Skip to main content

Автор: инфодеск

Утре во Охрид, дебата „Европеизација на Македонија – дали сме на добар пат“

Post Views: 330 Утре (30.6 2023г. ) во кафе бар „Кадмо“ во период од 14:00 до 16:00 ќе се одржидебата „Европеизација на Македонија- дали сме на добар пат“.Обраќања ќе имаат градоначалникот Кирил Пецаков и Претседателот наПаневропската  Унија на Македонија, амбасадорот Андреј Лепавцов.Учесници ќе се амбасадорот  и поранешен министер, Марјан Ѓорчев, Ректорот на Американ Колеџ, Марјан Бојаџиев, професорот од Економски факултет, Љубомир Кекеновски , Виктор Мизо од „КОСТАЛ“ и Претседателот на Ротари Клуб – Охрид, Олег Маленко.

Продолжи со читање

sv erazmo star pat

58-годишен охриѓанец тешко повреден во сообраќајка на патот Охрид-Струга

Post Views: 584 На 28.06.2023 во 16.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран” со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од Струга и мотоцикл „хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Охрид. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Малолетници од Косово непристојно скандирале од тераса во центарот на Охрид

Post Views: 408 На 28.06.2023 во 13.30 часот во СВР Охрид, е пријавено дека на тераса од сместувачки објект лоциран на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со непристојно скандирање и истакнување знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон, информираат од СВР.„Во врска со пријавата, во СВР Охрид се повикани двајца малолетници од Косово, гости во објектот, со кои во присуство на нивниот раководител и со претставник од Центарот за социјални работи од Охрид, е извршен службен разговор. Од страна на полициските...

Продолжи со читање

Тренчевска: Да не се меша Законот за родова еднаквост со родов идентитет

Post Views: 386 Со Законот за родова еднаквост единствено ќе се унапредува положбата на жената во сите сфери на општественото живеење. Овој закон го третира прашањето што треба да направи државата преку воспоставување на посебни механизми, за да се унапреди положбата на жената во општеството“’ истакна денес Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Со спојувањето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција се направи проблем, бидејќи ова се два закони кои третираат различна проблематика. Законот за измени и надополнувања на Законот за...

Продолжи со читање

СЗО ќе го додаде аспартамот на листата можни причинители на рак

Post Views: 443 Светската здравствена организација следниот месец ќе прогласи еден од најчестите вештачки засладувачи во светот за можен причинител на рак, објави денеска британската новинска агенција Ројтерс.Аспартамот, кој се користи во низа производи, од диетални газирани пијалоци на Кока-Кола до гуми за џвакање, за прв пат ќе биде наведен како „можно канцероген за човек“ од Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC).IARC има за цел да процени дали нешто е потенцијална опасност или не, врз основа на сите објавени докази. Тоа тело не се занимава со тоа...

Продолжи со читање

МПЦ-ОА денеска на протест против законските измени за родова еднаквост и матична евиденција

Post Views: 333 Под мотото „Имаме должност“, Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска излегува на најавениот сенароден собир во знак на протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција за кои вели дека се сериозна закана за општеството.Собирот ќе почне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.Викарниот епископ на Скопската епархија Давид во неговиот блог, објавен синоќа во пресрет на денешниот собир напиша дека е свесен за фактот дека државата е секуларна и дека црквата нема право да...

Продолжи со читање

Комплетирани учесниците на Меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“

Post Views: 621 По откажувањето на РК Вардар 1961, екипата на РК Олимпијакос, Грција, ги комплетира 8те учесници на второто издание на Меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, што ќе се одржи од 23 до 26 август во Охрид. Охриѓани во четири дена ќе имаат прилика да уживаат во квалитетен ракомет, со оглед што меѓу учесниците e новиот македонски шампион Еурофарм Пелистер, кој во новата сезона ќе учествува и во Лигата на шампионите.Екипите ќе бидат поделени во две групи:Група АГРК ОхридБешикташГолден АртОлимпијакосГрупа БЕурофарм ПелистерМеталопластика...

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност и услови за краткотраен дожд

Post Views: 273 Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претежно во западните делови променливо облачно со локален пороен дожд и ретки грмежи. UV=7Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд. Утринска температура до 14 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 24-тиот степен.Oд утре тмпературата ќе биде во постепен пораст, но за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога се очекува и локално невреме.

Продолжи со читање

Глувите и наглуви лица од Охрид и Струга гледаа театарска претстава на знаковен јазик

Post Views: 342 Глувите и наглуви лица од Охрид и Струга имаа чест за прв пат да гледаат професионална театарска претстава на знаковен јазик. Станува збор за претставата „Улаф сте“, која  ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми. Претставата е во продукција на битолскиот АТО Центар за современа уметност и култура.Прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за...

Продолжи со читање

Промоција на книгата за пловните објекти и веслањето од Здравко Тупаре

Post Views: 441 Во сабота ( 01. 07. 2023 г.) со почеток во 12:30ч. во кафе бар „Босфор“ во охридската чаршија ќе се одржи промоција на книгата „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското Езеро и пошироко во Македонија“ од Здравко Тупаре.Здравко Тупаре е познат како хроничар на Охрид, човек од старо охридско семејство, носител на значајни стопански функции во градот и еден од раководителите на веслачкиот клуб „Југ“.Книгата е издадена со поддршка на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Приведен турски државјанин кој неовластено влегол во резиденцијален објект во Охрид

Post Views: 380 На 27.06.2023 година во 12.50 часот во СВР Охрид е приведен К.М.С.(21) државјанин на Република Турција. Тој претходно, со прескокнување на метална ограда, неовластено влегол во резиденцијален објект на крајбрежниот појас на Охридското Езеро, постапувајќи спротивно на наредба за забранет пристап, информираат од СВР Охрид. На лицето му е одземена патната исправа и со соодветен поднесок е предаден во Основниот суд во Охрид, за натамошна постапка.

Продолжи со читање

Париз во пламен откако полицаец застрела тинејџер

Post Views: 371 Убиството на 17 годишно момче од страна на сообраќаен полицаец во предградие на Париз предизвика нереди, протести и судири со полицијата. Запалени се автомобили и контејнери. Полицијата употреби солзавец и во текот на ноќта уапси 31 лице. Полесно се повредени 24 полицајци, а опожарени се околу 40 автомобили.Тинејџерот со алжирско потекло, кој бил застрелан од полицаец откако не го запрел возилото, починал од прострелни рани во градниот кош. На видео кое кружи на социјалните мрежи се гледаат двајца полицајци кои се обидуваат да сопрат жолт „мерцедес“. Едниот...

Продолжи со читање