Skip to main content

Автор: инфодеск

Инвентаризација на пештери во Националниот парк Галичица

Post Views: 267 Експертски тим од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје спроведува инвентаризацијата на пештерите во Националниот парк Галичица. Активностите се во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“. Главната цел на ова истражување е споделување научни факти со локалното население и со пошироката јавност за значењето на пештерските екосистеми и нивното зачувување.Инвентаризацијата е значајна алатка за утврдување на бројот...

Продолжи со читање

Реприза на „Сергеј е многу глупав”

Post Views: 380 Реприза на премиерната изведба „Сергеј е многу глупав” режија Дејана Николовска во деновите САБОТА 24.06.2023 и ВТОРНИК 27.06.2023 година.Во претставата „Сергеј е многу глупав” се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидумедноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка...

Продолжи со читање

ЈП Градски Пазар издава локации за реквизити за забава на Кеј Македонија

Post Views: 303 ЈП Градски Пазар Охрид објавувa Оглас за издавање простор – локација за поставување урбана опрема забава на отворено на Кеј Македонија.Локациите за поставување на урбаната опрема се издаваат за времетраење од 01.07.2023 до 01.10.2023 година.Заинтересираните правни и физички лица кои ги исполнуваат условите од огласот треба да ги достават понудите најкасно до денот и часот на отворање на понудите 23.06.2023 година (петок) до 11:00 часот.Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема како и намената на локациите, заинтересираните...

Продолжи со читање

Амбасадорот на Словачка возеше МТБ на Јабланица

Post Views: 331 Во Струга,како домаќин на Преспа форумот престојуваа голем број амбасадори,дипломати,странски и домашни државници кои слободното време го користеја за посета на локалните обележја.Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш последниот ден од престојот во Струга го искористи за возење МТБ на планината Јабланица.Придружуван од членови на Рупикапра МТБ – здружение за планински велосипедизам, тој од Струга низ селото Вишни се искачи до Три Шилка, од каде се спушти на граничниот премин Ќафасан, преку Радожда. Во локален ресторан проба и...

Продолжи со читање

10-ти традиционален планинарски марш „Црн камен 2023“ Јабланица

Post Views: 426 На 25.06.2023 година (недела) ќе се одржи традиционалниот Планинарски марш до највисокиот врв на Јабланица, Црн камен (2258 м.н.м.в) во организација на ПЕД „ЗАКАМЕН“.Во тек е пријавување на учесници кое ќе трае до 23.06. (петок). Заинтересираните можат да се пријават на тел. 078-217-597 (Димитри), 077-538-003 (Глигор), на e-mail: pedzakamen@gmail.com или на Фејсбук страната www.fb.com/ZakamenPED каде ќе се информираат за сите предуслови за учество во маршот.Патеката е средно тешка со должина од 12 км.ПРОГРАМА:Сабота (24.06.2023)16:00 часот...

Продолжи со читање

Телата на загинатите во Лепенец дадени на обдукција, притвор за возачот кој претекнувал

Post Views: 254 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје прибира докази за утврдување на причините кои доведоа до тешката сообраќајна несреќа која се случи завчера на патот Скопје – Блаце, а во која загинаа три лица членови на едно семејство од Косово. Нивните тела беа во автомобилот кој вчера попладне беше извлечен од реката Лепенец. „По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија...

Продолжи со читање

Прва роднокрајна средба на писателите од Охрид

Post Views: 266 Утре – 20 јуни,  вторник во 12 часот во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев “ – Охрид  ќе се одржи Првата роднокрајна средба на писателите од нашиот град.Средбата има работен наслов: „Охрид низ творечкиот ракопис“. Настанот целосно ќе се снима а со секој учесник – автор одделно ќе биде изработен фото – портрет кој ќе се чува во дигитална форма во библиотечната архива.Присутните се очекува да разменат мисли и идеи околу издавачката продукција и збогатување на Роднокрајното одделение со нивни нови наслови.НУ Библиотека „Григор Прличев“...

Продолжи со читање

star grad

Жители на Стар град ќе собираат потписи против одлуката за издавање картички

Post Views: 385 Група жители од Месокастро и Варош во допис до медиумите го изразуваат својот револт од одлуката на локалната самоуправа  повторно да поднесуваат барање и да уплаќаат за картички за влез со возило во Стариот дел на Охрид. Најавуваат дека денеска ќе започнат да собираат потписи против одлуката.Дописот го пренесуваме во целост:Веќе 3 години со ред ние жителите на Варош и Месокастро сме обврзани да плаќаме картички за можеме да си дојдеме во своите домови. Првичната замисла на Општина Охрид беше со цел да се регулира сообраќајот во Стариот дел на градот....

Продолжи со читање

Сончево и топло време во Охрид

Post Views: 375 Денеска во Македонија времето ќе биде претежно сончево и значително потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. UV=8Во Охрид сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 24-тиот степен.Во среда попладне ќе биде нестабилно во западните делови, а во деновите кон викендот ќе има услови за пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер и повремено во останатите делови од земјата.

Продолжи со читање

Со меѓународен турнир ќе се одбележат успешни 20 години на КК „Колибри“

Post Views: 400 Кошаркатскиот клуб „Колибри“-Охрид по повод 20 годишниот јубилеј организира Меѓународен кошаркарски турнир „ 20 Години КК Колибри “.На турнирот, кој ќе се одржи од 19 до 22 јуни во хотел Десарет, учество ќе земат екипи во машка и женска конкуренција од Албанија : ЖКУ Златар – Нова Варош – Р.Србија, Елите Баскет – Тирана, Про Баскет Јуниор – Охрид, КК МЗТ- Скопје, КК Декса – Прилеп , КК Пробаскет – Делчево и домаќинот КК „Колибри“.„Со овој турнир отпочнуваме нова спортска традиција која во иднина ќе се стремиме да стане традиционална. Нашата цел е да ја...

Продолжи со читање

Приведена ресенчанка за кражба во маркет во Охрид

Post Views: 940 На 17.06.2023 во 14.40 часот во СВР Охрид е приведена Е.Д.(43) од Ресен, која претходно била затекната при кражба на производи од маркет во Охрид. Предметите се вратени на сопственикот, а против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Значително намалување на кривичните дела на подрачјето на Охрид и Струга

Post Views: 456 Безбедносната состојба на подрачјето  на СВР Охрид и ОВР Струга е поволна и на задоволително ниво, оцени министерот Оливер Спасовски, при вчерашната посета.  Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Охрид во изминатите пет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 22%.Во делот на тешките кражби, во текот на 2023 година, забележано е  намалување на овој вид пријавени кривични дела за 38%, споредбено со истиот период лани. На подрачјето на  СВР Охрид во првите пет месеци на годинава реализирани се 52...

Продолжи со читање