Skip to main content

Автор: инфодеск

Касарна

Во петок обука за жени претприемачи во Касарна Хаб

Views: 80 Општина Охрид преку секторот за Туризам и локален економски развој организира обука за жени претприемачи, и ги покануваат сите жени од Охрид кои сакаат да започнат свој бизнис или имаат бизнис кој не е постар од 3 месеци да се приклучат на истата.Заинтересираните може да се пријават на телефонскиот број 070-841-226 или на емаил адресата worldsmarteducation@yahoo.com .

Продолжи со читање

Општина Охрид

Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица

Views: 90 Врз основа на член 143 и 145 од Законот за заштита и спасување („СЛ.Весник на РМ “ бр.36/04…..215/21 ), член 50 од Законот за локална саноуправа („Сл.Весник на РМ“ бр.5/020  и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.Гласник на општина Охрид“ бр. 8/07,01/08,10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), Градоначалникот на општина Охрид, објавува:ЈАВЕН   ПОВИКЗа пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица која ја зафати општина Охрид на 06.04.2025 годинаОпштина Охрид ги повикува граѓаните кои...

Продолжи со читање

Вработени во Општина Струга сведочеа дека набавката на аудито на Мерко била законска

Views: 76 Со сослушување сведоци, вработени до општина Струга, а  обезбедени  со полициска асистенција,  продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6″, вреден 66 илјади евра и уште три други возила.Сведочеше претседателот на Комисијата за набавки и внуката на Мерко, која била  член на Комисијата. Тврдеа  дека во целост била испочитувана процедурата за набавка на возилата за што била донесена и одлука на Советот на општината. Немаа одговор зошто се избрало толку скапо луксузно возило. Сведок беше и поранешна...

Продолжи со читање

Прва награда за ученичка од СОСУ “Св.Кирил и Методиј” на регионален натпревар по биологија

Views: 66 Од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид информираат дека нивната ученичка Ана Зороска од прва година здравствена струка ја освои првата награда на регионалниот натпревар по биологија обезбедувајќи пласман на државниот натпревар.-Овој значаен успех претставува резултат на нејзината долготрајна посветеност, сериозен пристап кон научната дисциплина и длабока љубов кон биологијата. Ѝ посакуваме искрено успех на државниот натпревар и сме уверени дека Ана и понатаму ќе нè прави горди со своите знаења, труд и посветеност, стои во соопштението од СОСУ “Св.Кирил и...

Продолжи со читање

По 7 години неработење конечно ќе заживее комплексот „Македонско село“

Views: 70 Комплексот „Македонско село“ кој не функционираше речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби, а во меѓувреме СОЗР редовно ги исплатуваше трошоците за осигурување и обезбедување и имаше финансиски загуби од над 300.000 евра, сега доби нов концесионер.-По седум години запуштеност, Македонско село повторно ќе заживее! Денеска ја потпишав одлуката за избор на најповолен понудувач за комплексот „Македонско село“. После години на затворање и уништување на сè што претставува културно наследство, идентитет и историја – конечно...

Продолжи со читање

Ј.П.,,Охридски Комуналец”: Не можеме да расчистиме мини-депонии колку што граѓаните можат повторно да ги создадат

Views: 66 Ј.П.,,Охридски Комуналец” со објава дека не може да расчисти мини-депонии колку што граѓаните можат да создадат, повторно и повторно.-Не измина нецел месец откако објавивме за нашите активности за расчистување диви депонии во населбите Даљан и Лабино, каде се подигнати големи количини кабаст и зелен отпад, ситуацијата денес непроменета на истите локации, како да не сме го подигнале сиот отпад кој претходно беше расфрлан. Денеска повторно интервениравме за расчистување на истите локации. Од личната одговорност и еко-свест на секој поединец зависи во каква животна...

Продолжи со читање

Денес ќе биде промовирана книгата „Аз, буки, веди – Тајната на словото“ од Григор Костески

Views: 84 Денес од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Аз, буки, веди – Тајната на словото“ од Григор Костески.Промотор ќе биде м-р Димитар Смилески, а свое обраќање ќе има и авторот Костески.-Со оваа книга Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови светови во сферата на книжевноста, македонската писменост и култура, поврзани со Светото писмо, велат од Библиотеката.Григор Костески е роднокраен автор роден е 1955 година во село...

Продолжи со читање

Света Лидија Македонска

Views: 112 Света Лидија е родена во Тијатир, денешен Ак-Хисар, во Мала Азија, во првиот век. А во она време градот Тијатир беше познат по бојаџилниците. Па и оваа богобојазлива Лидија, како што се нарекува во Делата Апостолски (16, 14), беше продавачка на пурпурни ткаенини и бои, кога го чу Евангелието и стана прв човек во Филипи, во Македонија и во Европа, кого светиот апостол Павле го обрати во верата. За своето доаѓање во Македонија првиот проповедник на Евангелието за незнабожците беше поттикнат од Светиот Дух во видение. Бидејќи, кога апостолот и браќата што беа со него дојдоа во...

Продолжи со читање