Автор: инфодеск
Post Views: 15 Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто.Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 проценти, Алкохолни пијалаци зa 0,3 и Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто....
Втор хуманитарен 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“
Post Views: 18 Во насока на спортско-фудбалско дружење на Јавните претпријатија и приватните компании, а по повод ослободувањето на Охрид, ЈП „Билјанини извори“, втора година втор по ред организира хуманитарен 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“.–Турнирот започнува во четврток, на 24-ти октомври 2024 година, во 19:00 часот и ќе трае до среда, 6-ти ноември 2024 година, за кога е закажан финалниот натпревар. Сите 28 натпревари ќе се играат во Спортската сала „Билјанини извори“. Учество ќе земат 16 екипи: минатогодишниот победник АСП ПАК, Костал...
Акција кабаст отпад У.З.3 и У.З.4 населби Кошишта, Воска и Даљан во четврток
Post Views: 14 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 10.10.2024 год.(четврток) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.3 и У.З.4 со која ќе се опфатат населбите Кошишта, Воска и Даљан-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 10.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од...
Симулациска вежба за евакуација при земјотрес и пожар во СОСУ Св. Кирил и Методиј – Охрид
Post Views: 17 ТППЕ Охрид – Пожарна во СОСУ Св. Кирил и Методиј – Охрид, а во соработка со СВР Охрид, Црвен крст – Охрид и Центарот за управување со кризи, одржа симулациска вежба за евакуација при земјотрес и пожар, и воедно демонстрира високо ниво на професионализам во справувањето со вакви ситуации.Високо ниво на професионалност, координираност и ефикасност во дејствувањето покажаа тимовите на Територијалната противпожарна единица Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид, тимовите за прва помош, реалистички приказ на повреди и психолошка прва помош...
Работилница на тема „BURNOUT – синдром на работно место” во Црвен Крст Охрид
Post Views: 11 Во рамките на одбележување на Светскиот ден на менталното здравје, Црвен Крст Охрид на 09.10.2024 (среда) со почеток од 20:00ч организира едукативна работилница на тема „BURNOUT – синдром на работно место”.Eдукативната работилница ќе биде одржана од страна на Ранко Раткушиноски – психолог и Катерина Наумоска – проектен координатор.
Сончево време со умерена облачност и температура до 21 степен
Post Views: 15 Во Охрид денес сончево време со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21 степен.Во текот на оваа седмица во утринските часови по котлините ќе има ниска облачност, а во текот на денот насекаде ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Температурите ќе бидат во пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија. фото: Ѓоко Симјаноски
Во среда и четврток на ФТУ ќе се одржи гастрономско-едукативен настан
Post Views: 13 Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во соработка со македонската асоцијација на шефови на кујни Гастромак и Општина Охрид, организира гастрономско-едукативен настан кој ќе се одржи на 9-ти и 10-ти октомври 2024 година.На 9-ти октомври, со почеток во 13:00 часот, ќе се одржи пресконференција во амфитеатарот на факултетот на која ќе говорат:– Г-ѓа Вања Тодоровска, портпарол на Гастромак,– Доц. д-р Климент Наумов, раководител на катедрата по гастрономија при ФТУ-Охрид и– Д-р. Кирил Пецаков, градоначалникот на...
Неделата на млади исполнета со најразновидни активности
Post Views: 16 Неделата 1-7 октомври е резервирана за одбележување на НЕДЕЛАТА НА МЛАДИ која беше исполнета со најразновидни активности.Клубот на Млади при Црвен Крст – Охрид учествуваше на заедничко онлајн вклучување на сите Клубови на Млади на територијата на Македонија, се запознаа со активностите од другите Клубови на Млади, и ги презентираа нивните активности и приказни кои го направиле волонтирањето вредно за паметење.-Во оваа прилика им се заблагодаруваме на младите кои секојдневно вложуваат за да го направат светот подобро место за сите нас, велат...