Автор: инфодеск
Views: 55 Со започнување на пролетта се интензивираат активностите на ЈП Охридски Комуналец за генерално чистење и миење на коловозите, тротоарите и други јавни површини во поширокото градско подрачје.Се чисти делот покрај коловозните ленти на патниот правец Охрид-Свети Наум од расфрлан ситен комунален и тешко разградлив отпад (лименки, пластична и картонска амбалажа и др)Со специјална механизација се интервенираше во расчистување на крајбрежниот појас од градскиот кеј, во близина на Холандски Парк, а се спроведе и машинско миење на кејот на оваа локација.
Јавна презентација и расправа за оцена на влијание на животна среднина за ДУП за УЗ12, УБ12.3 опфат 3
Views: 84 Се организира јавна презентација и јавна расправа за Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Детален урбанистички план за УЗ 12 , УБ 12.3 опфат 3, Општина Охрид. Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Детален урбанистички план за УЗ 12 , УБ 12.3 опфат 3, Општина Охрид. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен...
Се повикуваат добитниците на стипендии од Општина Охрид да ги потпишат договорите
Views: 60 Од Општина Охрид ги известуваат добитниците на стипендии дека од 08.04.2025 (вторник) до 11.04.2025 година (петок) во период од 12:00 до 15:00 часот треба да дојдат во просториите на советничката канцеларија во Општина Охрид за да ги потпишат договорите.Добитниците на стипендија (малолетни лица) при потпишувањето на договорот, треба да дојдат во придружба на родител или старател.
Отворено писмо од Фронт 21/42 и Охрид ЅОЅ до надлежните во врска со хотелскиот комплекс во Горица
Views: 61 Фронт 21/42 и Охрид ЅОЅ со отворено писмо се обраќаат до премиерот, членовите на Владата на РСМ, градоначалникот на Општина Охрид и до јавните обвинители со барање за, како што велат, суштинско и итно спроведување на Уставот, законите и меѓународното право во случајот со хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп во Горица, Охрид.Писмото го пренесуваме во целост:Ви се обраќаме јавно, со надеж дека на овој начин нашето обраќање нема да резултира со уште еден формален допис кој ќе изобилува со празни фрази за тоа „како институциите ги спроведуваат законите и многу сериозно се...
Денеска се празнува Свети Јаков Исповедник
Views: 77 Денеска е 3 април (21 март по стар стил), според Православниот календар на Македонската православна црква денеска се слават: Свети Јаков, епископ и Исповедник, Преподобен Кирил, Свети Тома патријарх Цариградски и Преподобен Серапион.На 3 април се празнува Свети Јаков Исповедник, голем духовник и маченик кој целиот свој живот го посветил на верата, постот и молитвата. Иако неговото место на раѓање и епископствување не се со сигурност познати, се знае дека живеел според Христовите закони и бил верен чувар на православната вистина.Се знае дека ги исполнил Христовите...
Oблачно со повремени врнежи од дожд
Views: 59 Во Охрид денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.До сабота ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела поради продор на студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места, информираат од УХМР.фото: Ѓоко Симјаноски
Градежен работник од Охрид повреден во Делогожда
Views: 104 На 01.04.2025 во 14.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во село Делогожда, струшко, при извршување на работни задачи се здобилo со повреди 63 годишо лице од Охрид, вработен во фирма од Скопје.–Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршен е увид во содејство со трудова инспекција, при што е констатирано дека при изведување на градежни работи околу канализациона мрежа се урнал дел од откоп од земја при што охриѓанецот се здобил со повреди и бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што се констатирани тешки телесни повреди,...
Приведен охриѓанец поради изнуда и противправно лишување од слобода
Views: 72 На 01.04.2025 полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ (чл. 140 ст.1 од КЗ) и „изнуда“ (чл.258, ст.1 од КЗ).–Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на 31.03.2025 околу 21 часот пријавениот дошол во домот на пријавителот и со пиштол, под закана го држел и физички го нападнал, барајќи од него да му препише во сопственост патничко возило и да добие вработување во фирмата на...








