Skip to main content

Автор: инфодеск

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Post Views: 275 Времето денеска во Македонија, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.Во Охрид претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура во благо опаѓање и...

Продолжи со читање

Реконструиран меморијалниот споменик Спомен-чешма со мозаици во Сливово

Post Views: 341 Реконструиран меморијалниот споменик Спомен-чешма со мозаички сцени во центарот на селото Сливово, Општина Дебрца, каде што на 11 ноември 1943 е формирана Првата македонско-косовска бригада, соопшти Министерството за култура.Станува збор за дел од проектот за реконструкција на споменици и спомен-обележја на Народноослободителната борба (НОБ). Спомен-чешмата во Сливово има двојно значење, и историско и уметничко, со оглед на тоа што има две мозаички сцени посветени на Илинден и на НОВ од 1941 изработени од македонскиот современ сликар, мозаичар и изработувач...

Продолжи со читање

Во Охрид се одржа дискусија за зајакнување на Локалниот младински совет

Post Views: 253 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска се вклучи на дискусијата за зајакнување на Локалниот младински совет, која се одржа во Младинскиот центар во Охрид, како дел од проектот „Од ЕУ за Вас: Опремување на локалните младински совети со најдобрите европски практики #TeamEurope“. Дискусијата ја организираше Центарот за меѓукултурен дијалог (CID) и Амбасадата на Хрватска во Република Македонија.На дискусијата присуствуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, која со младите охриѓани разговараше за перспективите на локалната...

Продолжи со читање

36 кубици кабаст отпад собра Комуналец денеска во Пештани

Post Views: 321 Успешна акција на ЈП Охридски Комуналец за собирање кабаст отпад во Пештани.Екипите подигнаа 36 кубици најразновиден кабаст и зелен отпад. Се подигаше со 2 камиони и трактор со 12 вработени од јавното претпријатие.Исто така беше извршено и косење со мулчер во с.Велгошти, с.Косел, патот Охрид-Св.Наум и с.Лакочереј.

Продолжи со читање

Повеќе од успешен Меѓународниот турнир во кошарка „20 Години КК Колибри”

Post Views: 537 Меѓународниот турнир во кошарка „ 20 Години КК Колибри “ во категорија : девојчиња и момчиња, генерации М12, М14 и М16 кој се одржа од 19-ти до 22-ри јуни, беше повеќе од успешен.На едно место беа собрани 200 деца од Р. Србија, Албанија и Македонија. Најуспешни во своите категории беа екипата на Нова Варош од Србија У 16 – жени, во конкуренција У14 жени – првото место го освои екипата на МЗТ – Скопје, во категорија У 14 мажи , првото место припадна на екипата на Елите – Баскет – Албанија и прво место во  категорија У12 беше екипата на КК Колибри –...

Продолжи со читање

ТАВ Македонија го пречека првиот лет на Норвеџиан ерлајнс од Осло

Post Views: 471 ТАВ Македонија, утринава, со воден мост за добредојде, на Меѓународниот Аеродром Скопје, го пречека првиот лет на скандинавската реномирана авиокомпанија Норвеџиан ерлајнс од Осло.Со Боинг 737, со капацитет од 189 патници, авиокомпанијата за прв пат слета на Меѓународниот Аеродром Скопје, со што го означи почетокот на комерцијалните операции на македонскиот пазар.„Како ТАВ сме возбудени што го дочекавме и прославивме влезот на Норвеџиан ерлајнс  на македонскиот пазар, со денешниот прв лет од космополитскиот центар на Норвешка – Осло, до...

Продолжи со читање

Во Опеница утре ќе се одржи поетската манифестација „Охридски поетски бисер“

Post Views: 408 Осмата Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ – 2023 г. во организација на Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер“ ќе се одржи на 24-ти јуни со почеток во 13 часот во манастирот „Свети Кузман и Дамјан“ во селото Опеница, Охрид.„Посебна чест, но и обврска, ни преставува бројката од 204 пристигнати творби од 121 македонски поет, 31 млад поет; 49 странски поети и 3 поети од нашата дијаспора.“ – велат организаторитеМанифестацијата има за цел меѓународна промоција на поетскиот збор, македонскиот јазик и...

Продолжи со читање

(видео) Обрадовиќ му залепи шамар на навивач кој влета на теренот

Post Views: 417 Партизан го подигна трофејот во АБА-лига, откако ја совлада Црвена Звезда во петтиот меч.Непосредно пред самиот крај на натпреварот фановите на Партизан почнаа да ја слават извесната победа и првата титула после десет години. Атмосферата го понесе еден навивач кој влета на паркетот. Навивачот на малку непријатен начин дозна дека никој не се шета по паркетот покрај кој стои Жељко Обрадовиќ додека не заврши мечот. Трофејниот кошаркарски стручњак Обрадовиќ му удри шамар и го истурка од теренот.Željko Obradović bolado com o banco comemorando antes do...

Продолжи со читање

titan

Патниците на Титан се мртви, смртта била брза, имлозијата се случила за милисекунда

Post Views: 417 Петте патници во исчезнатата подморница „Титан“ се мртви. Робот-нуркач ги пронашол остатоците од подморницата „Титан“, а сѐ укажува на тоа дека дошло до нејзина имплозија, изјави шефот на американската крајбрежна стража, Џон Мауџер.На семејствата на петмината патници во „Титан“ сочувство им упати и фирмата „ОушнГејт”, која ја организираше експедицијата, а чиј коосоновач и извршен директор Стоктон Раш е исто така меѓу загинатите. Дел од екипажот беа и британскиот бизнисмен и авантурист Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син...

Продолжи со читање

Голема посетеност на вториот Фестивал на виното во Охрид  

Post Views: 976 Голем број посетители, охриѓани и туристи, синоќа уживаа во безброј вински  вкусови и  убава музика во Охрид. Со  Вториот Вино Фест симболично  се означи и  стартот на летната сезона. Повеќе од 25 винарии го промовираа  македонското вино кое  се вбројува во  најубавите во Европа и светот.„Годинешниот вински фестивал е поголем од минатогодишниот, 25 винарии со многу посериозен пристап на целиот настан и од винариите и од сите нас. И лани може да кажеме дека имавме успешен фестивал, една успешна проба.Се надеваме дека секогаш оваа приказна ќе биде...

Продолжи со читање

По Дубровник и Будва и Сплит воведоа казни за шетање по костим за капење низ град

Post Views: 843 Општинските власти во туристичките центри на Јадранот секоја година носат одлуки под притисок на локалното население во поглед на секојдневното живеење и функционирање за време на летната сезона. Па така оваа 2023г во некои од овие приморски градови стапи на сила одлука со која им се забранува на туристите но и на локалното население да шетаат по костим за капење низ градските средини.Казната за шетање во Будва во костим за капење е 200 евра, одлучија од Општина Будва.Според Одлуката за комуналниот ред, во костим за капење може да се седи само во зоните...

Продолжи со читање

Сончево време со температура до 30 степени

Post Views: 308 Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. UV=8Во Охрид сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура до 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени.

Продолжи со читање