Skip to main content

Автор: инфодеск

Филипче доби нов мандат на чело на СДСМ

Views: 85 Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вчерашните директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат.На 78 избирачки места низ земјава од 23.720 запишани члена гласале 18.140 или 76,5% од запишаните. Од нив 18.001 член гласал за Филипче, а неважечки се 131 ливче.Филипче се заблагодари за довербата на членовите и посочи дека се подготвуваат за локалните избори, како и за борба со Владата. Тој и порача на Владата дека СДСМ е силна, спремна и консолидирана, дека се враќаат на победничките...

Продолжи со читање

Светски ден на здравјето – секој ден правете мал свесен избор кој ќе води до позитивна промена

Views: 201 Секоја година на 7 април, се слави Светскиот ден на здравјето, иницијатива предводена од Светската здравствена организација (СЗО) за подигање на свеста за критичните глобални здравствени проблеми.Темата за Светскиот ден на здравјето оваа година е „Здрави почетоци, надеж за иднината“, нагласувајќи ја важноста на раните здравствени интервенции, превентивната грижа и одржливите здравствени решенија за идните генерации.Доброто здравје е основата на посветла иднина, а секој чекор кон благосостојба денес обликува поздраво утре.Овој Светски ден на здравјето во 2025...

Продолжи со читање

Ученици од петто одделение од Пештани добија бесплатни членски карти од охридската библиотека

Views: 93 Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на литературата за деца, на барање на ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани и директорката Валентина Рубаноска, библиотекарки  од НУ Библиотека „Григор Прличев“ помогнаа во комплетното преуредување на тамошната училиштна библиотека.На обострано задоволство, библиотекарките Весна Симоноска, Елена Станкоска и Елизабета Бојчевска – Зимоска заедно со учениците и вработени во училиштето, стручно средија ново катче од  лектирни изданија и други популарни дела за деца.Посетата на училиштето во Пештани беше можност на сите...

Продолжи со читање

Се чисти снегот од најфреквентните јавни површини

Views: 58 Екипите на ЈП Охридски Комуналец од утринските часови на терен за ублажување на последиците и нормализирање на состојбата по вчерашните снежни врнежи и минусни ноќни температури.За непречено движење на пешаците се чистат и посипуваат со абразивни средства најфреквентните јавни површини како и локациите околу објектите од витално значење: градинки и други образовни институции, здравствените објекти, општествени институции, пешачки премини, чаршијата, уличките во стариот дел од градот, Мостот на желбите, тротоари, и тн, велат од јавното претпријатие.Во текот...

Продолжи со читање

Благоец

Свето Благовештение -Благоец, празник на радосната вест, прв Велигден

Views: 147 Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник, а некои го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благоец, прв Велигден”.Се празнува точно девет месеци пред Божик, во чест на таа блага вест што ангелот, архангел Гаврил, и ја пренесол на Света Дева Марија.Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, или на 25 март според стариот календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец и сл. и се смета за тежок празник...

Продолжи со читање

Екипите на ЈП Охридски Комуналец синоќа на терен во справување со априлскиот снег

Views: 59 Екипите на ЈП Охридски Комуналец од синоќа се на терен во справување со априлскиот снег.-Мобилизирани се дежурните екипи и целокупната расположлива механизација за дејствување во зимски услови после снежните врнежи, велат од јавното претпријатие.Се расчистува снежната покривка според приоритет: населени места кои гравитираат на повисоки места, главни сообраќајници и пешачки зони ( Стар Град, населба Гоце Делчев – Бараки, села Велестово, Елшани и Горно Коњско и главни сообраќајници).

Продолжи со читање

Променливо облачно и студено со температура до 5 степени

Views: 80 Променливо облачно и студено. Утрово беше измерена температура од -1 степен, а максималната дневна ќе се искачи до 5 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h.Во следните денови ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.

Продолжи со читање

Мониторинг островот Голем Град

НП „Галичица“ ќе се опремува за подобра контрола и мониторинг на островот Голем Град

Views: 75 Во годишната програма за природа на Министерството за животна средина се обезбедени 20 милиони денари, или околу 325.000 евра кои ќе треба да се наменат за активности со кои ќе се унапреди работата на националните паркови и ќе се обезбеди потребната инфраструктура за поуспешно да функционираат.Според најавите од Министерството, НП „Галичица“ ќе биде поддржана во набавка на опрема за подобра контрола и мониторинг на островот Голем Град.На Галичица се работи на уредување локалитет за посетители на кој се градат дрвени маси и клупи, а ќе се постават и штанд за продажба на...

Продолжи со читање