Автор: инфодеск
Post Views: 299 Националната опера и балет Ви најавува двојна изведба на ремек-делото „АНА КАРЕНИНА“, балетска претстава во два чина со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски на 23 и 26 јуни 2023 со почеток во 20.00 ч.Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичката но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.Во повеќе од два...
Д-р Марјан Шокаровски назначен за директор на државна кардиохирургија
Post Views: 1.063 Министерството за здравство информира дека за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е назначен д-р Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање.Охридскиот кардиохирург Шокаровски во 2020 та година беше дел од тимот кој ја изведе првата трансплантација на срце во историјата на македонското здравство.Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител...
Промотивна тура со едрење за туристички агенции
Post Views: 505 Едриличарската Федерација на Македонија, во соработка со едриличарските клубови, а со поддршка на ИМЕ Increasing Market Employability – IME, организира промотивна двочасовна тура со едрење за туристички агенции, заинтересирани за соработка и вклучување на едрењето во својата понуда.„Ве покануваме во сабота (24.06) во 10.00 часот на градското пристаниште да ни се придружите на оваа промотивна тура и подетално да се запознаете со понудата и нашата визија за иден развој на наутичкиот туризам, како носител на развојот на туризмот, економскиот развој на...
Наградени ученици и ментори од основните и средните училишта во општина Охрид
Post Views: 346 Градоначалникот на општина Охрид донесе решение со кое одобри исплата на учениците и нивните ментори од основните и средните училишта во општина Охрид кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпревари во знаење.Со оваа активност општина Охрид е првата општина во Република Македонија која на овој начин ги наградува своите талентирани ученици.Дополнително оваа година и превозот за учество на натпреварите на учениците и нивните ментори комплетно беше обезбеден од општина Охрид. Учебната година завршува со промоција на најуспешните,...
Акција за собирање на кабаст отпад во петок во Пештани, а во сабота во Косел
Post Views: 319 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 23.06.2023 и 24.06.2023 год.(петок и сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од с.Пештани и с.Косел ( с. Пештани на 23.06.2023 год.(петок), а од с. Косел на 24.06.2023 год. сабота)Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 23.06.2023, односно 24.06.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој...
Вевчани домаќин и инспирација на светските сликари
Post Views: 417 Живописното Вевчани и годинава ќе биде домаќин и инспирација за врвните светски уметници.Се е подготвено за дванаесетото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања”. Оваа година на Колонијата свое учество ќе земат преку 20 афирмирани сликари од Република Македонија, од балканските држави, како и од неколку европски земји.И годинава како дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања” се организира и Летна ликовна школа за деца, во чии рамки повеќе од 40 млади идни уметнички надежи ќе имаат несекојдневна...
Финални подготовки за вечерашното отворање на Ohrid Wine Festival 2023
Post Views: 503 Вечерва започнува второто издание на „Охридски вински фестивал“.Охриѓани и гостите ќе може да уживаат во тридневната дегустација на македонските вина и вкусна храна, дополнети со богата музичка програма во изведба на македонски музички уметници. Вечерва бината е резервирана за бендот Баклава, добро прочуениот Миле Кузманоски и Дарио и неговите безвременски хитови, додека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен диџејот РутБој.Годинава, своите вина ќе имаат можност да ги презентираат повеќе од 20 винарии од големите вински брендови и компании,...
Охриѓани уживаа во безвременскиот ѕвук на чалгиската музика на Климе Садило
Post Views: 402 Синоќа во предворјето на ЦК “Григор Прличев“ охриѓани и гостите имаа убава можност да уживаат во концертот на „Чалгија саунд систем“ во чест на најпознатиот охридски трубадур Климе Садило. Концертот е дел од проектот „Заборавениот звук – во спомен на Климе Садило“, во организација на здружението „Арт вивенди“.Културниот настан се реализира со поддршка на Општина Охрид и Министерството за култура. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Пецаков се осврна на музичките достигнувања на Садило и културниот придонес што тој го имал за Охрид....
ITV ги запознава Британците со најубавите локалитети и најдобрите атракции во Охрид
Post Views: 382 Репортерот на телевизијата ITV во популарното дневно телевизиско шоу “This Morning” кое се емитува во Обединетото Кралство, продолжува да ги запознава Британците со најубавите локалитети и најдобрите атракции во Охрид.Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организираше информативна патување за новинари и репортери од наведеното шоу, од 17-ти до 20-ти април. Екипата од дневното шоу “This Мorning” за време на својот престој подготвија репортажи за недопрените убавини на нашата земја која е “budget friendly” за туристите и кои веќе се...
Одобрена продажба на месо направено во лабораторија
Post Views: 391 Американското Министерство за земјоделство изврши увид и ги одобри системите за безбедност на храна во објектите на компаниите „Upside Foods“ и „Good Meat“ со што се отвора патот на месо произведено во лабораториски услови од животински клетки да биде достапно за исхрана.Компаниите соопштија дека производите наскоро ќе бидат достапни во рестораните, а потоа и во маркетите.Месото се одгледува во лаборатории во челични резервоари, користејќи клетки од живи животни или од посебна банка на репродуктивни клетки.Управата за храна и лекови на овие компании...
Во петок и сабота ќе биде затворена за сообраќај улицата „Марко Цепенков“
Post Views: 358 Поради градежни активности за асфалтирање во петок 23.06.2023 година и сабота 24.06.2023 година, согласно времениот режим, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Марко Цепенков“.Се известуваат жителите кои што живеат на улицата „Марко Цепенков“ и во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“ дека сообраќајот ќе се одвива по споредни улици.
Сончево и топло со температура до 29 степени
Post Views: 259 Времето денеска во Македонија сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.Во Охрид сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Утринската температура до 16 степени. Дневната и понатаму во пораст и денеска ќе се искачи до 29 степени.Времето во следните денови: До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен...
