Автор: инфодеск
Post Views: 248 На 7-ми јули 2023 година, во 09:30 часот во СВР Охрид е приведен Р.Т. (65) од охридското село Лескоец.Од МВР информираат дека тој се барал врз основа на наредба од Основниот суд во Охрид за издржување казна затвор, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор-Струга“ за издржување на казната.
Денеска од 16 часот кај Долна Порта прв Ракија базар
Post Views: 366 Денеска од 16 часот кај Долна Порта ќе се одржи првиот „Ракија базар“ во Охрид во организација на здружението Македонски Дестилерии.Најавено е учество на над 25 семејни дестилерии со преку 50 етикети на квалитетни ракии, вињаци, ликери…Сите излагачи – дестилерии се регистрирани во регистерот на производители.Со оглед дека голем дел од дестилериите се и регистрирани семејни винарии, предвидена е дегустација и на вина.Настанот е поддржан и од Slow Food Ohrid.На базарот посетителите ќе имаат можност да вкусат деликатеси изработени со многу љубов...
Љубовта на охриѓанката Елисавета и галичанецот Оливер ќе се слави на Галичка свадба
Post Views: 577 Од 14-ти до 16-ти јули ќе се одржи Галичката свадба. Манифестацијата која ја слави традицијата и љубовта годинава одбележува 60-годишен јубилеј. Галичник е прекрасен е во секој период од годината, но најубаво ќе го доживеете за време на Галичката свадба.Кој бил – знае, кој не бил – ќе се покае доколку не го стори тоа набрзо. Галичката свадба се одржува секоја година околу Петровден. Богата е со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали: пиштењето на зурлите, чукањето на тапаните, свекрвиното оро, носењето на невестата на...
Во завршна фаза е воспоставувањето на едношалтерски систем на Ќафасан
Post Views: 368 Директорите на македонската и албанската Царинска управа извршија увид на граничниот премин Ќафасан, во однос на воспоставувањето едношалтерски ситем – заеднички контроли. Проектот е во завршна фаза, граничните формалности со едно застанување ќе значат олеснување на трговијата, транспортот и протокот на патници.На Ќафасан е веќе воспоставена приоритетна лента за сите товарни возила од земјите од Отворен Балкан.„Во моментов во царинската управа во подготовка се проекти за зголемување на бројот на сообраќајни ленти и автоматизација на...
Сончево време со температура до 28 степени
Post Views: 355 Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). UV=8Во Охрид сончево со слаб до умерен ветер. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна до 28 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно и суво време. Од понеделник температурата насекаде ќе биде во значителен пораст.
Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари
Post Views: 293 На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.Од ССМ велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени. За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 19 805 денари, а за покривање на режиските трошоци 13. 416 денари. За превоз минимум на едно семејство му биле потребни 3. 720 денари, а за хигиена 3. 252 денари.
(видео) ТАВ Македонија ангажира познат српски блогер да го промовира Охрид
Post Views: 403 ТАВ Македонија, со поддршка на Air Serbia, го пречека и беше домаќин на српскиот блогер за патувања Putuj.rs, со цел промоција на Охрид и Охридското Езеро како дестинациja за патување кај граѓаните од соседна Србија, кои од 19 јуни можат да пристигнат во Охрид за помалку од 1,5 час, со летовите на Ер Србија на обновената линија Белград-Охрид, која сообраќа 4 пати неделно.Српскиот блогер за патувања Милош Петровиќ пристигна на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид со првиот обновен лет на релација Белград – Охрид, на 19 јуни, а за време на неговиот 5-дневен...
Забраната е на сила, се вршат само неопходни санации на инфраструктурата
Post Views: 611 Градежните зафати на ул „Даме Груев“ , за кои реагираа граѓани преку рубриката ТиСиТвојотГрад се изведуваат по налог на Општина Охрид со цел санација на коловозот.На потегот предходно била изведувана канализациона линија поради проблеми со запушување. Откако коловозот бил вратен во првобитна состојба по зафатот на канализационата мрежа, се појавила потреба од дополнителна интервенција на асфалтот.Од Општина Охрид посочуваат дека Одлуката на градскиот Совет за забрана на градежни работи во централното подрачје во периодот од 1 јули до 1 септември е на сила...
Охриѓанец со возило удрил во пешак и три паркирани возила на ул „7 ноември“
Post Views: 290 На 07.07.2023 година во 04.20 часот, на улицата „7 ноември” во Охрид патничко возило „форд фокус” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Охрид удрило во пешак И.К.(41) од Охрид, паркирани патнички возила „фиат пунто” и „волво” со охридски регистарски ознаки и „мазда 5″ со српски национални ознаки. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот А.К. со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, информираат од СВР Охрид.По наредба на јавен обвинител, увид извршија...
Црвен Крст обучи уште 7 лица за негувател/ки на стари лица и лица со попреченост
Post Views: 272 Заврши и четвртиот циклус од обуките за негувател/ки на стари лица и лица со попреченост на Црвен крст Охрид.На крајот од овој четврти циклус доделени се сертификати на 7 лица кои во месеците мај и јуни ја следеа обуката за негувател/ка на стари лица и лица со попреченост и истата успешно ја завршија.„Лицата кои ја завршија обуката ќе имаат можност да бидат вклучени во Нега центар при Црвен крст Охрид, социјален сервис кој ја нуди социјалната услуга помош и нега во домот на стари лица над 65 години, лица со намален функционален капацитет и на лица со...
Полицијата пронашла пиштол кај жител на струшко Тефериќ
Post Views: 345 На 06.07.2023 година во 18.40 часот, во ОВР Струга приведен е О.Е.(21) од струшкото село Тефериќ.„При контрола на патничко возило „Мерцедес” со струшки регистарски ознаки што тој го управувал, претходно извршена на регионалниот пат Струга-Дебар, кај месноста „Моројшки мост”, полициските службеници од инспекторатот за борба против дрога и оружје, кај него пронајдоа и одзедоа еден пиштол и една рамка за пиштол, што нелегално ги поседувал.„ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.По целосно документирање на настанот за...
Општина Охрид го опреми ОУ „Христо Узунов“ со нови клупи и столчиња
Post Views: 398 Во насока на подобрување на условите за одвивање на наставниот процес, Општина Охрид набави нови клупи и столчиња за ОУ „Христо Узунов“.Со нови клупи и столчиња опремени се 13 училници, а вредноста на инвестицијата е околу 1 700 000 денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид.„Продолжуваме и понатака во исполнување на нашата цел, а тоа е издигнување на воспитно – образовниот процес на повисоко ниво.“ – напиша градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков во објавата на Фејсбук.