Skip to main content

Автор: инфодеск

ФТУ постигна високи резултати на престижната гастрономска манифестација „Бисер на морето“

Views: 101 Факултетот за туризам и угостителство Охрид се претстави на XX издание на меѓународниот гастрономски натпревар „Бисерот на морето“ кој се одржа на островот Брач во градот Супетар, во познатото одмаралиште Waterman Svpetrvs. Овој сериозен настан, уникатен од овој вид, се организира веќе 20 години од страна на ШКМЕР (Асоцијација на шефови од медитеранската и европска регија).Учество на настанот зедоа повеќе од 400 учесници од Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Турција, Албанија, Романија, Словачка, Украина, Белорусија, Индија и Малта кои се натпреварува во...

Продолжи со читање

Одиграно 5-то коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах

Views: 102 Се одигра петто коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах во организација на ШК Ласкер Охрид. На Бизнис лигата учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА Пласт Охрид, ЈП Нискоградба Охрид, ЈП Градски гробишта Охрид, Шпаркасе Банка АД Скопје, ООО Дизајн Принт Студио Охрид и УИТ Апостол Павле Охрид. Резултатите од петтото коло во прилог:Бизнис лига Охрид 2025 се организира во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.

Продолжи со читање

Новата препумпна станица Шипокно се поврзува со новиот цевковод

Views: 61 ЈП Водовод известува дека започна со втората фаза, поставување и поврзување на новиот цевковод со новата препумпна станица Шипокно. Претходно во првата фаза во населбата Св.стефан-Шипокно, поставен е нов цевковод со профил ф110 мм во должина од 621м.-Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, поставени се и поврзани пумпи MZT 5, MSSI 40-4 и електромашинска опрема, за што беше направена и комплетно целосна инсталација за поврзување на пумпите со новиот цевковод, велат во нивното соопштение.Средствата за овој зафат во вредност од 468.360...

Продолжи со читање

Светиот Архангел Гавриил

Views: 54 Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји. Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на светиот Јован Претеча и самиот за себе рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19). Неговото име, Гавриил, значи маж – Бог. Зборувајќи за Благовештението, светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Ќе биде значи Маж – Бог, крепок, силен Бог. Некои дознаа дека истиот тој Гавриил им го јави на Јоаким и Ана...

Продолжи со читање

Сончево и студено со максимални температури до 5 степени Целзиусови

Views: 109 Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.Денешните температури во Охрид во интервал од -6 до 5 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на стабилно, ветровито и потопло време со утрински температури кои до среда на повеќе места ќе бидат негативни, а во деновите потоа во постепен пораст.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Засилени контроли на пловилата во Охридското Езеро

Views: 153 Засилени инспекциски надзори на пловните објекти во Охридското Езеро.  Покрај редовни, се вршат  и вонредни контроли на бродовите, кајчињата и катамараните, кои превезуваат патници. Изминативе шест месеци, констатирани се 18 прекршоци по Законот за внатрешна пловидба.   Од капетанијата велат мора да се исполнуваат  високи стандарди за безбедност. Заштитни појаси, сидро, вене за спасување, противпожарен апарат и радио врска е минимум опремата, која мора да  ја поседуваат сите пловила.„Три редовни надзори на...

Продолжи со читање

Се одржа состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување

Views: 74 Под раководство на градоначалникот Кирил Пецаков, денеска во просториите на Општина Охрид се одржа состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување.На состанокот се разговараше за подготвеноста и координацијата на институциите за заштита и управување со кризни состојби на локално ниво. Беше ставен акцент на подготвеноста за заедничко делување за справување со шумски пожари, во однос на екипираност и техничка опрема. Беше побарано да се направи детален попис на расположливи средства и кадар, како и потребите од набавка на нова опрема.Еден од заклучоците на состанокот...

Продолжи со читање

Поради дефект на мрежата на ул. Стив Наумов повеќе часа без вода дел од градот

Views: 65 Поради настанат дефект на водоводната мрежа на улицата „Стив Наумов” повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“, „Дејан Војвода“, „Јабланица“, „Железничка“, „Крали Марко“, „Абас Емин“ и дел од „Бул.Туристичка“, информираат од ЈП Водовод Охрид.Eкипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање