Автор: инфодеск
Views: 77 Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2025 год. бр. 08 – 15415/55 од 25.12.2024 год., Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 15415/56 од 25.12.2024 година, и Извод од Општина Охрид бр.19-3595/6 од 13.03.2025, и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар бр.02-175/6 од 08.04.2025г., Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:ОГЛАС бр. 1/2025ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ЈАВНИ...
Николоски на средба со ЗЕЛС: Започнуваме со изработка на нова унифицирана постапка за поставување на урбана опрема за сите општини
Views: 59 Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шакири, денеска остварија работна средба со претставници на ЗЕЛС.На средбата се разгледуваа можностите за воспоставување на законско доуредување на постапката за поставување на урбана опрема, односно можноста за изработка на нов Правилник со кој ќе се уредува постапката за поставување на урбаната опрема.Имајќи предвид дека поставувањето на урбаната опрема со сегашните прописи не е унифицирана и секоја општина самостојно ја уредува оваа постапка,...
Мерко и денес на обвинителна клупа, три судски рочишта за незаконско поставување директори
Views: 94 Во струшкиот суд, три рочишта против градоначалникот Рамиз Мерко, за незаконско поставување директори на училишта. Дел од сведоците беа спроведени со полициска асистенција, но еден поради здравствени причини повторно не се појави. Судијата рече дека обезбедени се сите механизми и тој ќе биде донесен на следната расправа, а во јуни се очекува завршница.Во целиот судски процес најголем предизвик е физичкото обезбедување на сведоците.–Ние сме дојдени до таа фаза од постапката кога сме ја изцрпиле листата на докази. Уште овој сведок остана и на странките им...
Пожар во близина на Клинички центар, гори автомобил
Views: 77 Утрово избувна пожар во близина на Клиничкиот центар во Скопје, каде се запалил автомобил на „50-та девизија“ на приклучокот на улицата Водњанска.На терен се полицијата и противпожарните служби, а засега нема повредени лица.Фото: Скопје1.мк
Утре во Охрид ќе се одржи традиционалниот Регионален натпревар „Млади библиотекари“
Views: 55 Утре во 10 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи традиционалниот Регионален натпревар „Млади библиотекари“.Од установата информираат дека победникот од натпреварот во Охрид ќе се стекне со право на учество на Републичкиот натпревар, кој оваа година ќе се одржи во библиотеката „Кочо Рацин“во Кичево на 7 мај, а е во организација на Библиотекарското здружение на Македонија.
Утре за најмладите детската театарска претстава „Супер Вселенко и роденденската торта!“
Views: 91 Утре, петок, 11.04.2025, во Општинското основно училиште Свети Климент Охридски Охрид (училишна сала за претстави) ќе биде изведена детската театарска претстава „Супер Вселенко и роденденската торта!“.-А, дали сте подготвени за една нова вселенска авантура? Дојдете заедно ќе влеземе во мисија да ја спасиме роденденската торта на Вселенко! Вие растете со културата, а Културата расте со Вас!, велат организаторите.Претставата започнува во 12:00ч, а организатор е Општина Охрид.Во претставата играат Изабела Јакимова, Гоце Андонов и Анастасија Ласовска како дел од...
Светиот маченик Бојан, кнез Бугарски
Views: 72 Бојан (Енравот) беше бугарски кнез, и беше паганин. Кога на бугарскиот престол стапи неговиот брат Маломир (Владимир), благоверниот кнез Бојан му се обрати со молба да го ослободи од ропство христијанинот Кинамон (Кинам), кој долго време беше во затвор затоа што одби да учествува во паганското жртвопринесување при кнезот Обрит (Крутогон), претходникот на Маломир. Желбата на Бојан беше исполнета, и тој, откако го виде до крајност изнемоштениот Кинамон, го праша зошто тој толку страдал. Во долгата беседа, Кинамон му ја објасни заблудата на паганството и неопходноста од Христовата...
Променливо облачно со сончеви периоди и локален дожд во вечерните часови
Views: 57 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од -2 до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и топло време, освен денес и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.Фото: Ѓоко Симјаноски








