Автор: инфодеск
Post Views: 384 Општина Охрид соопштува дека ќе биде повторена јавна анкета и јавна презентација за Предлог Дуп во УЗ 16 дел од УБ 16.1 опфат 3, КО Велестово, Охрид 2017-2022 со тех. бр. 28/2017 од февруари 2023 год. изработен Трговско друштво за производство, трговија и услуги НЈУ ВИЖЕН ДОО увоз-извоз Охрид. Планскиот опфат на Предлог ДУП во УЗ 16 дел од УБ 16.1 опфат 3, КО Велестово, Охрид 2017-2022 е со површина од 8.74 хектари.Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 15.05.2023 год. со почеток во 12.00 часот.Заради обезбедување...
Јавен оглас за поставување реклами на автобуски постојки во Охрид
Post Views: 338 Општина Охрид објави јавен оглас за добивање право за поставување на реклами на урбана опрема – автобуски постојки на подрачјето на општина Охрид за периодот 2023-2028 година.Локациите и бројот на автобуските постојки на кои ќе се поставуваат реклами се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема бр.08-17370/42 од 22.12.2022 година.Локациите за поставување на реклами на урбана опрема-автобуски постојки се вкупно 15 и се наоѓаат на територијата на општина Охрид и тоа на Бул.Туристичка, Јане Сандански, Питу Гули, 7-ми Ноември, Гоце...
Прво регионално првенство во Шах ,,Lake Queen School Cup 2023”
Post Views: 456 Вкупно 115 основци од општините Охрид, Дебарца, Струга и Вевчани беа дел од првото регионално младинско првенство во шах ,,Lake Queen School Cup 2023” што се одржа изминатиов викенд во ПУ „Јахја Кемал“ во Струга. Турнирот се организираше од страна на шаховскиот клуб „Младинска шаховска школа“ од Струга во соработка со шаховскиот клуб „Ласкер“.Учесниците на настанот ги поздрави заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, а свои обраќања имаа и Јусуф Сахин, директор на ПУ „Јахја Кемал“ и Сурија Таук, член на управниот одбор на Шаховската...
Во продажба билетите за ракометниот Куп во Охрид
Post Views: 301 Организаторот на завршните турнири во Купот на Македонија, ГРК Охрид објави дека oд денеска од 12 часот започнува продажбата на билети за сите натпревари.Поединечни билети за полуфиналните пресметки во машка и женска конкуренција ќе се продаваат по цена од 100 денари, за финалињата во двете конкуренции билетите ќе чинат 200 денари, додека пак блок карта за сите шест средби ќе чини 600 денари.Технички организатор на завршниот турнир на ракомениот Куп на Македонија е ГРК Охрид. Купот ќе се одржи од 11 до 13 мај во Спортската сала „Билјанини Извори”.
Во Охрид денеска облачно и посвежо време
Post Views: 311 Денеска во Македонија времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни над 25 л/24часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Во Охрид претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура до 11 степени , а максималната дневна до 16 степени целзјусови.
Ресторанот „Томато“ во туристичка репортажа на германската RTL+
Post Views: 469 Убавините на градот Охрид, вкусната храна во ресторанот „Томато“ во центарот на Охрид и пристапните цени претставени во репортажа на германската RTL.Екипата на RTL три денови беше во Охрид и изработи репортажа за емисијата „Луѓе, моменти и приказни“. Во емисијата на гледачите им се претставува она што го интересира секој турист, сместувањето, интересни активности како крстарење по Охридското Езеро и вкусната храна.Целта на репортажата е на германската публика да им се прeтстават нови туристички дестинации за летен одмор со пристапни и прифатливи...
Видео од ученици од ЕМУЦ, за притисокот и стресот на училиште, наградено на МАССУМ
Post Views: 815 Учениците Бобан Кочески, Иво Јовчески, Ален Бајрам и Димитар Димоски од паралелката III-3 од ЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид, под менторство на професорот Ацо Вретоски, изработија видеоспот (видеореклама) за натпреварот Образовно рандеву МАССУМ 2023 на тема: ,,Притисокот и стресот во врска со учењето и успехот на училиште”, под наслов: ,,Голема цена за големи достигнувања: Совладување на стресот и постигнување успех”.Оваа видеореклама го освои второто место на МАССУМ во конкуренција од средните стручни училишта во Македонија.
Воска ја пречекува Детонит Плачковица, Охрид гостува кај Слога
Post Views: 349 Утре се играат натпреварите од претпоследното вонредно 29. коло од Втората македонска фудбалска лига.Фудбалерите на Воска Спорт, кои веќе обезбедија историски влез во Првата македонска фудбалска лига, утре на „Билјанини Извори” ќе играат против екипата на Детонит Плачковица од Радовиш. Воска нема право на грешка доколку сака да стане шампион во Втората лига, со оглед на тоа што Гостивар има само два бода негатива во однос на охриѓани.Триумф над Детонит Плачковица ќе значи дека Воска Спорт ќе биде шампион во Втората лига, со оглед на тоа што во...
Спасовски: Интерпол е клучна организација за глобалната безбедност
Post Views: 299 Улогата на Европа во борбата против новите облици на криминалот и важноста од споделувањето на информациите низ регионот и низ целиот свет во борбата против криминалот, се двете основни поенти на педесеттата по ред Европска регионална конференција на Интерпол, која во наредните три дена се одржува во Охрид.Претседателот на Интерпол Генерал Мајор Ахмед Насер Ал-Раиси , истакна дека и покрај оперативните успеси на Интерпол, на хоризонтот има навистина големи закани. Меѓународните убиства се повторно во пораст после еден период на опаѓање, но и новата...
Укинување на сите задолжителни Ковид мерки
Post Views: 310 Комисијата за заразни болести ќе им препорача на Министерството за здравство, Владата и Главниот координативен кризен штаб да бидат укинат сите задолжителни мерки против ковид-19, изјави денеска портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ. На сила се четири мерки и тоа: носење на маски во болници, јавен превоз, аптеки и домови за стари лица и лица со посебни потреби.Оваа одлука следи откако минатата недела Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата на ковид-19, додавајќи дека веќе не претставува глобална здравствена вонредна...
Се асфалтира улицата „Пирин Планина“
Post Views: 346 Денеска започнаа активностите за асфалтирање на улицата „Пирин Планина“.Изведувач на асфалтирањето е АД „Илинеден“, а активностите се во рамки на годишната програма за асфалтирање на пристапни улици и патишта. Асфалтираната површина на улицата „Пирин Планина“ изнесува околу 1300 метри квадратни.
Започна уредување на шеталиштето на Црн Дрим од десната страна на течението
Post Views: 351 Денес почнаа работите за санирање на шеталиштето кај Црн Дрим од десната страна на течението, со многу поквалитетни камени плочки од досегашните кои се во лоша состојба.„Проектот има за цел да ја подобри состојбата за сите пешаци кои слободно и безбедно ќе се движат во овој дел, за локалното население и за туристите. Работите ќе продолжат со побрзо темпо, бидејќи во Струга во претстојниот период ќе се одржат повеќе форуми и слични настани од меѓународен карактер.“– велат од Општина Струга.На еден дел од ова шеталиште општината ќе воведе...