Автор: инфодеск
Post Views: 464 Во општина Вевчани во тек е пробивање на патишта до земјоделските површини. Градежните активности се одвиваат на тешки терени.-„Се одвиваат градежни активности околу пробивање, чистење и тампонирање на пристапен пат до земјоделското земјиште во м.в. Средни пат. Теренот е тежок, но изнаоѓаме решенија“, информира градоначалникот Спасе Кочоски.Во тек се градежни работи за реконструкција на помошниот објект на туристичкиот центар во Вевчани.A ЈП Еремија изминативе денови со засилени активности за одржување на јавната чистота. Се уредуваа...
Нестабилно време со пороен дожд попладне
Post Views: 464 Денес на повеќе места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.И во Охрид денес попладне се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени.Во текот на следната седмица во Македонија ќе преовладува претежно стабилно време, а само на...
Се одржа меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023“
Post Views: 429 Денеска во спортската сала „Билјанини извори“, се одржа меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023“. Пред присутните натпреварувачи, на отворањето, се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.„Како голем поддржувач на спортот, секогаш ми е посебно драго да бидам дел од вакви спортски случувања, кои оставаат траен белег во спортскиот живот на нашиот град и се позитивен пример за афирмација и промоција на различни спортски дисциплини. На сите натпреварувачи им честитам за нивната посветеност и ентузијазам да бидат истрајни во сите борбени подвизи. Оваа...
Охридскиот Архив побогат со документација за историјата на Балканските Египќани
Post Views: 411 По повод 24 Јуни Денот на Балканските Египќани, за прв пат на балканските простори беше предадена документација од историскиот развој на Египќаните во oхридскиот Архив.Од подрачното одделение Охрид на Државниот Архив на Македонија изразуваат надеж дека овој чин понатаму ќе биде следен и во другите балкански земји.„Од мое име и од името на генералниот директор на Државниот Архив Емил Крстески се заблагодарив за големата свест кон она што значи историја, документација и архивистика…особено кон почитуваниот професор Рубин Земон кој несебично пристапи...
Одбележан Денот на Балканските египќани
Post Views: 276 Со средба на претставниците на египќаните од Македонија, Албанија и Косово, денес во Охрид се одбелжува 24 јуни – Денот на Балканските египќани. Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со претставниците на египќаните, меѓу кои присуствуваше и Елберт Красниќи, министер за локална самоуправа во Косово.Градоначалникот Пецаков, истакна дека како локална самоуправа, Охрид има преземено многу работи, со кои недвосмислено се покажува дека нашите сограѓани египќани, се нераскинлив дел од заедничкото живеење во Охрид, со сите други етнички заедници. Верувам дека...
Штетите на недвижен имот и земјоделски култури да се пријават до 30.06.2023
Post Views: 440 Се информираат жителите на Општина Охрид дека настанатите штети од невремето може да ги пријават до 30.06.2023 година (петок).Барањата за пријава на штети се подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето задолжително се приложува имотен лист и лична карта.Настанати штети може да се пријават само за недвижен имоти за земјоделски култури.
Оштетени кровови и поплавени објекти, најголеми штети врз земјоделските култури
Post Views: 294 Поројниот дожд и градот кои го зафатија Охрид ги поплавија улиците и на многу локации водата навлезе во приземни простории и подруми на повеќе објекти. Граѓаните добија помош од јавни претпријатија за исцрпување на водата со пумпи.На терен излезе комисијата за проценка на штети. Се врши проценка каде што имаме сознанија дека се најголеми штетите, односно каде што има големи оштетувања на домовите, кажа градоначалникот Пецаков по заседавањето на кризниот штаб.„Најпогодени се домовите во населбата Видобишта каде на поголем број куќи се оштетени...
Пецаков: Ангажирани се сите расположливи капацитети во санирање на последиците од невремето
Post Views: 302 Општина Охрид ги стави на располагање сите расположливи капацитети во расчистување на последиците од големото невреме што денеска го зафати Охрид, истакна градоначалникот Кирил Пецаков, по состанокот на Кризниот штаб, на кој присуствуваа директорите на јавните претпријатија.„Од првичните информации со кои располагаме, отежнат е сообраќај на одредени улици поради обилните врнежи и големата вода која се уште се слива, има пријави за поплавени домови, дворови, куќи, а штетата на земјоделските култури очигледно ќе биде огромна бидејќи невремето кое...
Ногачески: Штетите од градот врз земјоделските култури во Дебрца се 100%
Post Views: 567 Силното невреме проследено со врнежи од град во југозападниот регион пладнево ја погоди Општина Дебрца. Извесно е дека градот предизвика штети по земјоделските насади но според градоначалникот Зоран Ногачески истите се огромни.„ Вакво нешто не сум доживеал во животот,кое денес, ја зафати општина Дебрца,за миг ја однесе во неповрат земјоделската мака. Уште сега со сигурност можам да кажам дека штетите на земјоделските култури се 100%. Нема нешто да остана здраво.“ – вели градоначалникот.Општината ќе ги спроведе сите стандардни постапки за...
(видео) Силно невреме го зафати охридско-струшкиот регион
Post Views: 455 Силно невреме ги зафати Охрид, Струга и Дебрца. Пороен дожд и грмeжи, проследени со ветер и појава на град. Во делови од Охрид кратко имаше и прекин во напојувањето со електрична енергија.Охридската чаршија и кејот брзо се испразнија откако сончевото пладне за многу кратко премина во силно невреме.Засега нема информации за предизвикани штети но повеќе информации се очекуваат по заседавањето на кризниот штаб кој итно го свика Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Oд УХМР информираат дека невремето се движи во правец од југозапад кон...
Вагнер тргна на Москва, Путин се закани дека ќе ги казни предавниците
Post Views: 365 Борците на платеничката групата „Вагнер“ според нејзиниот шеф Евгениј Пригожин ги зазеле сите воени локации во рускиот град Ростов. Од Ростов до Москва има повеќе од илјада километри, но во престолнината се воведени антитерористички мерки и има оклопни возила по улиците, а превентивно е затворен и автопатот што ги поврзува двата града.Рускиот претседател Владимир Путин, во своето вонредно телевизиско обраќање, изјави дека иднината на Русија е загрозена, опишувајќи ги акциите на бунтовниците како „удар во грб“. Тој рече дека некои Руси се „измамени во...
Празник на Светите Вартоломеј и Варнава – Вртолум
Post Views: 521 Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се...