Skip to main content

Автор: инфодеск

Општина Охрид дел од проектот „Месеци на практикантство“

Views: 157 Општина Охрид е вклучена во проектот „Месеци на практикантство“, кој го спроведува Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, во соработка со Министерството за локална самоуправа.Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, денеска оствари работна средба со директорката на Агенцијата ИНОВА, Даниела Димовска, како и со седумте студенти кои се дел од проектот и своето практикантство го реализираат во Општина Охрид.На средбата се разговараше за реализацијата на проектот, практикантската работа на студентите, како и за можностите што...

Продолжи со читање

Во сабота ќе биде отворена изложбата „Охрид-Свето таинство“ од Зоран Летра

Views: 176 Во сабота, 12 септември, во Музеј – Куќата на Робевци во Охрид со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Охрид-Свето таинство“ од охриѓанецот Зоран Летра.-Охрид е свето таинство постојано опкружувано од пророци, сликари, поети, учени луѓе; отсекогаш претставувал мистерија, спој на мистични и хаотични сили кои со подземниот блесок на водата и нејзината митологија го предизвикувале вековното љубопитство на бројни неимари постојано да го извишуваат во духовна, културна и уметничка вертикала. Во овој контекст, фотозаписите на Зоран Летра се далеку од едноставно...

Продолжи со читање

Канео

Вечерна и Света Литургија по повод празникот Свети Јован Крстител во Канео

Views: 215 По повод празникот посветен на ,,Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител”, во храмот ,,Свети Јован Богослов – Канео” денес, четврток, ќе биде отслужена Вечерна Богослужба со почеток во 17:00 часот, а утре, 11 септември, петок, ќе биде отслужена Утрена Богослужба и Света Литургија со почеток во 07:30 часот.

Продолжи со читање

Во тек уписите за Бреинобреин, утре отворен ден во просториите на Црвен крст

Views: 188 Од Црвен крст Охрид информираат дека во тек се есенските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН на деца од 4 до 14-годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.-Ги покануваме родителите со своите деца да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни...

Продолжи со читање

Ликовна творба

Општина Охрид објави ликовен и литературен конкурс за ученици од основните училишта

Views: 191 Општина Охрид во соработка со охридските основни училишта објави ликовен и литературен конкурс на тема „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“.-Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот , подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава...

Продолжи со читање

Утре ќе се подига кабаст и зелен отпад во централното градско подрачје

Views: 157 Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека утре, петок, 11 септемвр, ќе се реализира акција за подигнување кабаст и зелен отпад во реонот опфатен со улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и населбата Охридати.Граѓаните од овие делови на градот кои имаат кабаст или зелен отпад треба уредно да го депонираат најдоцна до 07:00 часот на 11 септември, а локацијата претходно да ја пријават на дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944.Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните одговорно да го одлагаат отпадот и да ги почитуваат...

Продолжи со читање

Преподобен Мојсеј Мурин

Views: 131 Родум Етиопјанин, а најнапред беше разбојник и водач на разбојничка дружина. Потоа покајник и голем подвижник. Првин беше роб на еден господар од кого побегна и се вброи меѓу разбојниците. Заради неговата голема телесна сила и безобѕирност, разбојниците го избраа за старешина. Одеднаш го фати грижа на совеста и покајание за злосторствата што ги имаше извршено. Ја остави дружината, стапи во еден манастир и се предаде на потполна послушност кон својот духовник и на манастирскиот типик. Многу се служеше со поуките на светите Макариј, Арсениј и Исидор. Подоцна се повлече на...

Продолжи со читање

Денес сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Views: 126 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во Охрид денес минималните температури од 16, а максималните до 29 степени Целзиусови.Во деновите од викендот под влијание на циклонска активност ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер. Од сабота дневната температура ќе биде во...

Продолжи со читање