Автор: инфодеск
Post Views: 372 Институциите да ги проверат наодите по сите основи, зошто Рамиз Мерко се нашол на црната листа на Соединетите Американски Држави. „За 7.828 километри од Скопје до Вашингтон, повторувам дека е несфатливо како можело таму истражителите да имаат информации, а овде да нема во задолжените институции.“ – рече премиерот Димитар Ковачевски од говорницата на денешната сесија за пратенички прашања во Собранието, одговарајќи на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој праша дали премиерот ќе побара оставка од градоначалникот на Струга. Секој избран...
Прва вебстрана во земјава за едукација за сексуално и репродуктивно здравје
Post Views: 283 На денешната конференција за печат, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација ја претставија заедничката веб-страница за методите на контрацепција https://kontracepcija.mk – прва во земјава која е целосно посветена на контрацептивните средства и поддржана од национална здравствена институција.Изработена во соработка со Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), Центарот за семејна медицина – Медицински факултет Скопје и Македонското лекарско друштво и со поддршка...
Со стартот на летната сезона, зголемен и обемот на работа на полициските службеници
Post Views: 314 СВР Охрид ги ангажира сите свои ресурси, охриѓани и туристите да имаат мирно и безбедно лето во сите аспекти на општественото живеење. За да се реализира ова, пресудна ќе биде соработката помеѓу граѓаните и полицијата. Од секторот, со апел до граѓаните, на поголема внимателност кон своите вредни предмети на плажите, заклучување на возилата на паркинзите. Во оваа насока, свои активности ќе има и отсекот за превенција, од каде планираат низа средби со граѓаните и низ непосредни разговори, со цел укажување на потребата од подобра заштита на личните предмети,...
Од утре забрана за движење на тешки товарни возила за време на викенд
Post Views: 324 Од утре до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на викендот и за денови при екстремно високи температури. Забраната се однесува за следните термини: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните...
Од утре стапува на сила забраната за градежни работи во Охрид
Post Views: 512 Во период од 1-ви јули до 31 август 2023 година се забранува изведување градежни работи од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид.Оваа забрана важи за просторот под булевар „Туристичка“ до Охридското Езеро и тоа на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50м и туристичките локации на потегот од каналот Студенчишта до манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Одлуката за забрана за изведување градежни работи во летниот период во...
Полицијата го откри мажот кој се потпиша на Колосеумот, по потекло е од Балканот
Post Views: 476 Италијанската полиција го утврди идентитетот на мажот кој го издлабил своето име и името на својата девојка на Колосеумот во Рим.„Крајно срамно и знак на голема некултура е турист да навредува едно од најпознатите места во светот и дел од историското наследство.“ – изјави министерот за култура Џенаро Сангуилијано, кој додаде дека виновникот ќе биде пронајден и казнет. Како што беше ветено, виновникот е пронајден.„Се работи за пар, маж и жена, кои живеат во Англија. Треба да се напомене дека постапката е во фаза на прелиминарна истрага, па...
Воска Спорт започна со подготовки за сезоната 2023/24 во првата лига
Post Views: 452 ФК Воска спорт официјално ги започна подготовките за сезоната 2023/24 во Првата македонска фудбалска лига, во која екипата ќе се натпреварува за прв пат во својата историја.Заврши паузата за фудбалерите кои вчера го одржаа првиот тренинг со новиот стратег Миљан Радовиќ. На првиот собир што го повика црногорецот имаше и 4 нови засилувања Фатих Исмаили, Никола Стијеповиќ, Алекса Марушиќ и Никола Шаркоски. Во наредните денови од клубот најавуваат нови имиња да се приклучат на тимот.Познати се сите учесници во Првата македонска фудбалска лига за...
Лет до работ на вселената за 450.000 долари
Post Views: 403 Сер Ричард Бренсон официјално влезе во бизнисот со вселенски туризам за милијардери кога неговиот ракетен авион од Virgin Galactic, Unity, вчера полета од пистата во Ново Мексико и достигна височина од 85.000 метри.Двајца полковници на италијанските воздухопловни сили и еден воздушен инженер од Националниот совет за истражување на Италија им се придружија на инструкторот на Virgin Galactic и на двајца пилоти на авионот на 90-минутниот суборбитален лет.На најголемата надморска височина, екипажот доживеа неколку минути бестежинска состојба со исклучување...
Граѓанин прашува кој ја уништува шумата кај Самоилова тврдина
Post Views: 570 Граѓанин на Охрид до рубриката ТиСиТвојотГрад испрати фотографии за кои вели дека се направени кај Самоилова тврдина. На сред сезона кога градот е полн со странски туристи багери копаат земја, сечат дрвја и камиони ја изнесуваат земјата, вели граѓанинот и јавно прашува дали надлежните се запознаени со тие дејствија.„Дали се води грижа за животната средина и културното наследство на Охрид. Дали надлежните институции се запознаени со ова дејствие и самоволие кое го извршуваат луѓето кои живеат подтврдината кои отвориле и пат до својата куќа? Како е можно во...
Сончево со температура до 27 степени
Post Views: 274 Времето денеска во Македонија сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8Во Охрид сончево со мала облачност. Утринска температура до 12степени, а максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени.Во деновите од викендот времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога ќе има и појава на локално невреме. Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето.
ТППЕ Охрид извлекуваше повредено лице во сообраќајна несреќа кај с. Лактиње
Post Views: 337 Сообраќајна незгода се случи на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на с.Лактиње.Територијалната противпожарна единица од Охрид учествуваше во извлекување на повредено лице во незгодата.„Притоа пожарникарите-спасители поради пренасочениот сообраќај , имаа потешкотии во движењето на потегот до с. Подмоље, поради неможноста на останатите учесници во сообраќајот да му отстапат простор на нашето возило за специјални намени.“ – велат од ТППЕ ОхридЗа среќа повреденото лице успешно е извлечено и транспортирано со итната медицинска помош во...
Засилени сообраќајни контроли, казнети охриѓани кои возеле побрзо од дозволеното
Post Views: 315 На 28.06.2023 година од 19.00 до 24.00 часот, при спроведени засилени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 4 возачи кои надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.„Контролите во патниот сообраќај ќе бидат интензивирани со цел зголемена сообраќајна безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот.“– информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.