Skip to main content

Автор: инфодеск

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Пошта, наша цел е Македонска пошта да ја издигнеме со најдобар квалитет

Post Views: 188 -Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот. Иако Македонија ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар, таквата работа создава главоболка во услови кога државната пошта како општествена компанија реализира услуги кога никој друг тоа не го прави. Затоа Владата ќе донира 100 нови возила за Пошта, а се размислува за законски измени со кои ќе се променат работите, истакна вицепремиерот Александар Николоски на Јавниот состанок на Агенцијата за пошти. Како...

Продолжи со читање

Струга без празнична атмосфера, АХВ го затвори Новогодишниот базар во Струга

Post Views: 195 На неколку денови до  Новата година, Струга  нема празнична атмосфера. Градските  улици, плоштадот и јавните простори во мрак,  нема  новогодишни декорации,  не блескаат сијалички.  Единствениот  обид за создавање празничен дух, беше Новогодишниот базар, на Чаршискиот мост, кој поради неисполнување санитарни услови, ден по отворањето беше затворен од АХВ.  Градоначалникот вели  се очекува закупците да ги отстранат...

Продолжи со читање

Во сабота и недела ќе се одржат работилници за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка

Post Views: 161 Во сабота, 27 декември, во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи првата креативно – уметничка работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка 2026.Работилница за дечињата од Велгошти ќе се одржи во недела, 28 декември со почеток во 18 часот ќе се одржи во манастирот Св. Петка.–Со Божиќната радост, срца да стоплиме!, порачуваат организаторите.

Продолжи со читање

„Биби и Боби во светот на бајките“ – волшебна анимирана авантура за најмладите во Струга

Post Views: 164 Утре, 25 декември (четврток) со почеток од 12:00 часот, во Големата сала на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе биде прикажан анимираниот филм за деца „Биби и Боби во светот на бајките“.Станува збор за весел анимиран филм кој ги носи најмладите гледачи на незаборавна зимска авантура исполнета со магија, хумор, новогодишни песнички и важни пораки за пријателството, добрината и заедништвото. Цена на билетот е 150 денари, а организаторите потенцираат дека салата ќе биде затоплена.Инаку, приказната за „Биби и Боби во светот на...

Продолжи со читање

Во петок промоција на збирката раскази „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески

Post Views: 170 Во петок, 26 декември, во кафе тераса „Шила“ во 13 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески во издание на „Или-Или“.Расказите пред присутните ќе ги претстават писателите Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.– За какви раскази, всушност, станува збор и кога бившата жена на нараторот од последниот расказ вели такви („Зошто пишуваш такви раскази“) и кога јас уште во насловот на поговорот велам вакви? За лични, сочни, јадри, отворени, полнокрвни и жуборливи, напати дури и скокотливи и...

Продолжи со читање

Поставена фотоволтаична централа во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“- Охрид

Post Views: 157 Во Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охридски“ од Охрид„ со поддршка на Општина Охрид, е поставен фотоволтаичен систем кој ќе обезбеди значителни заштеди на финансиски средства во иднина.-Со поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, во нашето училиште поставена е 40kW фотоволтаична централа за производство на електрична енергија од обновливи извори, информираа од средношколскиот центар.Следува вмрежување и дистрибуција на вишокот на електрична струја во мрежата на електро дистрибуција на...

Продолжи со читање

Во петок подигнување селектиран отпад од пластика и хартија на повеќе улици

Post Views: 126 Согласно Календарот за 2025 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 26.12.2025 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекцијаОд претпријатието апелираат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад затоа што нашата иднина зависи од...

Продолжи со читање

Вечерва фасадата на охридската гимназија ќе се претвори во жива сцена преку 3Д мапинг музичко-сценско шоу „Ехото на Охрид“

Post Views: 220 Дворoт на гимназијата „Св. Климент Охридски“ вечерва од 18:00 часот до 22:00 часот ќе биде жива сцена на која ќе се случува аудио-визуелно инспиративно доживување — синергија од светлина, звук и архитектура. На фасадата на Гимназијата ќе бидат прикажани оригинални 3Д секвенци со динамичен ритам и прецизен мапинг, создавајќи современо искуство за сите возрасти. Сценарио и режија на Илија Пиперкоски, а автори на видео-анимациите и 3Д мапинг се Јовица Смилески и Милчо Узунов.– Ова е приказ на чиста визуелно-музичка експресија која го слави моментот и...

Продолжи со читање

По два месеци од конституирањето, Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател

Post Views: 178 Два месеци трае блокадата во Советот на Општина Струга. Советниците не успеваат да изберат претседател, поради што Советот е нефункционален. Вчера советниците од НАИ, МЕРКО  и СДСМ повторно не присуствуваа на седница по што пропадна обидот за избор на претседател.Отсуството на претседател, оневозможува нормално функционирање на Советот, бидејќи нема кој формално да ја води седницата и да го координира донесувањето одлуки.Градоначалникот Менди Ќира предупреди дека доколку опозицијата продолжи со блокадите, ќе се пристапи кон...

Продолжи со читање

Преподобен Даниил Столпник

Post Views: 121 Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија, од родители христијани, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети светиот Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Даниил го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде претрпе безброј напади од демоните, но сите ги победи со трпението, молитвата и знакот на крстот. Потоа се качи на столбот...

Продолжи со читање

УХМР: Облачно со повремени локални врнежи од дожд

Post Views: 120 Облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 8 степени Целзиусови.Од УХМР велат дека под влијание на влажен бран денес и утре ќе имаме повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm. Поради спуштање на постуден воздух од север, во...

Продолжи со читање

Кривична пријава против раководство на Општински фудбалски сојуз Охрид за фалсификување и измама

Post Views: 161 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47 и 39 годишни охриѓани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“. Првопријавениот, во својство на претседател, а второпријавениот во својство на секретар на Општински фудбалски сојуз Охрид, искористувајќи ја својата положба во сојузот и пристапот во  системот на Фудбалската федерација на Македонија, во текот на 2024 година во повеќе наврати креирале записници за одиграни натпревари во кои внесувале невистинити податоци за лица фудбалски судии и играчи како учесници во...

Продолжи со читање