Автор: инфодеск
Post Views: 49 На барање на публиката, детската претстава „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ на Детското драмско студио „Драмакидз“ повторно ќе биде изведена на во сабота, 01 март, со почеток во 12.00 часот.-„ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно творештво но со еден свеж и провокативен пристап. Со почитување на традиционалните поуки, нашите млади актери ќе зборуваат и пеат со јазикот на денешницата, велат од...
Денеска роденденска „Импровокација“
Post Views: 62 Култното шоу „Импровокација“ денес слави 9 години. Роденденското издание на „Импровокација“ е закажано за денеска, 25 февруари, од 20:00 часот во Народен Театар Охрид.Карти по цена од 300 денари може да се резервираат на телефонскиот број 075283066.
Свети Алексиј, митрополит Московски
Post Views: 35 Голем јерарх на Руската Црква во времето на тешкото ропство на рускиот народ под Татарите. Еднаш, во детството, ловејќи птици заспа и во сон слушна глас: „Алексиј, зошто залудно се трудиш? Ќе те направам ловец на луѓе“. Во својата дваесетта година се замонаши и со време стана митрополит московски. Двапати одеше во татарската златна орда; првиот пат за да го ублажи гневот на канот Вердевир против рускиот народ, а вториот пат на повик од канот Амурат за да ја исцели жена му од слепило. Оваа жена беше слепа три години, но оздраве и прогледа кога Алексиј ѝ прочита...
УХМР: Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла
Post Views: 43 Наутро со услови за појава на магла по котлините. Преку денот променливо облачно, претежно во планините со услови за појава на слаб краткотраен дожд кој ќе преминува во слаб снег. Особено попладне ќе има сончеви периоди и ќе дува слаб променлив ветер.Во Охрид температурите во интервал од 2 до 9 степени Целзиусови.Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Врнежи од дожд ќе има во четврток, а пообилни врнежи ќе има за време на викендот. Од утре дневната температура во повеќето места ќе биде за 3 до 5...
Дигитализирана едицијата „Охридско книжевно наследство“
Post Views: 74 Општина Охрид преку Програмата за култура во делот на Издавачка дејност го реализира проектот Охридско книжевно наследство. Приредувачи на проектот се проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски. Едицијата: „Охридско книжевно наследство“ започна во 2018-тата година и опфаќа 11 книги.Во рамките на оваа едиција се книгите:„Дојди во Охрид“(Антологија на песни за Охрид), 2018 г,„Антологија на ловорот“, 2020 г.„Книга за Чинго“, 2021 г.,Охридски раскажувачи, 2022...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Конгенитална рестриктивна кардиомиопатија
Post Views: 50 КОНГЕНИТАЛНА РЕТРИКТИВНА КАРДИОМИОПАТИЈА / CONGENITAL RESTRICTIVE CARDIOMYOPATHYMKБ-10 I42.5ПРЕВАЛЕНЦАПомеѓу детските кардиомиопатии, рестриктивната кардиомиопатија е најнечестиот тип, кој опфаќа само 2,5–3 % од кардиомиопатиите дијагностицирани во детството.ВОВЕДРестриктивната кардиомиопатија е ретка болест каде што срцевиот мускул станува крут или вкочанет. Ова го отежнува опуштањето на коморите и правилното полнење со крв. Оваа состојба може да се наследи, а многу деца немаат препознатлива причина за нивната болест. Во случај кога треба да...
СВР Охрид: Зголемен број на пријави за измами сторени од лица кои се претставуваат како „финансиски советници“
Post Views: 41 СВР Охрид ја известува јавноста дека, отсекот за компјутерски криминал, деновиве бележи зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути и ветуваат висока и брза заработка. Измамниците комуницираат со жртвите користејќи броеви кои, обично изгледаат како локални броеви но и броеви со странски префикс се со цел, да стекнат доверба.Во текот на разговорот, ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер за...
Охрид има потреба од Ургентен центар
Post Views: 104 Охрид има потреба од Ургентен центар, но на оваа тема најчесто се зборува во екот на туристичката сезона, кога има двојно зголемен број на интервенции. Итните пациенти се згрижуваат во општа болница или во специјалната болница Св Еразмо. Со Ургентен центар ќе се намалат гужвите, а пациентите ќе добиваат подобра услуга.Според менаџментот на здравствените институции нема потреба од изградба на нов објект, бидејќи на територијата на општина Охрид има пет здравствени институции, а нема специјалисти по ургентна медицина, потребно е организациски да се воспостави...







