Автор: инфодеск
Post Views: 351 Со празнична вечерна богослужба во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва започна чествувањето на Свети Наум Охридски Чудотворец.Во манастирот утре ќе се служи света архиерејска литургија со почеток од 9 часот, на која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.На празникот во манастирот доаѓаат илјадници верници да се помолат за здравје бидејќи се верува дека Св. Наум Охридски бил исцелител со чудесна моќ. Култот за Свети Наум е силен кај верниците од Охридскиот регион но и пошироко.
Најубавите градови на Балканот според вештачката интелигенција
Post Views: 720 Во изминатите неколку месеци, сите возбудено разговараат за системи за вештачка интелигенција кои се способни да пишуваат домашни задачи, политички говори, истражувачки трудови, да решаваат логички проблеми и да одговараат на бројни прашања. Некои со задоволство ги прифаќаат овие алатки и ги сметаат за „најдобар пријател“ на човекот, додека други изразуваат скептицизам и се прашуваат што носи иднината.Системите за вештачка интелигенција, како ChatGPT, сигурно ќе имаат големо влијание врз општеството. Во моментов, интересно е да се набљудува нивната...
Охриѓани слабо скенираат сметки
Post Views: 328 По повод 4 години МојДДВ, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска заедно со Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Клубот на пратеници оддржаа брифинг за новинари.Пред присутните се информираше дека од воведувањето на апликацијата до денеска на апликацијата МојДДВ регистрирани се 538 919 корисници и тој број континуирано расте.Најмногу скенирани фискални сметки се оние издадени од ланците маркети и бензиските пумпи.Најголем број односно 74 866 фискални сметки скенирала Штипјанка, по неа е жителка на Валандово со 52...
Променливо облачно со сончеви периоди
Post Views: 404 Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=7Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди, со услови за краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени.Во 24 часа(до 7 часот утрово) во Охрид наврнале 20 л/м2 воден талог.Во понеделник во Македонија ќе има преодно стабилизирање. Во вторник попладне претежно во...
Туристичките бизниси во Вевчани ќе добијат зелени сертификати
Post Views: 440 Познатите угостителски објекти етно куќи, ресторани и сместувачки капацитети ќе добијат зелени сертификати. Тие во својата понуда ќе вклучуваат локални производи мед, сирење, млеко, јајца, зимница, ракотворби…. Овој чекор е во рамките на тоа што општина Вевчани стана првата зелена дестинација во земјава.Целта е подобар развој на одржливиот туризам, но и поголема вклученост на локалните производители. Туристичко угостителските објекти ќе нудат еко услуги во своите понуди ,домашна храна од тоа поднебје за посетителите, но...
Денеска промоција на книгата за пловните објекти и веслањето од Здравко Тупаре
Post Views: 395 Денеска со почеток во 12:30ч. во кафе бар „Босфор“ во охридската чаршија ќе се одржи промоција на книгата „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското Езеро и пошироко во Македонија“ од Здравко Тупаре.Здравко Тупаре е познат како хроничар на Охрид, човек од старо охридско семејство, носител на значајни стопански функции во градот и еден од раководителите на веслачкиот клуб „Југ“.Книгата е издадена со поддршка на Општина Охрид.
Утре на Антички театар во Охрид ќе се снима концерт за серијата „Тин камп”
Post Views: 556 Познатата серија „Тинејџерски камп” или уште попозната како „Дајте музика“ на 2 јули ќе се снима во Охрид во Античкиот театар со почеток од 19:30 ч.Граѓаните кои сакаат да ги слушнат нашите познати хитови можат да присуствуваат како публика на снимањето на концертот за втората сезона на „Тин Камп“.
Од денес одмрзнати маржите на основните производи и поскапа струја
Post Views: 328 Одмрзнати маржи за основните прехранбени производи, враќање на ДДВ-то од 10 на 18 проценти за електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи и нејзино поскапување, стапуваат на сила од денеска 1 јули.Ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи беше воведено во април и Владата одлучи мерката да ја продолжи до 30 јуни. Највисоката трговска маржа за лебот, шеќерот, сончогледово масло за јадење се утврди во висина до 5 проценти во трговијата на големо и до 5 проценти во трговијата на мало. Највисоката трговска маржа за...
Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд
Post Views: 312 Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.Во Охрид претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура до 16, а максималната дневна до 28 степени.
АХВ во Охрид одржа обука за превенирање на ризици во градинките од небезбедна храна
Post Views: 253 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, во Охрид, ја одржа последната работилница од едукативниот проект за превенирање на ризици и инциденти во предучилишните установи кои се поврзани со небезбедна храна. На работилницата учествуваа вработени во градинки од Вевчани, Дебар, Дебрца, Охрид, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Струга и Центар Жупа. Вработените во градинките учеа за критериумите за квалитет и безбедност на храната која се подготвува и служи во градинките, стандардите за спречување на можно физичко, микробиолошко или хемиско загадување на...
Сара Ѓорѓиеска од ГКК Охрид дел од националната репрезентација на Европско
Post Views: 588 Сара Ѓорѓиеска од ГКК Охрид на списокот на 12-те репрезентативки кои ги бранат боите на Македонија на Европското првенство до 18 години во Софија, Бугарија.„Браво Сара,ние сме горди на тебе,ти посакуваме многу успех и среќа во националниот дрес. „ – и порачаа од клубот.Женската репрезентација на Македонија под 18 години, денеска напладне ги започна натпреварите од Европското првенство Дивизија „Б“ со меч против Холандија кој го загубивме со 64:43.Македонија е дел од групата „А“ на овој шампионат, во која за ривали ги имаме селекциите на...
Во Охрид во 2022 регистрирани се 53 дивоградби според податоците на ДЗС
Post Views: 264 53 дивоградби во текот на 2022 година се регистрирани на територија на Општина Охрид според извештајот на Државниот завод за статистика. Според податоците од ДЗС најмногу бесправно се вршеле адаптации на објекти (проширувања), се граделе огради, помошни објекти и настрешници, а биле изградени 7 објекти за домување. Во статистичкиот период не се бележи бесправно изгараден деловен објект.Во Струга во 2022 година се изградиле 26 објекти без соодветна документација од кои 5 објекти за домување и 2 деловни објекти. Во Вевчани и Дебрца нема регистрирани...