Автор: инфодеск
Post Views: 302 Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне развој на нестабилно време со услови за краткотраен дожд. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна до 29-тиот степен.Во среда на повеќе места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен...
Кај Тушемиште на брегот на Охридското Езеро се гради со полна пареа
Post Views: 535 Тешка механизација работи со полна пареа на брегот на Охридското Езеро од албанска страна. Во време кога Унеско бара мораториум за градба во заштитениот појас засилено се гради од Тушемиште до Дрилон. Градежните активности се одвиваат во непосредна близина Националниот парк Дрилон, биолошки резерват заштитен од УНЕСКО. Во самата вода се гради шеталиште и пристаниште.И после еден месец од отпочнувањето на градежните зафати македонското министерство за животна средина се уште нема добиено официјална информација за проектот....
Се одржа првата годинешна јахтинг регата во склоп на “Куп за едрење на Охридско езеро“
Post Views: 466 Викендов во акваториумот на Охридскиот залив се одржа јахтинг регата во организација на Јахтинг клуб ОЛС-Охрид. На оваа прва годинешна јахтинг регата во склоп на “Куп за едрење на Охридско езеро“ на Едриличарска федерација на Македонија учествуваа 15-тина едрилици од клубови од Охрид и Скопје.Се одржаа три трки согласно регатните правила. Првото место во класа до 7м го освои Никола Бараковски од Јахтинг клуб ОЛС-Охрид, прво место во класа над 7м го освои Будимир Соколовиќ од Јахтинг клуб Олс-Охрид и прво место во класа “One design“ го освои Славчо...
Стендап шоу „Да БолиТ“ во четврток во клуб Rebel
Post Views: 310 Стендап шоу во четврток во клуб Rebel со почеток во 21 часот. Публиката ќе може да ужива 90 минути во интензивна комедија со Никола Тодороски, Илија Богданоски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски и Зоран Донев.Не пропуштајте незаборавно стендап шоу! Не пропуштајте ја последната изведба на шоуто „Да БолиТ“- порачуваат организаторите.Билети по цена од 250 денари може да се набават онлајн или со резервации на тел. број 075/283-066.Сместувањето се врши по принцип на прв дојден, прв послужен. Сместувањето на публиката во клубот е на сепариња и...
Mобилни екипи на ЦЈЗ земаат материјали за микробиолошка анализа во домашни услови
Post Views: 254 Со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во топлите летни денови, за сите оние ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центар за јавно здравје Охрид активира мобилни екипи подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги обават потребните административни формалности и да ги земат соодветните...
Од полноќ поевтинува дизелот
Post Views: 395 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 26.6.2023 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,022 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.Од вечерва на полноќ максималните цени на нафтените...
Со концерт на Танец започнува 62-то издание на Балканскиот фестивал
Post Views: 603 Со целовечерен концерт на Националниот ансамбл „Танец“ на 5-ти јули (среда) на Долни Сарај започнува 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“.На свеченото отворање на фестивалот свое обраќање ќе имаат директорот на Центарот зa култура, Горан Симоноски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски.Традиционално пред почетокот на концертот, во 19 часот, учесниците на фолклорната манифестација...
Од денеска посебен режим на сообраќај на патот Струга-Дебар
Post Views: 367 Од денеска (03.07) ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга-Дебар, информираат од АМСМ.Во фаза 1 ќе се врши асфалтирање кај селото Глобочица и во фаза 2 – асфалтирање кај селото Луково.– Предвидено е целосно затворање на сообраќајот во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 8-ми јули 2023 година, потенцираат од АМСМ.
20 лица приведени поради дрога на фестивал во Дојран
Post Views: 305 Во текот на изминатиот викенд (01/02.06.2023) полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделoт за криминалистичка полиција во координација и заедничка акција со Секторот за внатрешни работи Струмица и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје презедоа засилени мерки за време на одржувањето на музичка манифестација во Стар Дојран, со цел откривање на кривични дела и прекршоци од областа на недозволената трговија со дрога.Притоа, биле лишени од слобода 20 лица, од кои 1 грчки државјанин, кај...
Не запловија еколошките бродови по Охридското Езеро
Post Views: 664 Не запловија најавените еко бродови по Охридското Езеро. Проектот започна пред три години,одобрени беа 1 милион и 500 илјади евра од ИПА програмата за прекугранична соработка. Со нив беше предвидена набавка на два еко бродови на електрична енергија, кои ќе служат за крстарење, и водено поврзување на трите езерски градови. Ваквите бродови се согласно препораките на УНЕСКО за развој на водениот сообраќај без штетни последици врз еко системот.Доколку не заврши реализацијата до крајот на годинава овој проект ќе пропадне.„Имавме многу...
Изложба на фотографии од најзначајното културно богатство од Охрид и Македонија
Post Views: 402Од 5-ти до 7-ми јули во Меморијалната куќа “Христо Узунов” во Охрид, ќе се одржи Изложба на фотографии од голем формат од најзначајните културно историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на територијата на Република Северна Македонија.„Основната цел на проектот е подобро запознавање и подигнување на јавната колективна свест за промоција, одржување и унапредивање и афирмација на археолошките зони, културно историските споменици, религиозниоте објекти и сите други форми на културно наследство на нашата земја, кои се...
Сончево со умерена облачност
Post Views: 237 Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд. UV=8Во Охрид сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 28 степени.Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на локално невреме.