Skip to main content

Автор: инфодеск

Променливо облачно и врнежливо време

Views: 72 Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.Денес температурите во Охрид од 7 до 14 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека и во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч). Во...

Продолжи со читање

На охридскиот аеродром слета првиот авион на Туркиш ерлајнс

Views: 94 Со првиот лет на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул до Охрид денеска свечено беше означен стартот на нововоспоставената авионска линија.Вицепремиерот и министерот за транспор, Александар Николоски изјави дека воведувањето на оваа линија е резултат на изменет модел на субвенционирање. Износот по патник за охридскиот аеродром е зголемен од 4,5 евра на 12 евра, а субвенциите сега се насочени кон доаѓања наместо заминувања, со цел да се зголеми бројот на посетители.-Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно нов развој на...

Продолжи со читање

135 години од раѓањето на познатиот охридски онколог д-р Атанас Коцарев

Views: 112 Синоќа во Музејот на македонската борба за независност во Скопје со пригодна програма беа одбележани 135 годикни од раѓањето на светски познатиот онколог од Охрид д-р Атанас Коцарев.Д-р  Коцарев има  високи научни откритија во областа на онкологијата и лекувањето на онколошките пациенти за што светската научна јавност му се восхитува и заблагодарува.На синоќешниот настан пред присутните меѓу кои и амбасадорите на Франција и Швајцарија Кристофер Ле Риголер и Вероник Хулман, се обрати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.– Чест и задоволство е да...

Продолжи со читање

Машинско пресејување и потхрана на спортските терени на ЈП „Билјанини Извори“

Views: 68 Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ активно работи на одржување и подобрување на квалитетот на своите спортски терени. Во рамките на редовното одржување, спроведено е машинско пресејување со спортски видови на тревни смеси, со цел да се обезбеди густа, издржлива и квалитетна тревна површина погодна за интензивна употреба.Дополнително, терените се потхранети со гранулирано ѓубриво, кое обезбедува неопходни хранливи материи за оптимален раст и развој на тревата. Со овие мерки се продолжува грижата за спортските терени, обезбедувајќи подобри услови за спортските екипи и...

Продолжи со читање

Денес со панел дискусија ќе се одбележи Светскиот ден на театарот

Views: 59 Денес по повод Светскиот ден на театарот со почеток од 20 часот на малата сцена при Н.У.Ц.К. „Григор Прличев“ – Охрид ќе се оддржи панел дискусија на тема „Запознавање со процесот на создавање на една театарска претстава и важноста на театарот во општественото живеење“.Како вовед во панелот ќе се прочитаат овогодинешните пораки по повод Светскиот ден на театарот, потоа на темата ќе говорат дел од ансамблот на Охридскиот театар, а за крај е предвидена и дискусија со присутните.Настанот кој што е организиран од Народен театар Охрид во соработка со Младински Центар Охрид...

Продолжи со читање

Македонија Нато

Пет години членство на Македонија во НАТО

Views: 76 Македонија денеска одбележува пет години од зачленувањето во НАТО откако на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка на Алијансата и реализираше една од нејзините стратешки цели која е зацртана и во Резолуцијата што Собранието ја усвои во 1993 година. По повод петгодишнината денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата. Според агендата, на почетокот на настанот ќе се обрати министерот Муцунски по што ќе следи затворена...

Продолжи со читање

plane, flight, turkish airlines, aviation, heaven, landing, turkish airlines, turkish airlines, turkish airlines, turkish airlines, turkish airlines

Денеска во Охрид пристигнува првиот авион на Turkish Airlines

Views: 75 Денес на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид во 14:30 ќе пристигне првиот лет од Истанбул до Охрид на авиокомпанијата Turkish Airlines.На настанот ќе присуствуваат и премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски, Фатих Улусој, амбасадор на Република Турција во Република Македонија, Серкан Каптан, главен извршен директор на ТАВ Аеродроми и Билал Екси, главен извршен директор на Turkish Airlines.Летовите на линијата Истанбул – Охрид ќе оперираат четири пати неделно, во понеделник, четврток, петок...

Продолжи со читање

Св Кирил и Методиј

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог идеи кои одговараат на развојните цели на Општина Охрид

Views: 124 Општина Охрид во периодот од 2021-2024 година активно учествуваше  во проектот на програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) ReLOaD2, откако беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу двете инволвирани страни. Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан, ReLOaD2 беше финансиран од Европската Унија и го спроведуваше програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) во шест земји од Западен  Балкан. Проектот траеше до декември 2024 година и истиот имаше за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен...

Продолжи со читање