Автор: инфодеск
Post Views: 436 Француски институт Скопје и НУЦК “Григор Прличев” Охрид Ве покануваат на филмска проекција “Повторно Родена” на Седрик Клапиш на 28 јуни (среда).Во филмот се зборува за Елиза, многу перспективна класична танчерка, која е повредена за време на настап на 26 години. Иако и е кажано дека повеќе нема да може да танцува, таа ќе се обиде да најде нов правец во современиот танц.Проекцијата е во рамки на Летниот регионален универзитет во Струга 2023. Влез слободен, почеток 20.30 часот, место НУЦК “Григор Прличев” Охрид
Мерко го прекина молкот, ќе соработувал со истражните органи
Post Views: 337 Една недела откако струшкиот градоначалник Рамиз Мерко беше ставен на „црната листа“ на САД, денеска на Фејсбук профилот на Општина Струга објави дека ќе ја предаде секоја потребна документација што истражните органи ќе ја побараат од него и од Општина Струга.„По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт Департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите, за кои ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Oд страна на институцијата Општина Струга, како и од моја...
За еден сантиметар повисоко нивото на Охридското езеро
Post Views: 301 За по еден сантиметар се зголемени водостоите на Охридското и Дојранското езеро во споредба со вчерашното ниво, додека кај нивото на Преспанското Езеро нема промена, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.И покрај тоа водостоите на трите природни езера во земјава се пониски од просечните за јуни и тоа за 5 сантиметри на Охридското езеро, за 74 сантиметри кај Дојранското и за 1,89 метри кај Преспанското Езеро.Нивоата на речиси сите реки во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од...
Од 1 јули целосна забрана за пластични ќеси
Post Views: 362 Од 1 јули целосно се забранува продавањето на пластични кеси и оксобиоразградливи кеси, односно тоа се оние кеси кои во маркет се продаваат за 15 денари. Дозволени ќе бидат само биоразградливи ќеси. Оваа одлука следи откако беше усвоен новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Според истиот Закон ќесите од 2 поскапеа на 15 денари пред година и пол. Сепак за овошјето и зеленчукот, и во маркетите и на пазарите, сè уште се користат пластичните ќеси.
СДСМ Охрид прашува за што граѓаните му плаќаат на ЈП „Градски гробишта“
Post Views: 359 Кога оние кои треба да бидат во служба на народот и на граѓанинот почнуваат да си поигруваат со човековото достоинство, тогаш е дојдено сериозно време да се замисли човек : кому ли охриѓани му поклонаа доверба во октомври 2021 година ? – прашуваат од општинската организација на СДСМ Охрид. Оттаму, преку соопштение до медиумите повторно упатуваат критики на адреса на локалната власт на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, овој пат за работењето на ЈП „Градски гробишта“.„Покрај тоа што народот плаќа поскапи комуналии, поскапи услуги од ѓубретарина – а живееме во...
Нова демократија на Мицотакис победи на изборите во Грција
Post Views: 328 Нова демократија убедливо победи на денешните парламентарни избори во Грција, покажуваат првичните официјални резултати. Гласачите му дадоа уште еден мандат на премиерот Кирјакос Мицотакис.Се очекува Нова демократија да има 157 или 158 пратенички места во 300-члениот парламент. Според преброени скоро 90 отсто од гласачките места во земјата, централно-десничарската Нова демократија на Мицотакис освои над 40 проценти од гласовите, а главниот ривал, крајно левичарската Сириза претрпе голем пораз, освојувајќи само нешто над 18 отсто, што е уште помалку од...
Сончево со умерена облачност
Post Views: 239 Времето денеска во Македонија сончево со мала до умерена облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. UV=7Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер. Утринската температура до 15 , а максималната до 26 степени.Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време, наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.
Кучето Моли кандидат за „градоначалник“ на Торонто
Post Views: 320 Граѓаните на Торонто наскоро ќе одлучуваат кој ќе биде следниот градоначалник откако скандалот за вонбрачната врска го принуди Џон Тори да ја напушти функцијата.Има повеќе од сто кандидати, а меѓу нив е – едно куче по име Моли. Шестгодишната женка од расата сибирска хаски и нејзиниот сопственик Тоби Хепс се залагаат за запирање на прекумерната употреба на сол на патиштата во текот на зимата. Прекумерната употреба на сол на патот во текот на зимата, вели Хипс, може да ги повреди шепите на кучињата како Моли.Неговата кампања, исто така, предлага да...
Јавен повик за пријавување на штети на земјоделските култури во Дебрца
Post Views: 393 Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општината на ден 24 Јуни 2023 година да ја пријават штетата на своите земјоделски култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се подигне во архивата на општина Дебрца или да се преземе од веб страната на www.debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.Покрај...
Се одржа Меѓународнатa поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер”
Post Views: 376 Меѓународнатa поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер” – 2023 г. се одржа вчера во манастирот ,,Свети Кузман и Дамјан” во село Опеница, Охрид.„Осмата меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ е симбол за творечкиот напор и ангажираноста на поетските души, но и обврска за континуитет во поетската и културна ризница на Охрид. Поезијата е незамислива без поетите, но и без читателите. Читателот најсилно се чувствува преку интересот за поетската творба на авторот. Песната вистински живее само тогаш кога има и додека има читатели....
Бунтот на Вагнер заврши, настрада имиџот на Путин
Post Views: 337 Во Русија заврши еднодневниот бунт на платениците од „Вагнер“.Евгениј Пригожин, водачот на платеничката група Вагнер, со своите војници го напушти јужниот руски град Ростов на Дон. Заминувањето на групата уследи по договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко според кој Пригожин и неговите војници платеници ќе избегнат гонење, а Пригожин ќе замине во егзил во Белорусија.Вчера додека паравојската беше далеку во Ростов, во Москва се вршеа евакуции на објекти , по улиците излегоа оклопни возила, па дури имаше...
Отворена 12-тата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“
Post Views: 378 Живописното Вевчани и годинава домаќин и неисцрпна инспирација за врвните светски уметници. Започна 12-тото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“, на која ќе творат 25 афирмирани сликари од земјава и странство. Уметниците најчесто се инспирираат од Вевчанските извори, автентичните сокаци, старите куќи, природата на Јабланица.„Годинава повеќе од 25 ликовни имиња од Македонија и од светот ќе бидат присутни да создаваат прекрасни дела инспирирани од убавините на Вевчани,од архитекрурата, од природата од воздухот. Се надеваме дека...