Skip to main content

Автор: инфодеск

Вечерва ќе се одржи Новогодишниот концерт на СМУ „Тодор Скаловски- Тетоец”

Post Views: 135 Вечерва во 19 часот во хотел Дрим во Струга ќе се одржи Новогодишен концерт на Средното музичко училиште „Тодор Скаловски- Тетоец”, дисперзирани паралелки Струга.На програмата се композиции од : Дворжак, Моцарт, Николовска, Коен, Штраус Помладиот, Штраус Постариот во изведба на камерниот оркестар и хорот на училиштето под диригентската палка на маестро Алтин Зиба.Влезот е слободен.

Продолжи со читање

Два случаи на семејно насилство во Охрид и Струга

Post Views: 177 На 22.12.2025 во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 53-годишен маж од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.ОВР Струга поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот...

Продолжи со читање

Жител на Враништа пријавен за неовластена изградба на бетонска ограда на државен имот

Post Views: 155 ОВР Струга поднесе кривична пријава против 65-годишно лице од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик. Тој, на катастарска парцела во селото во државна сопственост, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, неовластено изградил бетонска ограда.

Продолжи со читање

Презентација на програмите и активностите на Институтот Конфуциј на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Post Views: 132 Институтот Конфуциј ќе одржи презентација на своите активности и програми во среда, 24 декември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“Презентацијата е наменета за сите заинтересирани граѓани од Охрид и поширокиот регион, со посебен акцент на образовните и културните институции. Во рамките на настанот ќе бидат преставени можностите за бесплатни часови по кинески јазик и курсевите по традиционални кинески вештини, како и културни настани и активности отворени за...

Продолжи со читање

Македонија ќе добие кафилерија и гробишта за миленици

Post Views: 165 Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Никола Миланов, во интервју за МИА најави дека институцијата работи на иницијатива за изградба на кафилерија и гробишта за миленици, со цел да се реши долгогодишен проблем поврзан со третманот на починати домашни животни.Според Миланов, досега во пракса најчесто се случувало миленичињата по угинувањето да бидат оставани од сопствениците на истите депонии каде што се фрла и комуналниот отпад, што претставува сериозен здравствен и еколошки ризик. Тој посочи дека ваквата состојба е недозволива и дека е неопходно...

Продолжи со читање

Наредната недела предновогодишна „Импровокација“

Post Views: 156 Традиционално во последната недела од годината со многу подароци за публиката ќе се одржи предновогодишната „Импровокација“.Карти може да се резервираат на телефонскиот број 075 283 066, а цената е 400 денари.

Продолжи со читање

Утре акција за пошумување во опфатот на Белчишкото Блато

Post Views: 104Утре, 24 декември, на границата со опфатот на Белчишкото Блато, близу селото Белчишта, ќе се реализира теренска акција за садење нативни дрвенести садници, како практична мерка за превенција од пожари и заштита на чувствителни природни подрачја.Во активноста ќе учествуваат ученици од ООУ „ДЕБРЦА“ – с. Белчишта, Општина Дебрца, како и ученици од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид, заедно со претставници на локалната самоуправа, противпожарните служби и граѓански организации.-Акцијата има за цел младите директно да се вклучат во грижа за природата преку практична...

Продолжи со читање

СВР Охрид: Пуштена во редовен сообраќај клучката на автопатската делница Охрид-Кичево кај Подмоље

Post Views: 169 СВР Охрид известува дека во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак-клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмоље.Со тоа, велат, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга, Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања.-Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, при користење на овој сообраќаен крак како и на целата автопатска траса, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи како и и другата поставена...

Продолжи со читање

Во Охрид променливо облачно со дожд, на планините снежна покривка

Post Views: 134 Променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека под влијание на влажни воздушни бранови од денес и во следните два дена (24.12 и 25.12.) ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег при што ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 cm. Поради спуштање на...

Продолжи со читање

СВР Охрид со засилени превентивни активности и контроли против нелегалната употреба на пиротехника пред празниците

Post Views: 110 СВР Охрид, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, ги интензивира превентивните активности насочени пред се кон младата полулација, со цел, укажување на штетноста од нелегалната употреба на пиротехника и на можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства. Превентивните кампањи се реализираат со учениците од основните и средните училишта низ градот и приградските населби, низ интерактивна комуникација со учениците и со типизирани наменски предавања и видео презентации. Полициските службеници од отсекот за...

Продолжи со читање

Почина британскиот музичар Крис Рeа

Post Views: 210 На 74-годишна возраст почина славниот британски пејач и кантавтор Крис Рeа.Реа се прослави со автентична мешавина на блуз, поп, соул и софт-рок, која му донесе светска слава низ 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Тој беше исклучително продуктивен и во кариерата сними 25 студиски албуми, на кои се најдоа мегахитовите „The Road to Hell“, од неговиот истоимен деби-албум; „Driving Home for Christmas“, „On the Beach“ и „Josephine“, меѓу другите.Роден е во 1951 година во Мидлсбро од татко Италијанец и мајка Ирка, и имаше шест браќа и сестри. Песната од...

Продолжи со читање

Градоначалникот Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион

Post Views: 159 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на конститутивната седница на советот која се одржа денеска во Охрид.Одлуката за избор беше донесена едногласно од сите присутни градоначалници, а согласно Законот за рамномерен регионален развој, градоначалникот Пецаков ќе биде на оваа функција со мандат од една година.Во рамки на конститутивната седница беше извршена верификацијата на мандатите на градоначалниците од регионот, беше усвоен Финансискиот план на Центарот за развој на...

Продолжи со читање