Skip to main content

Автор: инфодеск

Одржана вело авантура на Славеј Планина

Views: 118 Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја одржаа Четвртата велосипедска тура во Дебрца, која годинава во организација на Здружението за планински велосипедизам Rupicapra MTB Adventure team се вози од село Лактиње до Славеј Планина.Градоначалникот Зоран Ногачески ги поздрави учесниците на планинска велосипедска тура, и истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени природни убавини, кои што се привлечни за љубителите на природата, екологисти, планинари, а во поново време и љубители на планински велосипедизам, а изрази и благодарност...

Продолжи со читање

Охриѓанецот Марко Пејчиновски пред нов предизвик: “IRONMAN TRIATHLON”

Views: 83 Охриѓанецот Марко Пејчиновски го најави неговиот најнов предизвик закажан за 28-ми август 2025 година. Марко ќе го изведе предивикот Ironman Triathlon кој се состои од вкупно 106,8 километри: 42,2 км ќе ги помине во трчање, 42,2 км во возење со велосипед и 22,4 км со пливање.За Марко, мотивот за овој подвиг е потрагата по желба за живот.-Борејќи се со искушенијата кои животот ни ги носи, непрепознатливо за мене, се изгубив и се оддалечив од Господ. Со тоа одвојување од Бога, како да го видов и почуствував пеколот во мене. Бев уплашен и изгубен. Самодовербата ми беше на...

Продолжи со читање

Променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер

Views: 62 Променливо облачно, во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.Од денес следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.Температурите во Охрид денес од 8 до 15 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Велик Понеделник

Views: 57 На светиот и велики понеделник, се сеќаваме на блажениот Јосиф, прекрасниот; се сеќаваме и, на од Господа проколнатата, исушена смоква. Почнуваат светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, а пред тоа, како на Негов праобраз, се сеќаваме на прекрасниот Јосиф. Јосиф беше син на патријархот Јаков, син којшто му го роди Рахила. Омразен од своите браќа, заради некои сновиденија, Јосиф прво бива фрлен, од нив, во длабока јама, за потоа браќата, со крвавата облека, да го мамат татка си, дека Јосифа го растргнале ѕверовите. Потем, за триесет сребреници Јосиф бива продаден на...

Продолжи со читање

Свр охрид

СВР Охрид: Лице од Елшани се заканувало на социјалните мрежи поради претходни недоразбирања во спортски клуб

Views: 64 Ноќеска, 15 минути по полноќ, 50-годишно лице од Охрид, родител на малолетно дете, пријавило во СВР Охрид дека лице од селото Елшани преку социјални мрежи упатил закани кон неговото дете и кон друго лице, а поради претходни недоразбирања во спортски клуб.– Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. 

Продолжи со читање

Јајца

Вонредни контроли на АХВ – уништени месо, јајца, бои, мед, ракија и маслиново масло

Views: 104 Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници. Во рамки на  спроведените 350 надзори на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца, како небезбедни уништени се 1230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други призводи. Од агенцијата информираат дека на утврдените недоследности со вонредните...

Продолжи со читање

Влегување на Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Views: 81Празникот Цветници, познат уште и како Цветоносна недела и Врбица е подвижен празник, секогаш се слави во неделата пред Велигден.Тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен.Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал....

Продолжи со читање

Се одржа Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“

Views: 90 Вчера се одржа Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ на кој учествуваа 16 ученици од седум Основни училишта:  „Григор Прличев“, „Ванчо Николески“, Лескоец, „Христо Узунов“, „Живко Чинго“, Велгошти „Св. Климент Охридски“, „Дебрца“,  Белчишта и „Св. Наум Охридски“, Пештани.Натпреварувачите претходно подготвениот текст го  одговараа во текот на еден час и се потпишаа со шифра, а Комисија од Библиотеката по прегледувањето на прашалниците на посебен настан ќе го прогласи победникот кој ќе се стекне со право на учество на 24. Републички натпревар „Млади библиотекари“ кој во...

Продолжи со читање