7-ми Ноември”, се спроведуваат припремени активности за садење на трева на ул.,,7-ми Ноември”, хортикултурно одржување кај црквата Св. Никола во с.Љубаништа и околу детското игралиште во с. Рача.-Пролетта е годишно време кога парковите зрачат со својата убавина и впечатливи бои. Природата се буди, семињата никнуваат, тревата ја добива онаа впечатлива зелена боја, цвеќињата...

Продолжи со читање